Според писанието у пост број 6 од темава ти дечко тешко дека ќе најдеш адекватна потенцијална партнерка некогаш.
лесно е да се генерализира кога истото го правиш и поради тоа сметаш дека истото сите го прават, чист coping механизам.
твојов моабет е нешто сличен на моабетот на бијонс која некаде на почетокот на темата тврдеше како денес СИТЕ жени не биле невини уште од средношколски години, што апсолутно не е точно и е една обична генерализација.
и денес, и во минатото имало и има идеални жени кои се wife material со добро подредени приоритети и знаат што сакаат во животот како и во врската и бракот, иако истите не се мнозинство и се ретки, сепак постојат.
лично познавам девојчиња у нивни рани 20-ти години, некои и нешто минимално помлади кои воопшто немаат социјални мрежи и сопственото време го трошат продуктивно, работејќи на самите себеси, иако пак ќе кажам, иако истите се ретки, сепак не значи дека воопшто не постојат такви жени.
на крајот на денот, мое е да имам стандарди и тоа високи кога се работи за партнерка со која што би требал да си го пројдам животот и да градам заедница, истото не го сметам за проблематично туку апсолутно неопходно, и да, цврсто верувам дека ќе најдам адекватна партнерка која што комплетно ги задоволува моите стандарди и воопшто ги нема тие red flags кои што ги набројав, или пак има најможен минимален број на истите со некои други добри карактеристики кои ќе прават да ги засенат и тие минимален број на red flags.