Дали се рачуна како пораз?Испод три гола во мрежата на залижаниот ќе се рачуна како пораз
Дали се рачуна како пораз?Испод три гола во мрежата на залижаниот ќе се рачуна како пораз
Мене оваа верзија ми е подобра. Посебно обрати внимание на првите 30 секунди.Добра ноќ
Неш јебат.Утре навивачите на Милан и Атлетико ја чекаат одлуката на Мората, со таа разлика што само ти и јас сакаме да дојде/остане во клубовите за кои навиваме.
Точно, може имале и појаки состави, и точно дека овој стигна два пати до финале и еднаш до полуфинале, што резултатски гледано и не е толку лошо, али ај, имале појаки репрезентации што не направиле резултат, ама тие често исаѓаа од глупи судски одлуки, пенали или не знам што, 1998 со Аргентина со 10 играчи изиграа машки и извадија 2:2, и тоа не кратко време туку цело второ полувреме плус продожение и изгубија на пенали, тогаш јавноста ги сметаше за победници. Овој идиотов цело време игра пичкарски а на клупа има уште еден тим што секој може секого да замени.Модерно е сега да се хејта Саутгејт, ама ајде до некаде и оправдано, затоа што мора некој да понесе одговорност кога си се нафатил да водиш репрезентација со такви високи очекувања, иако се работи за држава која нема освоено ништо од 66та наваму.
Реално, не играат нешто посебно убав фудбал англичаните, напротив мизерија, на моменти прав очобол. На сила стигнаа до финалето, на крај и не беа толку далеку, барам резултатски.
Има нешто што ги кочи англичаните, реално имале и многу појаки состави на времето (генерација од пред 20ина години)
Саутгејт може да се пофали дека со него биле најблиску, полуфинале СП 2018 (тогаш се распаднаа на крајот, Хрватска им направи пресврт во полуфинале а после изгубија англичаните и од Белгија за 3то место) како и две едно по друго финалиња на европско.
Кога тогаш ќе освојат трофеј и после веројатно ќе им тргне, ќе се ослободат од притисокот и лошата енергија, нешто како Аргентинците после таа Копа Америка 2021ва против Бразил.
И јас не го разбирам револтот со ова "It's coming home", па тоа повеќе хумор од нивна страна него продавање ароганција.Англија сама на себе си е најголем противник. Иако со играта што ја прикажаа и финалето за нив е голем успех. Е сега имаат еден куп играчи, солидни играчи, ама па Саутгејт не знае како да ги постави. Се надевам ќе го сменат и ќе стават некој лудак на клупа како Клоп или Биелса. Им треба таков за да играат убав фудбал. Англија според мене играше најубаво на Европско пред 20 години и тогаш требаа да освојат, ама им се случи Зидан во рок од 3 минути и плус Португалија на пенали. Затоа оние одоздола освоија тогаш.
Шпанија заслужи да освои со тоа што го изигра на цело ЕП, а денес само го потврди тоа (пошо пола Англичани беа изгубени на терен. Стоунс изгледаше ко да паметот му е на друго место ). Не го сфаќам хејтот према Англија и нивната песна "It's coming home". И други држави, па и Македонија си имаат свои навивачки песни, па никому ништо. А за арогантност, па нема поарогантни од Шпанците во тимските спортови (колку и да се јаки таму).