Да, ама реално тоа немора ништо да значи. Прво ми текнува на Интер и Баерн пред 15 години, кога земаа играчи што неможеа да фатат место во еден полумртов Реал, па на крај баш тие 2 играчи ги донесоа до меѓусебно финале во ЛШ.
Кај Де Лихт проблем се повредите дефинотовно, ама и очигледно не се мирисаа нешто со Тухел. Сепак, сеуште е доволно млад и за некои 35-40м фунти мислам дека вреди да се ризикува.
За овој Угарте немам некое мислење, бидејќи и го немам гледано којзнае колку, ама ПСЖ е потоксична средина и од нашата, така да не би му ја земал сезонава до толку здраво за готово. А верувам и дека пак нема да биде повеќе од 35-40 милиони.
Мислам дека ќе имаат тактика да купат играчи испод цена ова лето, за да ја тргнат таа репутација на тим што преплаќа играчи. Па така во блиска иднина нема веќе да ни бараат 100че за Ентони или 50м за Фред.