Апсолутно да, во младинските категории ситуацијата воопшто не е сјајна, најдобар што ми остави впечаток беше Шемовски, а тој е во Данска втора лига.
Катастрофа е систуацијата. Реков ова уште пред година дена, не е уопште премногу негативно да се каже дека многу веројатно нема да видиме релевантна македонска фудбалска репрезентација додека сме живи
Секако, тука постојат опциите да се сменат правила, квалификации и слично како и што беше со Лигата на Нации, ама мислам воопшто не е претерување да се каже дека следната генерација на фудбалери нема да биде блиску до пласман на ЕП или било каков битен фудбал каде што играме интересни утакмици.
Што значи до 2034-2038 не треба никој да очекува било што.
Е сега, ако знаеме како функционира се во земјава... дали некој искрено верува дека од сега до 2038 ќе се изградат добри услови за репрезентацијата? Еве, Вардар играа во ЛЕ, влегоа во срања и.... колку време ќе им треба за пак да бидат екипа што нема да се бори за опстанок?
Значи, фер е да се каже дека ваљда и следните 10 години после тоа ќе бидат ВО НАЈДОБАР СЛУЧАЈ просек.
Значи, од сега до 2046 негде можеме 100% да откажеме шанса дека ќе имаме ок фудбалска репрезентација (како што имавме пред пар години, чист еве за референца да го земеме тоа)
После тоа е премногу далеку да се предвидува било што, ама реалистот би рекол... нема да се смени ништо ни тогаш.
Така да... додека сме живи возможно е повеќето од нас да не видат Македонска фудбалска репрезентација како игра на ЕП... или еве ајде да кажеме натпревар каде што треба победа за пласман на ЕП/СП во најмала рака