Еве да се повторам специјално за љубител како тебе на комунистички систем, едноумие:
Русија многу полесно може да влијае кој ќе е на чело во Украина, него ли било која друга сила, бидејќи според некои членови, 15 милиони од населението се Руси. Покрај тие 15милиони, сигурно од остатокот има уште некој милион што се поблиски со Рускиот менталитет.
Значи покрај солидна бројка на население што е за Русија, тука ти е и економијата и воениот сектор во кој поголемо влијание имаат Русите него ли јенките илјадници км подалеку.
Русија воено технолошки е далеку понапредна од Украина т.е. меѓу топ3 во светот и сигурно 24/7 знаат што се случува во Украина, што планирал Зелениот со неговата тајфа, па доколку сакале, лесно можеле све ова да спречат, наместо сега демек лечат.
Иако нели ете за Русите ова било црвена линија, се работело за живот или смрт, тие не се мешале да спречат све ова, ама затоа сега нека гине народ од двете страни, нека се рушат градови, додека си профитираат олигарсите од западот и истокот.
15+ милиони про-Русија/Руси кои се во главно старци со братство единство СССР мајндсет, помладите генерации се за Украина и со нив се прават револуции и се водат војни.
Со отцепувањето на Крим и независноста на делови од Донетск и Луганск уште повеќе се намали про-руското гласачко тело во Украина.
Не знам зошто ја игнорираш пропагандната моќ на ЕУ и САД да направат револуција, парите и медиумите се на нивна страна Русија е гола вода. СССР на пример после ВВ2 скоро декада се справува со Бандерашиве чиј лидер е заштитен од западните служби. Ама џабе е ти нема да веруваш во ова бидејќи мислиш комунистите убиле 60 милиони Руси и дека секој втор бил во гулаг па како е можно да немаат тотална контрола на нацистички соработници години после војната.
Во Украина после 1991 има неколку шарени револуции, Мајданот им е најуспешен. Русија е пропадната држава во 90-тите и во новиот век полека се опоравува но се уште има војна на Кавказот со која се справува. Украинците гледаат како земјите околу нив се подобруваат, а они стагнираат и се плодна почва за шарена револуција.
Русија прави многу работи да спречат војна, затоа и има два мински мировни договори и преќутуваат провокации. Иди види и што нуди Русија на Украина, а што ЕУ пред да се случи Мајдан. Русија дава милијарди, проекти, гас беспари, а ЕУ ветувања дека може ќе има нешто во иднина и мнозинството од Украинците го одбираат второто. Што повеќе да направат? Толку им се можностите.
Ти напишав веќе со што се поседуваше Украина пред војната - 1000+ тенкови, ПВО системи на секој ќош
, стотици авиони и хеликоптери, илјадници оклопни возила, ракети, милиони гранати, 200к професионална армија, 80к паравојска (нео-нацистите се овие), резервисти уште кузнај колку (
CNN вика 900к), и тоа збориме за армија која војува во Донбас 8 години и има големо искуство плус тренирана и финансирана од западот.
Така да не знам од каде ти е тоа дека некој може да има надмоќ над ваква Украина која е број 1 во Европа.
Ти пуштив пред некоја недела анализа за воената моќ на Ирак во 1990, село без кучиња во споредба со Украина кога станува збор за ПВО системи и пак САД со другарчињата (40 држави) губат 80+ авиони.
Во 2008 Русија го реши проблемот со Грузија со брзи продори во повеќе правци и ги седнаа на преговарачка маса и заврши војната за една недела.
Истото ќе беше и 2022, крајот март/почеток на април ќе беше завршена војната да не им дадеше западот целосна подршка и ова е потврдено од сите што учествуваа во преговорите во Истанбул, вклучувајќи ги и Украинците.
Нормално Грузијците се мала држава па свиткаа опашка, Украинците видоа шанса да ја победат Русија.
И не знам зошто мислиш дека туку така можат Зеленски да го скинат, претседател на држава призната од цел свет е, не можат што сакаат да прават си има правила.