Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    735

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.046
До сега русите сигурно го клонирале и се чека 18 да направи за да го стават пак на чело на руската империја.
Со секој изминат век се поблиску е смртта на клоновите на Путин пошто се намалува нивниот генетски диверзитет (и можноста за понатамошно успешно клонирање), а со тоа и победата на Украина е се поблиску! :unsure:
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Кога се распаднал СССР не било смрт или живот, а сега па ич. И не е како јас гледам на дефиниција, туку така зборат слепите поддржувачи на Русија.
За мене ова Украина во НАТО било опасност за Русите е глупост, бидејќи ја знаеме воената моќ на Русија и нема никаква логика. Која е разликата од сегашно војување и во иднина, кога Русија пак ќе има нуклеарки, пак ќе може контра удар да изведе, пак ќе има војска за одбрана и напад.
Русија се граничи со јенките, па никому ништо, а и едните и другите имаат подморници со кои имаат покажано дека незабележано навлегле во туѓи територијални води.



Западот пари дава, отворено цело време со омраза зборат против Русите, ниту еден не повикува на воздржување или помирување или повлекување, воена техника од западни држави имаш во Украина, вклучително инструктори и војници како тоа е прокси и што има врска дал е прокси а се работи за живот или смрт... :toe:

Со нуклеарки во Украина, Русите повеќе штета ќе си имаат него ли Западот.
Не разбирам тогаш што те чуди војната, ако и самиот си свесен за омразата на јенките кон Русија, во комбинација со омразата на Украинците, најдоброто нешто што може да го направи Русија е да ја избрише од постоење Украинската држава. И јас да сум на нивно место би го направил истото.
Ја утнаа работата со Полска, затоа не смеат да дозволат да се постават бази во Украина. Реално задоцнија Русите, класични словени, да беа малку поажурни требаше да ја решат уште пред 10тина години и да истребат по кратка постапка се што е блиско со западот.



Зависи која војна.
Оваа во Украина можеби, но не сите.
Азербејџан ја доби војната во Нагорно со употреба на паметна муниција (дронови, SEAD) и специјални единици, не артилерија.
САД ги добиваат сите војни со користење на авијација.
Русија ја доби војната во Грузија со користење на комбинација на брз копнен напад со воздушна поддршка.
Русија во Сирија ги избркаа исламистите со користење авијација.
Најголемо користење на артилерија имало во Прва СВ, и сега тука во оваа војна.

Да не се разбереме погрешно, во секоја војна се користи артилерија, дури и САД користеа артилерија во Авганистан, но во повеќето модерни војни, ни оддалеку не е толку битна и користена колку што се битни други системи.

Ф-16, Ф-35ката нема да направат некоја разлика во војната, имам повеќе пати пишувано на темава. Ќе направат повеќе штета, но ништо што би ја променила насоката на војната.

Е сега, Су-57 или слична платформа, можеби би направил/а разлика. Велам можеби, не мора да значи дека така ќе биди.
Доколку Русија најде начин ефективно да ја бомбардира логистиката на Украинците, (а тоа е со заобиколување или намалување на ефективноста на непријателските ПВО користејќи стелт) тоа би значело крај за Украинците многу брзо. Го имаме правено овој муабет, мислам со @jamajka користењето на авијацијата е далеку поефективно од артилеријата. Прецизни напади со 200-500кг експлозив со различна намена (air-burst, cluster, bunker-buster) и сл. можат да направат многу повеќе од илјадници гранати.

Аваксите се добри за следење на движењата на Русите, рано предупредување и барање мети за Украинците.
И без Аваксите Русите не можат да летаат над Киев, бидејќи сепак Украина има не само стари советски ПВО, туку и посовремени Западни ПВО.
Јасно ми е дека не секоја се добива на тој начин, финтата е што оваа е специфична и различна од сите тие што ги имаш наброено. Како прво имаш огромна армија, како второ незгоден е теренот (огромни рамници и бујна вегетација), па е тешко да се откријат непријателските позиции. Не за џабе и двете страни користат касетна муниција, и стандардни бомби не бркаат работа на голем дел од фронтот.

