I ako ne se lazam uste vo grupna faza moze da se padnat timovi od ista zemja.
Како мислиш?
Како дуел во првава фаза дека може пример Леверкузен-Баерн?
За овие од првиве 24 сигурно, вака на хартија делува како првенствово да би било глупаво на почеток и досадно за "лигашката фаза" ама интересно би требало да е во нокаут фаза.
Во исто време им гарантира нокаут фаза и многу веројатно минимум 1/8 финале на појакиве екипи (што ваљда треба да е одговор на Супер лигата) ама во исто време мислам и дека ќе се вратат тие денови каде ќе гледаме повеќе "помали екипи" во 1/4 финале и даље.
Еве на пример, Ѕвезда е во плејоф.
Се што треба е да ги победат Јанг Бојс и да влезат во ЛШ - на пример.
Потоа, само победи против Брест, Штурм, Бриж, Болоња и Селтик би требало да бидат доволни за следна фаза, каде пак ќе следи противник од типот на Порто на пример.
Не е битно дали е Ѕвезда или не, само како пример ја земав, тука е одлична шанса за екипи од ваков ранг со пар победи ќе можат да стигнат далеку, а претходно 3 порази значеа крај, вака дури и 3 победи и 5 порази би значеле пласман во 1/16 финале.
Не знам, можда фантазирам само, ама очекувам да има некоја екипа од рангот на Феенорд/Порто/ПСВ секоја година во полуфиналето барем, само малце среќа треба и тоа е тоа