UEFA Euro 2024 (Европско Првенство)

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување

Кој?

  • Вкупно гласачи
    112
  • Гласањето е завршено на .
 
Ја видов оваа вест и на друго место, мислам станува збор за лоша интерпретација на медиумите.

Факт е дека со преостанати 3 меча до крај на првенство, нема потреба да останат повеќе од 7-8 судии, а земајќи предвид дека Англија е во полуфинале, нема логика да има двајца англиски судии во игра.

Споредено меѓу Тејлор и Оливер, овој првиот судеше полошо и тој треба да замине. Тоа никако не мора да значи дека е заради раката на Шпанија, туку тоа што Тејлор го водеше лошо речиси цел меч, даде 16 картони, а на Крос му опрости 2 жолти во први 10 минути + чист фаул на раб на шеснаесетникот.

Ако не оди во финале Англија, има некоја мала шанса Оливер да суди, ама сепак 85% шанси давам на Орсато.

Марчињак заради грешката на Реал-Баерн не ми се верува да добие финале.
 
Моја прогноза за 1/2

Шпанија - Франција , до сега Шпанците покажа највеќе но за утре може да биде клучно што ке им фалат 3 играчи од првиот тим Карвахал , Педри и стоперот Ле Норманд..

Начо сигурно ке игра стопер а Навас десен бек , не верувам Навас дека со 38 години ке успее да го чува Мбапе .

Место Педри прва постава дилемата е дали ке игра Олмо или Мерино , ако игра Олмо тоа ке биде голем ризик бидејки ке остави доста простор за контра напади на Франција , додека Мерино е подефанзивен па ке видиме што ке одлучи селекторот ..

Во секој случај Шпанија сигурно е дека пак ке го има повеќе поседот , додека Франција ке го игра тоа што го играше до сега со подефанзивна средина ...

Дали по 90 мин или по продолженија моја прогноза е дека сепак Франција ке оди во финале , имаат релативно искусен тим и играат одлична одбрана позади .

Значи отсуството на 3 играчи на Шпанија и добрата одбрана на Франција по мене ке ги однесе во финале ...
 
Марчињак заради грешката на Реал-Баерн не ми се верува да добие финале.
А и судеше финале на СП овој така да тешко и на ЕП да биде.

Него, кажаа официјално дека Фулкруг бил во офсајд па затоа не е свирен пенал? Зашо ако не бил во офсајд Тејлор и сите што беа судии на тој меч треба да бидат тужени.
 
Не сум сигурен што се случува со фудбалов. Ајде што сите играат млитаво, очобол утакмици во кои ја подаваат топката од лева до десна страна и назад, па или некој ќе нафрли неупотреблива топка или ќе ја рогнат во облаци или ќе ја изгубат... никаква креативност, нема дриблинзи, нема потези за паметење... се тоа океј, можеби е и друга тема за муабет, туку поентата ми е: а бе за онаков несвирнат пенал во круцијален момент порано имаше да го опколат судијата, некој ќе се жртвуваше ќе му се внесеше во фаца ќе изедеше црвен, ќе го бркаа и ќе го ставеа под притисок да свирне пенал. Свирнал не свирнал, ќе имаше пиздарии.

Сега се како припитомени кученца фудбалериве, да видиме ВАР што ќе каже, аха добро, не било пенал, одиме понатаму, да испаднеме... никаква жар, никој не се саможртвува, нема лидери да препознаат вакви моменти и да се борат. Се се сведува на неколку центаршутеви па кому иде...

Многу разочаран од првенствово.
 
Не смеат по нови правила секој што не е капитен жут јаде ако се расправа со судија.

Помина времето на Барселона кај што и голманот трчаше да се кара.

А за пеналот ја и не го кривам судијата до крај, може не видел убаво ама од вар собата што не го викнаа?

Тие се за отстрел.
 
Орсато ќе биде, за пензија на крај ќе му дадат настан.
Според мене Турпан е најдобриот судија моментално, не памтам на негови утакмици драми.
 
Не смеат по нови правила секој што не е капитен жут јаде ако се расправа со судија.
Па тие што немаат жолт ќе идат, и еден од тие што има жолт да добие црвен... така се изнудува пенал. Не викам дека ќе го изнудат но мораа да се обидат.
 
Па тие што немаат жолт ќе идат, и еден од тие што има жолт да добие црвен... така се изнудува пенал. Не викам дека ќе го изнудат но мораа да се обидат.
Гледам во МЛС и сеа на Копа Америка почна да се применува, кога има ВАР проверка судијата како во НФЛ што прават уклучува микрофон и објаснува што одлука е донесена. Мислам дека ова би било топ работа да го воведат и во Европа, еве конкретно за ова пеналот на Шпанија-Германија ако кажеше зошто не е досуден пеналот ќе знаевме на што сме, вака останува да шпекулираме и претпоставуваме.
 
Сега се како припитомени кученца фудбалериве, да видиме ВАР што ќе каже, аха добро, не било пенал, одиме понатаму, да испаднеме... никаква жар, никој не се саможртвува, нема лидери да препознаат вакви моменти и да се борат. Се се сведува на неколку центаршутеви па кому иде...

Многу разочаран од првенствово.
На темава рекоа дека има драж пошто англичаните се фаќаа за кур кога дадоа гол у 95та против моќната Словачка, истотака им го пцуеа тренерот на крај од утакмицата. :kafence:
 
И покрај тоа што Французиве до сега ништо не изиграа, според мене се голем фаворит на натпреваров вечер и ништо чудно рутински да ја однесат победата. Карвахал, Норманд, Педри па и под знак прашање Олмо едноставно е премногу голем хендикеп за Шпанија..

0-2 за Франција
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom