па кој рече дека јас барам тука партнерка или по социјални мрежи? како стигна до таа констатација ме интересира?
или како и другата форумашка си вадите некои констатации за членови од ракав, се со цел да испаднете у право за нешто што е скроз субјективно, а истото ве допира од причина што едноставно според моите критериуми и по критериумите на мнозинството членови не би биле адекватни партнери?
едноставно е, сакаат да ги уживаат благодетите на врската/бракот, а притоа истовремено да се понашаат како да се сингл и да си ги чуваат отворени опциите за потенцијални партнери.
после пишаново очекувај цитирање со моабетот ,,па ако сака да вара ќе вара", ,,што има врска што излегла со другарките, се испијанчила и се вратила дома у 2?", итн, затоа што според нив е во ред да се ставаш во такви ситуации каде што истото го прави далеку полесно и подостапно, ама кога другата страна тоа би го правела тогаш не е во ред за нив, или пак доколку партнерот насочи дека истото не е во ред, тогаш е контролирачки.
еве јас не знаев дека доколку сметаш дека излегување по ноќни клубови, барови и останато треба да е со сопствениот партнер со кој што си во врска или брак било контролирачки и истото еднакво на врзување на партнерот во подрум.
сега јас кога би пишал компаративно дека тогаш во ред е маж во врска/брак да посетува стриптиз барови, да доаѓа дома секојдневно у 2 сабајле намирисан од женски парфеми, одма би скокнале со моабети како тоа не е во ред.
од друга страна, со исклучок на некои форумашки кои ми се ептен мили, кои знаат да аргументираат и кои што си напишаа листа на red flags кои ние како форумаши комплетно ги испочитувавме, она што е евидентно од другите членови е нивната фрустрација за тоа што сме имале критериуми и што сме знаеле што бараме во партнер.
реално било каква дискусија со личност (независно машко или женско) која не го почитува мислењето на другиот, не ги почитува критериумите на другите само затоа што тие критериуми она како личност не би можела да ги исполни колку и истите да се логични и потребни за здрава врска или брак, е залудна.