Напишав еден
пост детално за употреба на артилеријата. Артилеријата не се употребува во недостаток на авијација, тоа е нешто што треба да го сватиш. И не ти изгледа дека е многу битна артилеријата, дека сите досегашни војни што си ги гледал биле од типот Ирак-САД, СРЈ-САД, Авганистан-САД. Каде што и немаше вистинска копнена операција, во која имаше некаков организиран отпор. Во случајот со СРЈ, беше само бомбардирање, а во случаите со Ирак и Авганистан, немаше речиси никаков отпор од копнени сили. Ниту приближно колку што има во Украина. Ниту пак противниците на САД имаа оружје, кое може да се спореди со оружјето на Украина.
Во денешницата кога ќе се сретнат две армии, кои имаат слична мотивација, кои имаат добро истренирана војска, и армијата им е опремена во сите сегменти, тогаш изгледа дека можноста за маневар знатно се намалува. Со денешните уреди за набљудување на боиштето, речиси и да не може да се приреди изненадување, што би требало да е најголемото оружје за една маневарска офанзива. Во моменти кога се води позициона војна, нормално е артилеријата да го врати својот примат.
Но генерално и во маневарски офанзиви, улогата на артилеријата е круцијална. Од припрема на терен и тактичка подршка во клинот на нападот, преку оневозможување на контра-офанзиви, лажни припреми, контраартилериски дуели кои ја оневозможуваат непријателската артилерија, па се до стратегиски бомбардирања да се оневозможат брзи маневри на резервата на непријателот. Ова ништо не може да се постигне без артилерија, ако имаш сериозен противник на другата страна.