Пак ќе речам, џабе им е тоа земското ПВО ако немаат поддршка од Аваксите, сателитите и системи од типот на Tranche 1. Ниту Ф35/Ф22/Б-2 нема да поминат ако го чекаат со детални информации во која секција да пребарува радарот.
Без поддршка од горе, батериите ќе одат курбан во помалку од месец дена. Доволно е да им направат неколку напади со по 100+ ракети и доритоси, самите ќе си ги дадат позициите, па може да им ги ловат и со Су-34.
И да им уништат неколку локации за логистика, секогаш ќе имаат проблем со рана детекција и опасност за рушење на леталата, па макар пратиле и најстелт летало што постои на планетата.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.046
^^Нема споредба со Карабах/Артцак... Таму не победила тактика на наведувани проектили, туку немање одбрана од истите (како резултат од квинслишка влада која саботира одбрана).

Споредба со војнава во Украина?
Тоа е како 3-та лига исток фудбал споредено со премиер лига.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.033
Поени од реакции
83.466
Купуваат време реално колку да помине мандатот на сите на Запад и да се сменат други партии . Момент на Избори е секаде на Западов . Реално е дека Украина ќе се дели на Европска Украина со Киев место и на Нова Русија со посед на Русија . Ако уште се засилат со војна , Полска влегува во Европска Украина и си граба што е нивно .
Бугарија како ќе помине притоа?
 
Член од
31 мај 2019
Мислења
318
Поени од реакции
1.002
Русиве се типични ние или срби, сјебуваат работа кога е најлесно и после пробуваат да поправат со тешки последици.
Они требаа уште во време на распад на СССР да ја зграбат барем Естонија, чисто онака симболично, па сега ќе останеа две балтијски врапчиња што цивкаат.
А Украина многу јасно можеа да ја завземат уште 2014, тогаш можеше буквално за 3 дена, то ест да го направеа истото што пробаа во 2022, да ја соборат власта во Киев и крај.
Вака ги оставија да се наоружаат, го оставија западот да скова стратегии за санкции и помош, Финска и Шведска станаа членки на НАТО, во периодот 2014-2022 скоро цела елита во Украина се замени со про-западни инсталации.
Путин уствари пробува да избели образ со СВО, тој е главен кривец што пред очи Западот ја завзема Украина. Мислеше дека со завземање на Крим ќе пратеше порака и ќе ги заплашеше а со автономија на Донбас ќе добие некој вид на Република Српска и влијание во Украина, ама кога увиде дека Западов е решен по секоја цена да ја дерусифицира Украина, тек тогаш реагираше.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.046
Бугарија како ќе помине притоа?
Ќе биде добро ако не поведат војна со Романија, за Добруџа и ред други работи... :unsure:
Автоматски споено мислење:

Русиве се типични ние или срби, сјебуваат работа кога е најлесно и после пробуваат да поправат со тешки последици.
Они требаа уште во време на распад на СССР да ја зграбат барем Естонија, чисто онака симболично, па сега ќе останеа две балтијски врапчиња што цивкаат.
А Украина многу јасно можеа да ја завземат уште 2014, тогаш можеше буквално за 3 дена, то ест да го направеа истото што пробаа во 2022, да ја соборат власта во Киев и крај.
Вака ги оставија да се наоружаат, го оставија западот да скова стратегии за санкции и помош, Финска и Шведска станаа членки на НАТО, во периодот 2014-2022 скоро цела елита во Украина се замени со про-западни инсталации.
Путин уствари пробува да избели образ со СВО, тој е главен кривец што пред очи Западот ја завзема Украина. Мислеше дека со завземање на Крим ќе пратеше порака и ќе ги заплашеше а со автономија на Донбас ќе добие некој вид на Република Српска и влијание во Украина, ама кога увиде дека Западов е решен по секоја цена да ја дерусифицира Украина, тек тогаш реагираше.
Какви последици ќе имаа санкциите тогаш?
Наспроти тоа какви последици имаат санкциите сега.







... и ете ти го одговорот зошто сега, а не тогаш.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Не разбирам тогаш што те чуди војната, ако и самиот си свесен за омразата на јенките кон Русија, во комбинација со омразата на Украинците, најдоброто нешто што може да го направи Русија е да ја избрише од постоење Украинската држава. И јас да сум на нивно место би го направил истото.
Па токму тоа, што не ја завршија работава за неколку недели. Со целата воена надмоќ што ја има Русија, требаше све ова да заврши брзо. Вака излегува дека други цели и намери се во игра.

Јенките немаат омраза кон Русите, туку одредена каста, неоконци и сл.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
36.875
Што не се пофалите бе дечки дека во Џанкој воената база отишол јабана С-400.

Ќе пуштите слики или да пуштам јас?

За фалење дека русите земале три ниви со зелки накај Часов Јар први сте, а да кажете како божественото совршенство С-400 го кркнале, штама.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.546
Поени од реакции
3.733

Во првите три месеца од годината францускиот увоз на руски гас пораснал повеќе отколку кај која било друга држава во ЕУ, споредено со минатата година.

:свиркам:

Што не се пофалите бе дечки дека во Џанкој воената база отишол јабана С-400.

Ќе пуштите слики или да пуштам јас?

За фалење дека русите земале три ниви со зелки накај Часов Јар први сте, а да кажете како божественото совршенство С-400 го кркнале, штама.
Богами сериозен удар направиле ако е вистина, ама која е логиката 1x S400 и 2x S300 да се наредени вака блиску еден до друг ?

1.jpg

Нападот изведен со https://en.wikipedia.org/wiki/MGM-140_ATACMS
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.033
Поени од реакции
83.466
Што не се пофалите бе дечки дека во Џанкој воената база отишол јабана С-400.

Ќе пуштите слики или да пуштам јас?

За фалење дека русите земале три ниви со зелки накај Часов Јар први сте, а да кажете како божественото совршенство С-400 го кркнале, штама.
У крајна линија, имаат три ниви повеќе.
А системот ќе го направат пак, повеќе пати.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.505
Поени од реакции
27.323
Зависи која војна.
Оваа во Украина можеби, но не сите.
Азербејџан ја доби војната во Нагорно со употреба на паметна муниција (дронови, SEAD) и специјални единици, не артилерија.
САД ги добиваат сите војни со користење на авијација.
Русија ја доби војната во Грузија со користење на комбинација на брз копнен напад со воздушна поддршка.
Русија во Сирија ги избркаа исламистите со користење авијација.
Најголемо користење на артилерија имало во Прва СВ, и сега тука во оваа војна.

Да не се разбереме погрешно, во секоја војна се користи артилерија, дури и САД користеа артилерија во Авганистан, но во повеќето модерни војни, ни оддалеку не е толку битна и користена колку што се битни други системи.

Ф-16, Ф-35ката нема да направат некоја разлика во војната, имам повеќе пати пишувано на темава. Ќе направат повеќе штета, но ништо што би ја променила насоката на војната.

Е сега, Су-57 или слична платформа, можеби би направил/а разлика. Велам можеби, не мора да значи дека така ќе биди.
Доколку Русија најде начин ефективно да ја бомбардира логистиката на Украинците, (а тоа е со заобиколување или намалување на ефективноста на непријателските ПВО користејќи стелт) тоа би значело крај за Украинците многу брзо. Го имаме правено овој муабет, мислам со @jamajka користењето на авијацијата е далеку поефективно од артилеријата. Прецизни напади со 200-500кг експлозив со различна намена (air-burst, cluster, bunker-buster) и сл. можат да направат многу повеќе од илјадници гранати.

Аваксите се добри за следење на движењата на Русите, рано предупредување и барање мети за Украинците.
И без Аваксите Русите не можат да летаат над Киев, бидејќи сепак Украина има не само стари советски ПВО, туку и посовремени Западни ПВО.
Напишав еден пост детално за употреба на артилеријата. Артилеријата не се употребува во недостаток на авијација, тоа е нешто што треба да го сватиш. И не ти изгледа дека е многу битна артилеријата, дека сите досегашни војни што си ги гледал биле од типот Ирак-САД, СРЈ-САД, Авганистан-САД. Каде што и немаше вистинска копнена операција, во која имаше некаков организиран отпор. Во случајот со СРЈ, беше само бомбардирање, а во случаите со Ирак и Авганистан, немаше речиси никаков отпор од копнени сили. Ниту приближно колку што има во Украина. Ниту пак противниците на САД имаа оружје, кое може да се спореди со оружјето на Украина.

Во денешницата кога ќе се сретнат две армии, кои имаат слична мотивација, кои имаат добро истренирана војска, и армијата им е опремена во сите сегменти, тогаш изгледа дека можноста за маневар знатно се намалува. Со денешните уреди за набљудување на боиштето, речиси и да не може да се приреди изненадување, што би требало да е најголемото оружје за една маневарска офанзива. Во моменти кога се води позициона војна, нормално е артилеријата да го врати својот примат.

Но генерално и во маневарски офанзиви, улогата на артилеријата е круцијална. Од припрема на терен и тактичка подршка во клинот на нападот, преку оневозможување на контра-офанзиви, лажни припреми, контраартилериски дуели кои ја оневозможуваат непријателската артилерија, па се до стратегиски бомбардирања да се оневозможат брзи маневри на резервата на непријателот. Ова ништо не може да се постигне без артилерија, ако имаш сериозен противник на другата страна.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Па токму тоа, што не ја завршија работава за неколку недели. Со целата воена надмоќ што ја има Русија, требаше све ова да заврши брзо. Вака излегува дека други цели и намери се во игра.
Украина во 2022 имаше пола милион војници (професионалци+резервисти+паравојска) платени и обучувани од западот со години. Добар дел од нив имаа и воено искуство во Донбас.
1000+ тенкови, стотици авиони и хеликоптери, ПВО системи на секој ќош, оклопни возила колку ти душа сака, ракети, милиони гранати од советско време, и што уште не. Број 1 во Европа, никој не може да има воена надмоќ над ваква сила.

Минскиот договор истече на 21 февруари и три дена подоцна Русија направи инвазија со 200 илјади која очигледно беше да ги принудат да не си играат курот и да потпишат нов договор. Повторување на грузиското сценарио кое според сите извори кои учествуваа во преговорите (руски, украински, турски, израелски) за малку не се повтори и војната ќе беше завршена за 3-4 недели. Потоа дојде Борис Џонсон кој рече Русите убивале цивили во Буча ова она нема преговори со Путлер и се отиде у курац.

Иначе не знам зошто викаш во претходни коментари дека Украина не е закана за Русија бидејќи имале нуклеарки кога беше 40 милионска држава со руско говорно население чиј идентитет е мразење на Русите.

Русија како прво губи свој човечки капитал и држава каде што они имаат изградено се од прва до последна зграда, фабрика, пристаниште, рудници нуклеарни централи, итн.
Под свои луѓе мислам на тие 15+ милиони кои се про-Русија или се едноставно Руси на кои им беа скратени човечки права и беа угнетувани, а во Донбас и Одеса и убивани. 7-8 милиони од тие се моментално или во Русија или во регионите што ги анексираа.

Плус не е ова Финска или Балтикот со двајца без тројца него десетици милиони народ наоружан до заби на кој му е испран мозокот да те мрази на територија од каде се вршеле инвазии на Русија во минатото. Не дека сега некој ќе им прави инвазија него имаш ракетни штитови кои можат да го намалат потенцијалнот на одвраќање/deterrence на Русија. Исто така непријателска Украина со Крим во НАТО е шах мат за Русија во црното море.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.385
Поени од реакции
7.017
Не постои идеално ПВО. Тоа го покажа и Патриотот, тоа го покажа и Ајрон Дом, исто и Ц-400. Ако добро се сеќавам, и предходно во војнава им имаа украинците уништено Ц-400 на русите. Еве и сега, им гаѓаат цели на руска територија, на Крим, без суперсонични ракети, ако не се лажам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom