Фудбалот го доживеа својот врв таму крајот на 90тите и почетокот на 00тите, траеше некаде до 2010, после 10тина години живееше на стара слава, а последниве години и официјално умре. Кој кур да го гледам овој циркус бе, 21м за овој анонимус што во кариера има дадено 2 гола? Сите играат исто и досадно, пимплање до бескрај, и ќе чекам сеа јас статистичка грешка на некој играч за да видам гол? Нека фала не треба. Земале ми изнакупиле милион играчи за после да ги продаваат и да балансираат сметководствени книги, оној кловнот Антони да ми вреди 100м во денешницава, што не може ни копачките да им ги чисти на играчите што сме ги гледале во минатото, а не пак да се нарече фудбалер. Кажете што сакате и можда постов звучи како некој дедо да го пишувал, ама според мене јас го гледав врвот на фудбалот, а тоа е Премиер лига на А1 телевизија, ги гледав Непобедливите на Арсенал, го гледав Мурињо во Челзи како освојува 2 пати по ред, за после тоа да го гледам Фергусон како освојува три пати по ред и доста ми е. Оставам на помладите да се палат на денешниве кловнови.