Пошто сите зборат за цените у Охрид, у ресторани и кафани, ќе се уфрлам и јас. Прашав еден охриѓанец пријател, кај да се јаде у Охрид добро. Не ме интересира за цена. Ми посочи едно место кај што околу 70-80 посто од менито им е нивно производство во еколошка средина. Идам таму, само странци гости. Нарачавме следно:
- кобасица порција (беше една кобасица али огромна)
- порција мавровска пастрмка
- салата која доаѓа со одвоено сирење на скара (пошто постам, на страна ми го ставија)
- пола литро вино, наливно
- порција свинско ребро
води - кисела и обична по литар
- сок
- лута пиперка
и можда уште нешто ситно, али не ми текнува
Све беше феноменално, добра препорака.
Пред да видите у споилер, покушајте да погодите колку плативме за сето тоа.