ManUtdChampions
Lleyton Hewitt
- Член од
- 5 февруари 2009
- Мислења
- 32.551
- Поени од реакции
- 43.024
Не правам муабет за титула, туку освојување титули сезона после сезона.. Павар секако го сакав во Јунајтед летово, и Тен Хаг сакаше да го земе, ама не му одобрија доволно средства ради ФФП.Како бе нема?Во Интер речиси да нема играч што е без титула, Хакан нема лигашка титула едино и Димарко (не сум сигурен за овој дали 2021 беше во состав или на позајмица, ме мрзи да проверувам), другите горе доле сите имаат освоено титула, башка и имаат играно финале ЛШ, финале ЛЕ, Павар да не го спомнувам има све освоено и на клупско и на репрезентативно ниво.
Ама муабетот ми е дека ако Јунајтед сака брз напредоk, му требаат играчи кои ќе дојдат и веднаш ќе го подигнат нивото на тимот. Ако сака да гради тим пополека, треба да се фокусираат на млади играчи со потенцијал. Тука би влегле на пример Барела и Бастони, но со Ди Марко, Михтаријан, Турам, Дамфриз, Чалханоглу, Де Фрај и слични фудбалери не би добиле апсолутно ништо. Ниту би го дигнале самите нивото на тимот на кое сакаме, ниту пак би ти биле некоја инвестиција за во иднина.
Едит: Барела бил 27 години за некој ден. Мислев дека е помлад, ама сметам дека може да ни биде од корист. Иако сите забораваме дека Јунајтед го има и Маунт, кој знаеме дека знае да игра фудбал кога е фит.