Порака од Нигерија

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
Незнам дали се сеќавате пред неколку години што го кажуваа по телевизии еден овчар од Прилеп од Мариовските села, што наседнал на таа финта.

Му пишал на фејсбук некој од афричките земји да уплати 5.000 евра за да (не)успее милионската трансакција...

И типов 100 и кусур овци ги продал за испод цена (5.000 евра, ама сто и кусур овци чинат некаде 9.000 - 9.500 евра.

Ги продал сите овци и одма на африканецот му уплатил 5.000 евра на сметка...

Се сетил после што е работата, ама веќе касно било...

Доколку знаете дека некој наш наседнал на таа финта пишете! Незнам дали во нашава земја некои други да наседнале на таа финта...
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
Грујо е крив. Он го направи тоа компјутер за секој сељак.
Абе ко ќе видиш компјутерот и интернетот колку што имаат позитивни страни толку имаат и негативни...

Порано на времето секаде во светот до пред едно 30-50 години (добро немало секаде компјутери, мобилни и интернет), ама вакви слични работи некој да ти направи финансиска малверзација/превара да те закрпи со пари или да се обидува да те закрпи тоа било ептен реткост...

Хипотетичка ситуација: Денес и интернет и компјутери и мобилни да немаме пак некој на некого ќе зафркни со такви превари. Ете такви се направија денешниве (де)генерации...
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.744
Поени од реакции
7.259
Мислам дека баеги наседнале, ама им е срам да кажат.
Знам еден случај, исто нигериска измама, пред 20-тина години, требаа да дадат пари за хемикалија која ги чисти парите од некаква боја. Дури имаа средба во Шпанија, каде им се демонстрираше дејството. Се уверија и, си платија...
Исто, има доста измами преку сајтот mobile.de. Се нуди автомобил по многу поволна цена, треба да си глуп да не го купиш, ама , бидејќи сопственикот е на пат, бара да му се уплати капар преку Western Union, за да ја резервира колата. Многу овде наседнаа на тоа
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.263
Поени од реакции
84.361
Грујо е крив. Он го направи тоа компјутер за секој сељак.
Кога почнаа тука тие ствари, со нигеријски принцови, он глумеше боксер по претстави.
(сум го гледал, у Универзална на Буре Барут)
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
Мислам дека баеги наседнале, ама им е срам да кажат.
Знам еден случај, исто нигериска измама, пред 20-тина години, требаа да дадат пари за хемикалија која ги чисти парите од некаква боја. Дури имаа средба во Шпанија, каде им се демонстрираше дејството. Се уверија и, си платија...
Исто, има доста измами преку сајтот mobile.de. Се нуди автомобил по многу поволна цена, треба да си глуп да не го купиш, ама , бидејќи сопственикот е на пат, бара да му се уплати капар преку Western Union, за да ја резервира колата. Многу овде наседнаа на тоа
E добро за такви измами во Германија, ништо не се превзема со потерница за тие луѓе? Таму тоа не се рачуна за кривично дело?
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.744
Поени од реакции
7.259
Не. Парите се префрлаа преку Western Union и измамените не можеа да добијат информација кој ги подигнал. Еве слично:
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
Не. Парите се префрлаа преку Western Union и измамените не можеа да добијат информација кој ги подигнал. Еве слично:
Како не може да се добие информација кој ги подигнал парите? Ами ко ќе уплаќаш сума на трансакциона на некого треба и името и презимето да го кажеш...

Па и да не кажеш име и презиме по трансакционата сметка не може ли да се открие на кого си ги префрлил парите?
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.744
Поени од реакции
7.259
Како не може да се добие информација кој ги подигнал парите? Ами ко ќе уплаќаш сума на трансакциона на некого треба и името и презимето да го кажеш...

