Имам уште еден пример, па бидејќи не се разбирам многу во оваа работа, ме интересира што мислите. Брат ми пред многу години купи нива, повеќе за рекреација и да има свој зеленчук. Посади малку кромид, домати пиперки, боранија, неколку овошки, се што едно типично македонско домаќинство треба да има. Извади артерска вода (верувам сите знаеме што е артерска вода) на 6 м. После неколку години мораше дополнително да буши бидејќи водата полека секнуваше, Отиде на 9 метра, третиот пат отиде на 15, сега е на 20 и мораше да стави мотор зз да може да вади вода. Ме интересира зошто се случува тоа, зошто нема вода?
На телевизија стално велат дека Македонија е аридна земја, сиромашна со водни ресурси, се плашам што ќе се прави ако се случи истото како на нивата од брат ми. Дали сме ние подготвени за такво сценарио? Или од каде да знам, можеби не треба да се грижам, ако е се циклично можеби водата пак ќе дојде, пак ќе има снег на зима и летата нема да бидат така врели, џабе купив клима. Можеби треба само да сме стрпливи и се ќе помине.