Кој се збогатувал во ЕУ од лагата за “глобално затоплување’’

Член од
30 јануари 2014
Мислења
863
Поени од реакции
564
Кој не верува во глобалното загревање само еден податок, пред десетина години купувавме над 6 кубици дрва бидејќи се грееме на дрва, оваа година досега не потрошивме ни 3.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.724
Поени од реакции
33.969
Ова како во приказната за мудреците кои со заврзани очи требало да откријат што е слонот кој бил пред нив. Тој кај сурлата мислел дека пред него е змија, тој кај ногите мисле дека дрво има пред него, тој кај г`зот... Или со други зборови, кога некоја идна година ќе потрошиш 10 кубика дрва: Тогаш значи дека ќе имаме „глобално заладување“? И следствено ќе мора повеќе крави да се одгледуваат, ќе треба да не се јадат инсекти, ќе треба помалку електрични аута да се возат, да се намалат даноците (посебно за карбонските ќе треба пари да ни враќаат), итн, итн. :unsure:
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.724
Поени од реакции
33.969
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Ова е причината што се смени наративот од „глобално затоплување“ во „климатски промени“. А и башка што следбениците на теоријата на глобално затоплување од минатиот век имаа проекции дека до сега сите крајбрежни градови ќе беа потопени.

А што е најсмешно и покрај што тоа испаднаа магариња кои ги подржуваат најголемите рекетари на денешницата (екологистите), пак со истата ароганција настапуваат.
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
863
Поени од реакции
564
Имам уште еден пример, па бидејќи не се разбирам многу во оваа работа, ме интересира што мислите. Брат ми пред многу години купи нива, повеќе за рекреација и да има свој зеленчук. Посади малку кромид, домати пиперки, боранија, неколку овошки, се што едно типично македонско домаќинство треба да има. Извади артерска вода (верувам сите знаеме што е артерска вода) на 6 м. После неколку години мораше дополнително да буши бидејќи водата полека секнуваше, Отиде на 9 метра, третиот пат отиде на 15, сега е на 20 и мораше да стави мотор зз да може да вади вода. Ме интересира зошто се случува тоа, зошто нема вода?

На телевизија стално велат дека Македонија е аридна земја, сиромашна со водни ресурси, се плашам што ќе се прави ако се случи истото како на нивата од брат ми. Дали сме ние подготвени за такво сценарио? Или од каде да знам, можеби не треба да се грижам, ако е се циклично можеби водата пак ќе дојде, пак ќе има снег на зима и летата нема да бидат така врели, џабе купив клима. Можеби треба само да сме стрпливи и се ќе помине.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Ме интересира зошто се случува тоа, зошто нема вода?
Прочитај или кажи му на брат ти да прочита од viktor schauberger (the fertile earth или друга книга) , појасно ќе ти е.

Колку помалку дрвја, колку повеќе обработена површина спротивно од природните закони, толку повеќе водата ќе бега подлабоко.
Порано изворите од каде пиеле вода, сите биле покриени со големи камења, има причина за тоа.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.724
Поени од реакции
33.969
Имам уште еден пример, па бидејќи не се разбирам многу во оваа работа, ме интересира што мислите. Брат ми пред многу години купи нива, повеќе за рекреација и да има свој зеленчук. Посади малку кромид, домати пиперки, боранија, неколку овошки, се што едно типично македонско домаќинство треба да има. Извади артерска вода (верувам сите знаеме што е артерска вода) на 6 м. После неколку години мораше дополнително да буши бидејќи водата полека секнуваше, Отиде на 9 метра, третиот пат отиде на 15, сега е на 20 и мораше да стави мотор зз да може да вади вода. Ме интересира зошто се случува тоа, зошто нема вода?

На телевизија стално велат дека Македонија е аридна земја, сиромашна со водни ресурси, се плашам што ќе се прави ако се случи истото како на нивата од брат ми. Дали сме ние подготвени за такво сценарио? Или од каде да знам, можеби не треба да се грижам, ако е се циклично можеби водата пак ќе дојде, пак ќе има снег на зима и летата нема да бидат така врели, џабе купив клима. Можеби треба само да сме стрпливи и се ќе помине.
Ова ваљда е за во некоја сосема друга тема, ама додека сме тука... Многу работи може да се причина. Може водоносниот слој да се губи, но може други работи да се дешаваат.