Па и да не кажеш име и презиме по трансакционата сметка не може ли да се открие на кого си ги префрлил парите?
Заптија, сакаш верувај, сакаш не. Ова се случувало, не знам за сега. Прогуглај, ќе најдеш повеќе.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
Заптија, сакаш верувај, сакаш не. Ова се случувало, не знам за сега. Прогуглај, ќе најдеш повеќе.
Е кога ќе видиш секој човек Германија ја рачуна за земја што се си функционира и со строги закони, ама не била баш таква Германија како ние што ја мислиме... Значи и таа била земја на правење превари...
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.744
Поени од реакции
7.259
Е кога ќе видиш секој човек Германија ја рачуна за земја што се си функционира и со строги закони, ама не била баш таква Германија како ние што ја мислиме... Значи и таа била земја на правење превари...
Не беше Германија. Измамникот во преписките кажува дека е на пат, во Англија, а автомобилот му е во Германија. Бара во Англија да му се пратат парите за капар, а остатокот, кога ќе се видат, во Германија. Тогаш (не знам како е сега), кога праќаш пари некому преку Western Union, добиваш код. Тој код треба да го знае тој што ги подига парите и, тоа беше доволно, не му се бара лична карта. Во преписките, за да биде поубедливо, "учествуваше" и mobile.de, со некоја слична адреса (мислам дека тоа се нарекуваше Phishing), демек, потврдува дека сѐ е во ред
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Тогаш (не знам како е сега), кога праќаш пари некому преку Western Union, добиваш код. Тој код треба да го знае тој што ги подига парите и, тоа беше доволно, не му се бара лична карта.
Исто е уште, и преку MoneyGram е така. Код и град каде да бидат исплатени :)
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
Денеска ваква порака ми стигна од Истанбул:

Ти пишувам со преведувач на јазици. Сум бил во потрага по некој со ова презиме Стојковски. па кога го видов твојот профил на Фејсбук решив да те додадам и да ти ја напишам оваа порака за да видам како најдобро можеме да си помогнеме. Јас сум г-ѓа Фусун Тумсаваш, службеник во банка овде во Истанбул Турција со ISBANKASI. Верувам дека е Божја желба сега да налетам на тебе. Имам важна деловна дискусија која сакам да ја споделам со тебе која верувам дека ќе те интересира бидејќи е во врска со твоето презиме/државјанство и одиш да имаат корист од тоа. Еден покоен г-дин Адријан Стојковски, државјанин на вашата земја, кој беше во бизнис со злато овде во Истанбул, имаше фиксен депозит во мојата банка во 2007 година за 108 календарски месеци, во вредност од 9.500.000,00 УСД (девет милиони и петстотини илјади американски долари). датумот за овој депозит беше последните четири години. За жал, Адријан Стојковски беше меѓу загинатите во пандемијата на 24 март Ковид19 2020 година во провинцијата Анкара во Турција. Раководството на мојата банка допрва треба да знае за неговата смрт, знаев за ова бидејќи бев негов службеник за сметка. При отворањето на сметката не спомна ниту еден близок/наследник, а не беше оженет и не беше пронајден роднина. Минатата недела, раководството на мојата банка имаше состанок за вежба за проверка на банката за да се забележат неактивни и напуштени депозитни сметки. Знам дека ова ќе се случи и затоа барав начин да се справам со ситуацијата бидејќи ако мојот директор на банката ја открие неговата смрт, банката ќе ги пренасочи средствата за нивните главни директори да ги споделат. Затоа не сакам да се случи такво. Затоа кога ги видов твоите детали, се израдував. Сега барам ваша соработка за да ве претставам како Следен роднина/Наследник на сметката бидејќи имате исто презиме и иста националност како него и моето седиште на банката ќе ви ја објави сметката преку моја помош. Не постои ризик; трансакцијата ќе биде извршена според легитимен аранжман што ќе ве заштити од какво било прекршување на законот. Подобро е да ги бараме парите отколку да им дозволиме на директорите на банките да ги пренасочат и споделат меѓу себе. Јас не сум алчен човек, затоа предлагам да ги поделиме средствата, 50/50% за тебе и мене соодветно. Дозволете ми да го знам вашиот ум за ова и ве молам третирајте ги овие информации доверливи. Ќе ви дадам повеќе детали откако ќе го добијам вашиот итен одговор преку мојата лична адреса за е-пошта подолу. Со почит Фусун Тумсаваш...
 
Член од
21 јуни 2021
Мислења
1.404
Поени од реакции
3.842
Едниот ист текст го вртат кај ќе стигнат
Истите глупости секогаш, имате исто презиме, иста националност, не сум алчен ама 50-50 да делиме.

Или Илуминати кога ми пишаа од 6 различни профили пидружини се, те плаќаме јако.

Сега немам социјални мрежи па нема вакви срања.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom