Premier League - 2024/25

Шампион?

  • Манчестер Сити

  • Арсенал

  • Ливерпул

  • Челзи

  • Манчестер Јунајтед

  • Тотенхем

  • битно е да се учествува


Резултатите може да се погледнат само после гласање.

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.720
Поени од реакции
43.768
1718703852101.png

PREMIER LEAGUE 2024/25
Сезоната 2024/25 од Премиер Лигата започнува за нецели два дена и време е, традиционално, да се префрлиме во нова тема. За жал нашите пријатели од Серија А оваа година не беа расположени да го склопат воведот, Џонтра и Стекот исто така не се нафатија, па ете јас, како во старите добри времиња, ќе ја превземам одговорноста да ја завршам оваа битна работа.

Ќе почнеме со шампионите - Манчестер Сити. Гвардиола откако ја "сврте играта" и стана првиот менаџер што ја освоил ПЛ четири пати по ред, својот поход кон петтата последователна титула го започнува со скоро истиот состав. Единствено позвучно име кое замина (барем досега) е напаѓачот Хулијан Алварез, кој сепак беше продаден за клубски рекордна трансфер сума. Од друга страна се засилија само со Сави(њ)о, па мислам дека можеме да очекуваме да ги реинвестираат парите од Алварез, бидејќи имаат неколку ветерани во тимот на кои треба да им се бара замена.

Главен ривал на Сити од претходните две сезони беше Арсенал. Топџиите исто така потпишаа само едно засилување до овој момент, што искрено малку ме изненадува. Мислев дека ќе стегнат една трансфер бомба, како еден вид на завршен чекор, што им фали веќе 20+ години во обидот да ја освојат Премиер Лигата. Сепак, Микел Артета пред некоја недела ангажирал професионални "џебџии" на некоја тимска вечера, кои неприметно им краделе телефони, клучеви и новчаници на фудбалерите. Лекцијата била дека треба да се свесни што се случува околу нив во секој момент, па после овој маестрален потег на тренерот на Арсенал, се очекува неговите играчи без никаков проблем да измаршираат до титулата.

Ливерпул влегува во сезона без Јирген Клоп за прв пат после 7-8 години, па самото тоа носи многу прашалници околу нивниот евентуален пласман 9 месеци од сега. Неговиот заменик Арне Слот наследува состав на кој дефинитивно му треба засилувања, но по малку загрижувачки за фановите, нивниот клуб не успеа да реализира ниту еден трансфер пред стартот на сезоната. Мохамед Салах се врати од летниот одмор со нова фризура, што најверојанто е и најголемата промена на Енфлид во овие 2-3 месеци.

Челзи ја заврши претходната сезона во одлична форма, но раководството одлучи да го замени Покетино со Енцо Мареска и на некој начин пак да почне од нула оваа сезона. Дали одлуката им беше паметна ќе видиме во преиодот што следува, меѓутоа Тод Боели и компанија и ова лето продолжуваат во нивен стил, па повторно сме сведоци на еден куп трансфери на и надвор од Стемфорд Бриџ. Боели во неговиот квест да го освои Суепер Боулот на Англија веќе има потрошено над 1.3 милјарди евра, а човекот бил толку импресиониран од фактот дека во сокерот има голман, што во составот на Челзи моментално се наоѓаат дури шест чувари на мрежата. Дали знае дека само еден може да биде на терен, сеуште не сме сигурни.

Манчестер Јунајтед вчера ги комплетираше трансферите на Де Лихт и Мазрауи од Баерн Минхен, а со ова Ерик тен Хаг јасно покажува кои му се намерите за периодот што следува. Холандскиот стратег е решен да го претвори Јунајтед во ФК Ајакс, па така дуото од Баерн се надоврзува на Онана, Ентони, Лисандро Мартинез и Ериксен како екс играчи на Ајакс во неговиот моментален тим. Следен на листата е Френки де Јонг, а веќе се шпекулира дека Тен Хаг преговара со новото раководство на Јунајтед да се намести статуа на Јохан Кројф пред Олд Трафорд, додека стадионот кој што е планиран да се изгради во наредните 5-6 години да го носи името Амстердам Арена.

Тотенхем е Тотенхем, нема многу што да се каже околу нив. Единствена дилема е дали Енџ Постекоглу ќе остане доследен на својот фудбал, па "што биде нека биде" или кокошките ќе се обидат бар да фатат место во ЛШ за наредната сезона.

Вреди да се споменат и Астон Вила и Њукасл. Вила, предводена од шпанскиот шмекер Унаи Емери, ќе настапи и во Лигата на Шампионите, за прв пат после сезоната 1982/83, кога биле бранители на титулата. Не очекувам многу од нив сепак, со оглед на тоа што ќе имаат повеќе утакмици годинава, а секако немаат доволно голем ростер за две тешки натпреварувања. Слични на нив лани беа Њукасл, кои после одличната 2022/23 и пласманот во ЛШ, имаа проблем да одржат чекор со подобрите екипи, па на крај едвај завршија на седмата позиција. Њукасл сепак сеуште е без некое значајно засилување, а Еди Хауи се споменува како еден од главните кандидати за нов слектор на репрезентацијата на Англија, па ова остава прашалници околу очекувата од нив за претстојната сезона.

Повратници во Премиер Лигата се Лестер Сити, Ипсвич Таун и Саутемптон, а тим на кој треба да се обрне внимание е Вест Хем. Чеканите го заменија Дејвид Мојс со Жулијан Лопетеги и потпишаа над 10 играчи, со што значително се засилија во пресрет на стартот на сезоната.
 
Последно уредено:

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.363
Поени од реакции
9.556
И запамтете секој бантер е добредојден, само да не го сваќате лично. Како одредени црепови на форумот. :)
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.383
Поени од реакции
1.698
Редно време е Арсенал да освои трофеј. Карабо купот ќе го земат за озбилно сезонава.

1.Сити
2.Арсенал
3.Ливерпул.



18. Гејчестер Говнајтед.


Кој би завршиле у топ 4/6 тешко е да се прогнозира ама би ги ставил Њукасл таму, не играат Европа и цел фокус ќе им биде ПЛ. Вила мислам ќе имаат тешка сезона на два фронта ќе играат. Опстанокот веќе 2 сезони не е интересен, едино Лестер ако остане. Сотон и Ипсвич се без шанси.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.363
Поени од реакции
9.556
Редно време е Арсенал да освои трофеј. Карабо купот ќе го земат за озбилно сезонава.

1.Сити
2.Арсенал
3.Ливерпул.



18. Гејчестер Говнајтед.


Кој би завршиле у топ 4/6 тешко е да се прогнозира ама би ги ставил Њукасл таму, не играат Европа и цел фокус ќе им биде ПЛ. Вила мислам ќе имаат тешка сезона на два фронта ќе играат. Опстанокот веќе 2 сезони не е интересен, едино Лестер ако остане. Сотон и Ипсвич се без шанси.
Модрите од Лондон 20ти.:kezec:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.401
Поени од реакции
113.935
+1 кој не го прочита воведот и лупна рандом реакција, у мојов случај хаха. Честито пласман надвор од топ 4 за Јунајтед уште една сезона во низа, за останатото мање више се знаат работите. Форца Интер!
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.720
Поени од реакции
43.768
+1 кој не го прочита воведот и лупна рандом реакција, у мојов случај хаха. Честито пласман надвор од топ 4 за Јунајтед уште една сезона во низа, за останатото мање више се знаат работите. Форца Интер!
Штета, бидејќи те има во воведот:

 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.327
Поени од реакции
5.364
Ми се допаѓа оптимизмот во фан клуб Јунајтед со купувањето на Де Лихт и Мазрауи. Радости, планови, како Мазрауи бил одличен тандем со Антони па како Тен Хаг ќе му ја вратил старата форма на Де Лихт.
Уште замена за стаклениот Шо да најдат и ќе почнеле со походот.
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.045
Поени од реакции
1.564
Ми се допаѓа оптимизмот во фан клуб Јунајтед со купувањето на Де Лихт и Мазрауи. Радости, планови, како Мазрауи бил одличен тандем со Антони па како Тен Хаг ќе му ја вратил старата форма на Де Лихт.
Уште замена за стаклениот Шо да најдат и ќе почнеле со походот.
Bukvalno nikoj ne zbori kako Maz bi bil tandem so Antony posto pred vtoriov ima edno 2-3ca sto bi igrale. Plus i maz i dalot mozat levo da igraat taka da ke istrpime i bez Shaw. Sekoj actual fan znae deka top 4 ni e target sezonava ama nema veze teraj :D
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.327
Поени од реакции
5.364
Bukvalno nikoj ne zbori kako Maz bi bil tandem so Antony posto pred vtoriov ima edno 2-3ca sto bi igrale. Plus i maz i dalot mozat levo da igraat taka da ke istrpime i bez Shaw. Sekoj actual fan znae deka top 4 ni e target sezonava ama nema veze teraj :D
Само последните две страни ги отворив, ме интересираше мислење за трансферите. Пред тоа што ли сте пишувале.

Задоволен од трансферов на Де Лихт и Мазрауи. Искрено никад не сум помислил дека Де Лихт ќе биде играч на Јунајтед некад ама еве бидна. Сакав да го купат уште во 2019 кога играше за Ајакс ама за жал нашиов драг клуб беше бајги неамбициозен тогаш.

Мислам дека ќе се покажат добро и двајцата. Едно нешо шо многу ми се свиѓа кај Де Лихт е шо ептен добро се истакнува ко лидер, а такви лидери му фалат многу на тимов. Тоа шо петицијана на навивачине на Баерн собра над 500.000 гласови со која ја молат управата да не го продадат кажува колку добар играч е. Човеков титули освојуваше со некои од најголемите клубови во Европа додека нашиве си играа курот со тимови ко Вотфорд и Барнли. Каде каде напредок од дрвана шо ги имаме во Мегваер и Линделоф.

Настрана негативноста со повредите, ако биде ок со ппивредите и ако го донесат Угарте и Тони на позајмица ние серионо можеме да атакуваме на прво место оваа сезона,тимот значително се појача.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.363
Поени од реакции
9.556
Ми се допаѓа оптимизмот во фан клуб Јунајтед со купувањето на Де Лихт и Мазрауи. Радости, планови, како Мазрауи бил одличен тандем со Антони па како Тен Хаг ќе му ја вратил старата форма на Де Лихт.
Уште замена за стаклениот Шо да најдат и ќе почнеле со походот.
Од каде оваа тресење глупости?
Прочитате 1 мислење и одма мрсите муда за цел фан клуб.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom