Дали Бостон конечно ќе стигнат до врвот на Нба оваа сезона?
Ги гледав договорите на играчите оваа група има уште 2-3 сезони заедно да игра,сакам да успеат но некако Татум и Џејлен не знам дали го имаат тоа.
Бостон ми се пред Милвоки и Филаделфија.
Ако оваа не земат титула, после вака доминанта сезона време ќе е еден од двоецот Тејтум - Браун да си бара нова средина.
Тимот е напакиран на секоја позиција буквално, само шо очекувам да се покакаат и не ми се и двата психолошки јаки за едно големо НБА финале. Дали ќе им се посреќи другите соиграчи да ги вадат или да во противнички тим има некоја повреда па да дојдат до титула ќе видиме.
коа пратев NBA пред едно 25-30 години, навивав за Милвоки, ама Њу Јорк ми беа омилени ради Пет Јуинг (тоа време глумеше и во Егзорцист чинам, некаков ангел на смртта or somethin). Купив кондуктерки ради него, па коа ги дична и напраи своја фирма сакав да ги купам и другите али од икс причини не ги купив и се каев. Да, ги имаше тогаш (касни 80-ти, рани 90-ти) и кај нас (доаѓаа со баскет привезоче) на Јуинг новите патики. Мој другар ги купи, али не и ја.
Значи ги фати почетоците на Реј Ален во НБА (иако малце покасно беше тоа)
Почна тоа време во Милвоки и имаше култен филм (сите тогаш во филмови глумеа хаха) со Дензел Вашингтон кој вервам дека сите на темава го имаме гледано (Jesus Shuttlesworth, како само куцаше и перкаше тројки, атракција беше да се гледа).
Во тоа време јас бев дај хард Шек фан и памтам имав стегач од Орландо кој не го вадев од рака
Патики не успеав да купам во тие години...
Инаку
@Stefan-kobe и
@Björn ич да не се изненадите Лејкерси да имаат одличен ПО ран и дури и на Денвер да му зададат мака.
Веѓата имаше супер сезона и колку и да е стаклен машки ја изигра, на Лебронтије ако не му е последна сигурно му е претпоследна *(уште со син му да заигра и толку остана), а од друга страна дали ги клеца под туш или шо им прави на Дило и Ривс, а и другите... ама а дојди ПО веднаш им се крева процент на шут и подобри се во реализација.
Не се тим за потценување воопшто, особено шо Денвер има полоша клупа годинава, освен Џру другите се или премлади или престари (ДеАндре), една повреда на Мареј (кој цела сезона ја изигра под повреди) и толку отиде.
Ше заедно со она кремастарето под кош шо го имаат исто не гледам како ќе се носи со Леброн и АД, овај вториот буквално ќе ги силува под кош - така да, останува само на АД и на никој друг + подобрена реализација од поле.
Овие две работи ако ги има, во ваков запад кај шо нема изразити фаворити освен Далас (Лука и Каваи се следни) после нив на листата за мене се Лејкерси во топ 4 екипи шо ќе се борат за финале.
Стефан, исто за Никси мило ќе ми е ко ќе ги демантира сите Брансон, ко шо имаше прејака сезона и од ко е дојден во Никси сите не демантира (и јас бев скептик и не сакав да го навидам на почеток) ама братот искина буквално.
Во тесни утакмици во Медисон, сичкото е отворено.
Таму предност голема е тренерот, Нурс е бог и батина во однос на Тибодо, а тоа ќе се осети на терен во клучни моменти.
Али еве, таман да ги тепаме и вгодина тој или Дјурант да ни се нацртаат во тимот, пошто и двата не очекувам да играат за титула.
Страшни се како играчи ама повредите ги сјебаа во кариерата.