Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
31 јануари 2024
Мислења
270
Поени од реакции
931
pa za koj k ondak dobiva kredit za nesto sto napravil na nekolku natprevari u 2-3 meseci?
platen e taka da igra niz cela sezona u najmala raka a ne nekolku natprevari
Дечко, ајде те молам сконцентрирај се на дискусијата, или не ме цитирај. Основна работа е да ако сакате да учествувате во дискусии морате да знаете кои се тезите и поентите на муабетот.

Прашањето беше кој од оваа екипа на Јунјтед може да игра за Сити. Мојот одговор беше единствено Шо, затоа што Сити реално нема лев бек, и Рашфорд на лево крило, НО СО ФОРМАТА од ТИЕ НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ОД ЛАНИ. Значи кога би можел да игра во таа форма без проблем би фатил место во Сити на лево крило.

Што не ти е овде јасно? Ниту тврдам дека со падовите во формата Рашфорд заслужува плата што ја зема, нити дека треба да довива кредити за тоа што го прави. Сконцентрирај се на тоа што луѓето пишуваат ако сакаш да ги цитираш и да те земаат сериозно во дискусијата.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.238
Поени од реакции
57.067
На здравје да ти се пиперките, муабетот беше од пред минимум 3 години.
Фала. Ова ми останало у памет како споредба меѓу играчи на Сити и Јунајтед, и тоа било од летово :D

https://forum.kajgana.com/threads/premier-league-2023-2024.116858/page-5#post-9900798

у продужение имаш муабети у следните 2-3 страни.
 
Член од
31 јануари 2024
Мислења
270
Поени од реакции
931
Фала. Ова ми останало у памет како споредба меѓу играчи на Сити и Јунајтед, и тоа било од летово :D

https://forum.kajgana.com/threads/premier-league-2023-2024.116858/page-5#post-9900798

у продужение имаш муабети у следните 2-3 страни.
Не е ова таа легендарна дискусија, знаеш и сам. Тогаш уште Ставрогин бев, многу беше одамна. А што се однесува до оваа дискусија, си стојам на кажаното. Многу го потценувате Мартинез, лани се покажа како клучно засилување. Овогодишната повреда е една од главните причини што Јунјатед изгледа многу лошо назад. Мартинез здрав е меѓу најдобрите светски дефанзивци, без претерување. Никој од Аке, Аканџи и Стоунс не е подобар од него.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.238
Поени од реакции
57.067
Не ми текнува искрено, ама знам дека имаше споредби, е сеа дали била оваа последнава или претходно ама друг клуб да бил у прашање не знам.
Не си бил Ставрогин сигурно, пола и поише од фудбалерите се веќе пензионирани од времето коа пишуваше под Ставрогин акаунтот. :D

Не го потценува Лисандро никој, само што некако испаѓа проблем неговата борба со повреди, никогаш не е константен и нема континуитет на настапи. Вака, освен висината друго е добар.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.861
Поени од реакции
63.634
Не го потценува Лисандро никој, само што некако испаѓа проблем неговата борба со повреди, никогаш не е константен и нема континуитет на настапи. Вака, освен висината друго е добар.
До пред повредата на стапалото лани беше одличен, а тоа се случи на крај на сезоната. Значи, играше долг период на високо ниво. Еве, годинава ја почна сезоната со лошо зарасната коска, мораше на операција и му се случи ова вчера. Според мене, Мартинез од лани би можел да игра во било кој тим во светот.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
9.131
Поени од реакции
7.609
Да, сепак со оглед дека имаше шанси да отсуствува многу по долго ова е помалото зло.
Бајо лани скоро пола сезона го немаше оваа скоро цела, нема помало зло го јадевме целото. :D
 
Член од
31 јануари 2024
Мислења
270
Поени од реакции
931
Бајо лани скоро пола сезона го немаше оваа скоро цела, нема помало зло го јадевме целото. :D
Еден месец само на крајот не играше лани. И во право е @reddevil4ever , арно поминавме, мислев ќе речат 2 месеци нема да игра.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.536
Поени од реакции
6.186
Бајо лани скоро пола сезона го немаше оваа скоро цела, нема помало зло го јадевме целото. :D
Ја искоментирав повредата од вчера, се шпекулираше скинати лигаменти во тој случај ќе беше повреден минимум 8 месеци а и никогаш не си истиот играч после таква повреда.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.525
Поени од реакции
20.649
Нажалост, нема никакви наговестувања дека ке биде вратен назад. И пеналот го извел со десна нога, иако е левак примарно.

Да бе, а ваквите клипови од Антони каде дрибла 5 играчи не ги објавувате !!!
 
Последно уредено:
Член од
11 април 2012
Мислења
4.420
Поени од реакции
4.911
Дечко, ајде те молам сконцентрирај се на дискусијата, или не ме цитирај. Основна работа е да ако сакате да учествувате во дискусии морате да знаете кои се тезите и поентите на муабетот.

Прашањето беше кој од оваа екипа на Јунјтед може да игра за Сити. Мојот одговор беше единствено Шо, затоа што Сити реално нема лев бек, и Рашфорд на лево крило, НО СО ФОРМАТА од ТИЕ НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ОД ЛАНИ. Значи кога би можел да игра во таа форма без проблем би фатил место во Сити на лево крило.

Што не ти е овде јасно? Ниту тврдам дека со падовите во формата Рашфорд заслужува плата што ја зема, нити дека треба да довива кредити за тоа што го прави. Сконцентрирај се на тоа што луѓето пишуваат ако сакаш да ги цитираш и да те земаат сериозно во дискусијата.
Пријателе не знам зашто бегаш од темата, Пепито у сити има поставено такво темпо каде или се залагаш комплетно кога тоа ќе биде побарано од тебе или идеш на трансфер листа. нема формата ОД ТИЕ НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ, или играш или чао. значи под дифолт зашто овој е константен колку снегот во скопје никад нема да заигра за нив. Реално со ова понашање толку треба да заигра и во Брегалница ама тоа во некоја друга тема


Ааааа извини не знаев дека коментирам со Ставрогрин. уште еднаш се извинувам продужи со споредбата друже најбоље се играчите на јунајтед како поединци на своите позиции признавам пред сите тука.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.066
Поени од реакции
10.768
Сте нашле да се објаснувате со жабариве на кои Јанг умрениот им беше најдобар играч па сеа Дармиан трупот го прават добар
Онана е ѕвер ама ради канцерогената средина не го бива иначе топ е, такви играчи газат по Италија додека у сериозни лиги дно допираат и затоа тука треба да заврши секоја споредба
 
Член од
29 октомври 2023
Мислења
285
Поени од реакции
374
Друже у моментов бубрег би дал да имаш у тим играч ко Бастони и Барела плус Хакан ( и двајцата може да играат во тим покрај Касемиро ), и секако Лаутаро а би го спомнал и Димарко кој веќе 2 години игра на многу високо ниво само толку си го гледал, ради вакво егоманијакални ставови после чудно ви е како после Ферги, до ден денешен точно ниеднаш Јунајтед не бил активно вклучен у битката за титула (изброј колку години се тоа), а притоа имале јаки играчи и слично, а во реалноста имале пичкици и дабери кои кај Ферги можеле само вода да носат и да чистат копачки, секоја чест на исклучоците, кои биле далеку од доволни.

Има добри играчи сега Јунајтед, Бруно, Рашфорд иако не го сакате ради одредени ствари,Хојлунд и тн, ама дај бе, ок е, стварно да беше така ко што викаш Јунајтед и ќе беа погоре на табела а и сигурно немаше да завршат позади ебаните Копенхаген во групи од ЛШ, па магаре да е тренер со толку јаки и фантастични играчи ќе се прошетаа во таква група.

Колку тренери се сменија, апсолутно ниеден не успеа да го вметне Јунајтед во битка за ПЛ титула 11 години, веќе во втора декада влагате без притоа да гледате како Јунајтед се бори за самиот врв, тоа е многу мислам, не? Една година ќе се погодеше, со јаки фудбалски имиња во тимот, ко што му се поклопија коцките на ... Раниери, али ништо од тоа, запрашај се зашто. :)

Сплет на многу околности е, ама една од нив е .. зашто ниту една од овие 11 сезони они немале шампионски ростер, и играчи што можат тоа да го достават, па ти прај си математики со трансфермаркет вредности, глеам голем ќар од тоа си видел у последниве 10 години.

Неам иначе ништо против Јунајтед, ама како клуб сте класичен пример колку е важна целокупната организација а не само пари да се има, Ферги сите конци ви ги држеше, после него сте хоророт, слично им се дешава и на Ајакс откако си заминаа Ван Дер Сар и Овермарс, Челзи се уште еден пример сега. Ама кај вас ова трае веќе 11 години.
Генерално кажуваш факти и за некој од страна што не е навивач ок став е тоа, само да ти кажам околу Јунајтед после Ферги, Ферги од 1-2правеше односно од сите го вадеше максимумот и освојуваше лига мижејки, дел од кривицата беше негова оти го остави клубот онаков каков што беше,со пола тим пред пензија и вечни таленти (клеверли,браќата да Силва,Евра,Гигс,) може и има други ирелевантно е сега, друга работа е она што го кажа за структурата колку е битна и се согласувам,бидејќи после Ферги се изнакупуваа катаљарда играчи а впечатокот беше како да ни фали уште еден (се надевам дека разбираш) за да направиме нешто, неколку примери ми допаѓаат на памет,Погба пример кој што беше брилијантен во Италија, секогаш требаше да има некој до него за да му ги чисти глупостите,губење топка,заборавање во напад и слично а ние таков слуга немавме/не најдовме или сметаа дека нема потреба од таков играч затоа не ги ни исполни очекувањата, Санчез типот немаше воља за живот кај нас, Шмидфилд никако не заиграа како што треба премногу спори и многу повреди, Лукаку страшен на контри,плеј топка не знаеше да смири,уште памтам како се одбиваше топката од него додека се обидуваше да смири, Ди Марија супер почеток имаше ама не сакаше да биде сервилен спрема веќе гореспоменатите и си отиде не ми текнува други ама секогаш фалеше барем уште еден играч што ќе покрие таму кај што требаше.
И за Интер да кажам мој став, нема шанси да не сте реални ни малку со оглед на тоа што Италијанската лига е многу слаба. Мој личен став е дека вас Брајтон ќе ве доминира лесно а не пак Јунајтед,дека сме си шит во домашно првенство сме, ама Имтер не би бил проблем.
Автоматски споено мислење:

Абе ако вие само земете го па после оправајте се. Божем Ван Бисака е подобар од Дамфрис а еден куп пари го плативте тоа неписмено чукаре.
Еее сега се кажа со овоа, 1vs1 ни Меси нема да го мине Бисака.
 
Последно уредено:

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.474
Поени од реакции
42.841
И за Интер да кажам мој став, нема шанси да не сте реални ни малку со оглед на тоа што Италијанската лига е многу слаба. Мој личен став е дека вас Брајтон ќе ве доминира лесно а не пак Јунајтед,дека сме си шит во домашно првенство сме, ама Имтер не би бил проблем.
Друже вас Копенхаген ви беше проблем, не еднаш, туку два пати,со оглед дека со 1 тон среќа победија на ОТ со промашен пенал на гостите во самиот финиш, Галатасарај во 2 меча не успеаа да го победат, не па Интер или некој друг, али ок чим така резонираш, не дека планирам нешто да дебатирам во однос на тоа или па да ти го сменам ставот. Нека е така ете, брајтон ќе не доминирале, за вас муабет да не правиме. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom