Покачување пензии, пензиски фонд итн

Член од
30 декември 2007
Мислења
793
Поени од реакции
328
Dobro be se citas so pisis? Aj da gi ostajme da umrat, da ne ti skrati nekoj od penzijata na 80 godini oti nema da mozis da si kupis od skapite peleni za vozrasni tuku od obicnite :facepalm:

Ај ако не да им ги земиме парите на тие што имаат заштедено и да им ги дадеме на тие што ништо не заштедиле оти ги трошеле на коцка, пејачки итн.

Не лупај глупости, кој колку дал толку треба да си земи. Реформата требаше да се проширува и сега да плаќаме две третини во приватноот фонд.

А и кај здравствениот фонд треба нешто да се направи, бидејки некој плаќа 2000 денари а друг 15000 денари месецот а иста услуга добиваат. Па и тој што плаќа минимално ако има пријател ќе си заврши побрзо од другиот што плаќа колку во Америка што кошта добро здравстевно
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.278
Поени од реакции
5.532
Треба да си се направи опционално, дел од данок што се плаќа нека иде за социјално ранливи категории ама придонеси за секој што плаќа нека се иземат и секој еден ќе си бира од понуда на пазар за здравствено, државата нека си контролира со нивни инструменти максимални цени за да не дојде до појава на картел.

Вака моментално е чиста кражба, ем плаќаш ем пак идеш во Систина и слични што значи дека плаќаш дупла услуга, а државата фала Богу па не ни реновира/инвестира во државното барем да кажеш не ми е криво кај идат парите.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.210
Поени од реакции
1.252
А и кај здравствениот фонд треба нешто да се направи, бидејки некој плаќа 2000 денари а друг 15000 денари месецот а иста услуга добиваат. Па и тој што плаќа минимално ако има пријател ќе си заврши побрзо од другиот што плаќа колку во Америка што кошта добро здравстевно
Од овие причини луѓето се повеќе избегнуваат да бидат пријавени на големи плати. 7.5% од бруто платата да ти одат за здравствено е чиста кражба.
 
Член од
9 декември 2012
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.100
Од овие причини луѓето се повеќе избегнуваат да бидат пријавени на големи плати. 7.5% од бруто платата да ти одат за здравствено е чиста кражба.
Која кражба, нека одат сите во Систина, ќе видиш колапс на здравствениот систем во Систина.
Автоматски споено мислење:

Пензијата и пензискиот систем е понзи шема и треба да се укине. Секој поединец треба сам да си штеди/уплаќа за старост.

Колку што си внесол толку и ќе користиш. Може некој мал процент да наплаќа како данок за солидарност ама ова би било само за луѓе што навистина се унакажани од природата т.е луѓе со физички и ментални болести.

П.С Не сум против тоа државата да стои како ентитет кој гарантира исплата на пензии и за тоа да наплаќа одреден процент ама ова реално би било изводливо и од приватниот сектор каде банките би имале два ентитети т.е банка за штедење со ниско ризични инвестиции и банка за инвестирање каде би имало поголем ризик.

П.С2 Ми се чини во Шведска уште во 90-тите го сменија моделот на пензија кој се базира на контрибуција т.е колку внесуваш толку земаш, а освен ова исплатата е врзана со формула во самиот устав каде ако економијата расте пензиите растат, а во спротивно не.

Ова е со цел да се спречи купување гласови со ветувања за поголеми пензии кои се најчесто финансиски неоправдани.
Само ти се чини за во Шведска. И таму е колапс.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.210
Поени од реакции
1.252
Која кражба, нека одат сите во Систина, ќе видиш колапс на здравствениот систем во Систина.
Види, ако во МК земаш бруто плата од 60 000, ги имаш следниве трошкови

1724145133932.png

Да ги игнорираме трошоците за "Придонес за осигурување во случај на невработеност" и "Дополнителен придонес за задолжително осигурување во случај повреда или професионално заболување".
Значи на речиси 40 000 нето плата, ти плаќаш 4500 денари за здравствено месечно. Оваа сума е поголема од 90% од пакетите за приватно здравствено осигурување. Ако на овие што нудат приватно здравствено им се исплати за помалце од таа сума да нудат поскапи услуги (знаеме колку се поскапи услугите во приватното здравство) тогаш како нашево државно здравство е цело време во минус? Да не збориме за луѓето што земаат поголеми плати. Некој со 2к евра нето плата плаќа 14 000 за здравство месечно. Па со тие пари може да плати приватно за цело семејство.
Мислам, нема логика. Како се зголемува бројот на луѓе што плаќаат здравствено, цената треба да се намалува.
А што е најтрагично, не добиваш ништо за тие пари. Ако ти теба нешто поголемо (замисли да треба магнет да правиш) пак треба да фаќаш врски, да потплаќаш итн. Иако не сме подобри и за малите работи. На другар му се случи да го касне пчела, отиде на ургентен (во еден од помалите градови во МК) каде што му кажаа дека немаат со што да го боцкаат. Па морал сам да оди до аптека да купи и да се врати за да го боцнат. Вреди ли за тоа да плаќаш толку пари?
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.110
Поени од реакции
1.250
@Amaterasu кваката со приватното здравствено осигурување е во тоа што мора да имаш задолжително државно здравствено осигурување па да можеш да склучиш договор со приватно друштво, ако го немаш она никаквоно ништо од бизнисот :(
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.496

За ова не сум знаел. Што реално е доста битен факт. Е сега еве да речеме во државно да си пријавен на минималец пак е далеку подобро да се осигураш приватно со оглед на тоа што се нуди приватното за тие пари.

Инаку интересен муабет, здравствениот систем во Сингапур што се смета за еден од ако не и најдобриот здравствен систем во светот се базира на комбинација од приватно и здраствено каде за поситните работи плаќаш од џеб, а за сите поголеми добиваш врвна услуга.
 
Screenshot_20240820_181443_Microsoft 365 (Office).jpg
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.496
Реално државата во ваков систем нема да остави простор за конкуренција инаку далеку повеќе луѓе би избрале приватно осигурување.

Од друга страна математиката сега е поинаква т.е прашање е која е реалната цена ако да речеме од приватни установи те пратат на државно за икс проблем.

Како и да е факт е дека државното здраство е во катастрофална состојба.

За мене сингапурскиот систем е доста логичен т.е капитализам за ситни услуги, а социјализам за крупни проблеми.

На овој начин имаш зголемена ефикасност(што е проблем на социјализмот) меѓутоа се избегнува и другата крајност каде приватните компании не би осигурувале луѓе со многу скапи/неизлечливи болести па тука го имаш бенефитот на солидарност за луѓе што можеби од само раѓање се со дефекти или им треба доживотен третман.
Автоматски споено мислење:

Дали случајно си запознаен која е причината за ваков член?

Компаниите се приморани од државата поради државниот монопол или пак они имаат личен бенефит па затоа го бараат ова?
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.444
Поени од реакции
11.365
Лежете си на тоа уво дека ако имате приватно здравствено за се ке ви рефундираат пари ако отидете на приватно
За обичен преглед па теорија нема
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.210
Поени од реакции
1.252
@Amaterasu кваката со приватното здравствено осигурување е во тоа што мора да имаш задолжително државно здравствено осигурување па да можеш да склучиш договор со приватно друштво, ако го немаш она никаквоно ништо од бизнисот :(
Точно, ама како што кажа @smihajlo , ќе се осигураш на минималец
Исто има опција да плаќаш паушално за државно здравство, мислам дека е 2000 и нешто денари месечно
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.496
Лежете си на тоа уво дека ако имате приватно здравствено за се ке ви рефундираат пари ако отидете на приватно
За обичен преглед па теорија нема
Јас лично имав многу добро искуство. Без А, Б се ми рефундираа, беше поголема сум. Нема да спомнам име да не испадне ги рекламирам.

П.С Услугата зависи и од големината на фирмата. На пример ако Х фирма има 100, 500 или 1000 вработени се рефундираат и работи што не треба да се рефундираат.

Ако си поединец тогаш можно е да има заебанции.
 
Член од
15 јуни 2014
Мислења
314
Поени од реакции
299
Лежете си на тоа уво дека ако имате приватно здравствено за се ке ви рефундираат пари ако отидете на приватно
За обичен преглед па теорија нема
Јас како поединец, 100 пати до сега ми рефундираат од Триглав, без проблем. Од прегледи од 2000-3000 денари (обични, но мора да има зошто, не може превентивно да одиш да провериш бели дробови пример), до операција од 185к. Уствари за операцијата беше со гаранција, и тие си плаќаат на болница, а прегледите се со рефундација.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.278
Поени од реакции
5.532
@Amaterasu кваката со приватното здравствено осигурување е во тоа што мора да имаш задолжително државно здравствено осигурување па да можеш да склучиш договор со приватно друштво, ако го немаш она никаквоно ништо од бизнисот :(
Затоа и сите оние кои работат фриленс или од дома за странски фирми, никој нити се пријавува нити плаќа придонеси. Поснаодливите немаат ни сметки во Македонија па ни персоналец не плаќаат
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.444
Поени од реакции
11.365
Јас како поединец, 100 пати до сега ми рефундираат од Триглав, без проблем. Од прегледи од 2000-3000 денари (обични, но мора да има зошто, не може превентивно да одиш да провериш бели дробови пример), до операција од 185к. Уствари за операцијата беше со гаранција, и тие си плаќаат на болница, а прегледите се со рефундација.
Тоа ми беше муабетот за обични прегледи дека ако е само така ради превенција не рефундираат
 
Kajgana Shop

На врв Bottom