Еден начин да секнеш бунар, е со преголема експлоатација.
Ако нивата е доволно голема, може да проба со нова бушотина. Колку далеку треба да биде новата буштина тоа не можам да кажам, но зависи од т.н. „конус на депресија“ што се оформува окулу бушотината. Колку повеќе се влече вода, толку поголем е тој конус. Кога ќе се претера, материјалот окулу бушотината се суши пред водата повторно да навлезе, и кога ќе се исуши потоа толку е од приказната. Може сосема да снема вода, може да се намали капацитетот.

Тие конус може да се преклопуваат со тие на комшиите и проблемот да се мултиплицира.
Затоа паметно е што помалку да се влече вода од бунар. Споро влечење со мотор горе во резервоар. И штедливо трошење на водата.

Пребарувај со „water well cone of depression“ за повеќе.

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Имам уште еден пример, па бидејќи не се разбирам многу во оваа работа, ме интересира што мислите. Брат ми пред многу години купи нива, повеќе за рекреација и да има свој зеленчук. Посади малку кромид, домати пиперки, боранија, неколку овошки, се што едно типично македонско домаќинство треба да има. Извади артерска вода (верувам сите знаеме што е артерска вода) на 6 м. После неколку години мораше дополнително да буши бидејќи водата полека секнуваше, Отиде на 9 метра, третиот пат отиде на 15, сега е на 20 и мораше да стави мотор зз да може да вади вода. Ме интересира зошто се случува тоа, зошто нема вода?

На телевизија стално велат дека Македонија е аридна земја, сиромашна со водни ресурси, се плашам што ќе се прави ако се случи истото како на нивата од брат ми. Дали сме ние подготвени за такво сценарио? Или од каде да знам, можеби не треба да се грижам, ако е се циклично можеби водата пак ќе дојде, пак ќе има снег на зима и летата нема да бидат така врели, џабе купив клима. Можеби треба само да сме стрпливи и се ќе помине.
Една последица од климатските промени е зголемени или намалени врнежи, во зависност од регионот.
Иако заради се повисоките температури глобално треба да има повеќе испарувања, а со тоа и повеќе врнежи, нашиот регион изгледа е погоден од обратното - помалку врнежи.

change-in-distribution-o.png

На истиов сајт може да најдеш и за температурите во зима. Последните години во зима температурите се многу се повисоки од просекот во 20ти век.
Земи го пример Февруари, годинава. Имаме температури кои обично се карактеристични за периодот Март-Април.

Температурите последната декада (2010-2020) се повисоки од било кога, скоро во секој месец во годината.
И тоа тука не се пресметани последните 2-3 години, кои се ултимативно најтоплите години од кога се мерат температурите од средината на 19ти век.

average-maximum-surface.png
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Една последица од климатските промени е зголемени или намалени врнежи, во зависност од регионот.
Иако заради се повисоките температури глобално треба да има повеќе испарувања, а со тоа и повеќе врнежи, нашиот регион изгледа е погоден од обратното - помалку врнежи.
Генерално затоплувањето на климата секогаш е поводен период, одколку заладувањето. Зборувам за цикличните процеси на земјата. Па така дури и доколку се избустани од човекот при затоплување на климата периодите не се воопшто сушни. На пример во период пред 14К години, кога зголемувањето на температурата на земјата било најинтензивно, Нил кај Гиза бил широк околу 15 километри, денеска е помалце од 1.

Температурите последната декада (2010-2020) се повисоки од било кога, скоро во секој месец во годината.
И тоа тука не се пресметани последните 2-3 години, кои се ултимативно најтоплите години од кога се мерат температурите од средината на 19ти век.

average-maximum-surface.png
Ако видиш во блиското минато на планетава (во пишана историја) ќе видиш дека дури и кај нас има траги од вакви поголеми или помали циклуси на затоплување и ладење. Една од причините за оваа нагла промена на температурата може да е и Тунгускиот евент. Затоплувањето всушност е враќање на балансот после заладувањето предизвикано од овој евент. Може да е последица на средновековното мини ледено доба. Може да се други циклуси кои не ги разбираме сеуште. Има докази дека на пример нивото на Преспанското езеро во цикличен процес драстично се менува...

Не можат да се донесат заклучоци на основа на оваа табела, ова е премногу мал временски период. Ако знаеме дка Македонија во време на Александар била доста потопла од денеска (како што се претпоставува), каков заклучок би донеле ?
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
863
Поени од реакции
564
I kolku traat tie ciklusi? Dali možat da se skratat ako se namali ispuštanjeto na CO2? Što velat naftenite kompanii?

(me itneresira kade možam da gi vidam dokazite deka nivoto na Prespanskoto ezero drastično se menuva)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.681
Поени од реакции
42.261

можат, али мораш да ставиш катализатор на задниот отвор за да не загадуваш. Пошто по секој грав пука озонот.
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
863
Поени од реакции
564
Некој треба да стави каталиѕатор на преднио отвор, од таму излегува многу поголемо загадување
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Генерално затоплувањето на климата секогаш е поводен период, одколку заладувањето. Зборувам за цикличните процеси на земјата. Па така дури и доколку се избустани од човекот при затоплување на климата периодите не се воопшто сушни. На пример во период пред 14К години, кога зголемувањето на температурата на земјата било најинтензивно, Нил кај Гиза бил широк околу 15 километри, денеска е помалце од 1.

Ако видиш во блиското минато на планетава (во пишана историја) ќе видиш дека дури и кај нас има траги од вакви поголеми или помали циклуси на затоплување и ладење. Една од причините за оваа нагла промена на температурата може да е и Тунгускиот евент. Затоплувањето всушност е враќање на балансот после заладувањето предизвикано од овој евент. Може да е последица на средновековното мини ледено доба. Може да се други циклуси кои не ги разбираме сеуште. Има докази дека на пример нивото на Преспанското езеро во цикличен процес драстично се менува...

Не можат да се донесат заклучоци на основа на оваа табела, ова е премногу мал временски период. Ако знаеме дка Македонија во време на Александар била доста потопла од денеска (како што се претпоставува), каков заклучок би донеле ?
Гледајќи наназад во историјата, треба да се има на ум дека тие природни процеси траеле со илјадници години.
Точно, можеби Нил бил 15км и ред други работи, но колку време траела промената?
Тука имам пишано подетално:
Фактите:

Циклусите се случуваат на отприлика 25 000, 40 000 и 100 000 години.
Последниот екстрем бил пред околу 12 000 години.
Кога е лето на северната хемисфера, Земјата е најдалеку од Сонцето.
Кога било последното ледено доба, (екстремот на циклусот) тоа било пред 12 000 години, северната хемисфера била најдалеку од сонцето во лето, инклинацијата (аголот под кој сонцето паѓа на Земјата) бил најмал (најмалку сончева светлина по површина).
Промените во атмосферата биле за степен - два.
Процесот (промената на температурата) траел илјадници години.
Нивото на јаглерод диоксид во минатото било прилично константно. Последниоте 800 000 - милион години се движи во рамките од 180 до 280 честички во милион.

Во последните 5000 и наредните 5000 години и повеќе Земјата не е и нема да биди во ниту еден екстрем. Се наоѓаме некаде измеѓу екстремите на циклусите.
Денес нивото на јаглерод диоксид е 420 честички во милион.
Сепак температурата во атмосферата и океаните е драстично сменета. Разликата е поголема од таа колку од последното ледено доба до пред индустријализацијата.
Таа разлика се случува за 50 години.
Природно тој процес трае илјадници години.

Значи, не се наоѓаме во никаков екстрем од природните циклуси, имаме зголемена температура која силно кореспондира со зголемени нивоа на јаглерод диоксид во атмосферата.

Уште еднаш, нивото на јаглерод диоксид е константно во последните милион години.
Наеднаш, од почетокот на индустријализацијата тоа се менува драстично, двојно повеќе.
Температурата во последните милион години варира степен-два во процеси што траат десетици илјади години.
Од почетокот на индустријализацијата промената на температурата е двојно поголема од било кога во последните милион години.

Заклучете сами.
Во врска со графиците погоре,
Може да се види измерената температура цел век наназад и може да се утврди дека има голема разлика особено во зимските месеци, иако 2010-2020 е потопла во просек во било кој месец од било која декада наназад.
Глобално, разликите се поголеми.
Ова се случува во многу краток период (децении) и притоа немаме забележано никакви драстични природни промени што можат да влијаат на климата.
Едноставно е, нема друг виновник освен човекот.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.681
Поени од реакции
42.261
Гледајќи наназад во историјата, треба да се има на ум дека тие природни процеси траеле со илјадници години.
Точно, можеби Нил бил 15км и ред други работи, но колку време траела промената?
Тука имам пишано подетално:

Во врска со графиците погоре,
Може да се види измерената температура цел век наназад и може да се утврди дека има голема разлика особено во зимските месеци, иако 2010-2020 е потопла во просек во било кој месец од било која декада наназад.
Глобално, разликите се поголеми.
Ова се случува во многу краток период (децении) и притоа немаме забележано никакви драстични природни промени што можат да влијаат на климата.
Едноставно е, нема друг виновник освен човекот.
Мразот зошто не се стопи?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom