Фан Клуб: Вардар

Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.151
Поени од реакции
35.226
Само утакмициве да напраат да се играат од 7-8 у сабота недела, и да не го тупат со тоа картите на билетари, ќе имаат тродупло навивачи на трибина, ако не и више. Само тоа треба да го напраат, не им треба никаков маркетинг низ градов ништо...
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Мислам дека ова е многу подабар термин отколку недела во 7-8 навечер, кога немаш после утакмица со што да си одиш дома (ако си дојден со ЈСП), а и сега иде зима па не мислам дека некој сака во 8 навечер да мрзне на градски
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.694
Пред празните трибини на Градски, Вардар во жалосен натпревар ја совлада Брегалница со 1-0!

На цел стадион немаше ни 300 души, од кои овеќето и така беа на Запад...
Баш ќе правиме муабет колку луѓе ќе има на Европските мечеви на клубот, особено ако има успеси :)

И покрај се, огромна забава на Западот и одлично навивање во текот на целиот меч со милион заебанции. Мора да се истакне дека на север беше забележан џандар што спие седејќи, по што цела трибина скандираше да се разбуди :pos::pos::pos:
После скандирањето конечно се разбуди и доби прекор од колегите :icon_mrgr:
Нема спиење алооо :icon_mrgr:

Е толку беше интересна утакмицата...
Ако не победевме, Петров ќе беше трагичарот на мечот. Промаши три големи шанси...
Игравме со Серафимовски во средината, Глигоров не играше, а се друго беше исто од мечот со Шкендија.
Гроздановски мора да го пофалам дека два пати по ред добро ја игра улогата на лев бек.
Вардар тргна напаѓачки, и особено бушевме по десно преку Асани и Хамбар, ама сепак откако ќе направеа добра позиција, крајниот потег им беше лош.
При еден таков влез, Петров беше буквално сам пред гол, но успеа да го погоди голманот кој патем беше далеку од голот и во тој момент се враќаше да се фрли по топката. Значи Петров имаше празен гол пред себе, но од 7-8 метри гаѓаше во спортивниот агол и го погоди голманот...
Потоа имавме корнер, но голманот на Брегалница спаси со парада по ударот на Хамбар ако не се лажам.
Какво голче им бапнавме мадре мија :D
Дашијан даде вистински еврогол со бомба од околу 30 метри откосо. Директива во агол :)
Потоа се повреди Деспотовски и го извадија од игра, а на негово место влезе Миранјан.
До крајот на првиот дел Петров уште еднаш искочи сам пред гол откосо, ама погоди крај стативата.

Прв пат бевме со двајца напаѓачи и двајцата беа очај. Петковски со прв лош меч после долго време, а за Миранјан нема потреба да се трошат зборови.
Дрво невидено, стварно сум вчудоневиден како играл за Шахтјор и за Ерменија...
Па оној Бонифачио ни беше покорисен од него...

Имаше чиста шанса Миранјан во второ полувреме, искочи пред гол слично како Петров, ама биеше очајно... Второто полувреме не беше којзнае колку содржајно, покрај оваа шанса, имаше и еден обид на Петковски со глава кој беше лесен плен за голманот на противниците, како и уште една шанса на Петров овојпат не толку добра како првите две и одново не успеа да погоди.
Сепак изигра солиден меч и им правеше доста проблеми на бековите на Брегалница, заедно со Асани...

Во второ полувреме Ацевски влезе место Асани (откако овој беше доста нервозен после голем број на стартови врз него, па бурно реагираше и доби жолт), а колку беше очаен Миранјан говори фактот што го извадија во игра откако влезе во прво, и на негово место влезе Иванов :LOL:

Брегалница имаше три прилики. Првата со одличен удар од далечина во прво полувреме, кога Павловиќ избоксира во корнер со парада. Потоа во второ полувреме, Павловиќ направи кардинална грешка и ја изгуби топката во шеснаесетник, противничкиот играч убаво го лобуваше, но Злате спаси на гол линија. Во последна минута можеа да не закопаат откако по еден корнер биеа над пречката со глава...

Подебела екипа од овие немам видено. Човече сите се селски градени, како третолигашкине играчи :LOL:
Останува впечатокот дека на вакви мечеви нашиве се заебаваат и не играат сериозно што од време на време ни се удира во глава.
Покрај Гроздановски, Дашијан беше веројатно најдобар, откако неколку пати нанижуваше неколку нивни играчи по ред, а и го постигна голот.

Последните 15 минути беше вистинската забава на трибини, Аргентина во мало, ко што би рекле Аеродромци :icon_mrgr:
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.496
Поени од реакции
9.988
Немаше ни 300 души според мене. :icon_mrgr:
Може на 90% овој термин не им одговара, мене ми е топ :D
Утакмицава тапа, се кажал Коњаников, барем еден еврогол видовме, ми идеше некако дека ќе им ја учука од таму.. :D Оној Миранјан, тежок пациент, али секоја сезона мора да си имаме играч од негов калибар иначе не бива. :D
На Запад 100-тче можда, ама лудница навивање, ептен јако се навива на вакви утакмици, лабаво, заебанции колку сакаш, права журка :icon_mrgr:
Најјак момент беше кога го будевме џандарот со "Буди се, буди се" се разбуди, па после му пеевме "легни си, легни си" :pos:
Последните минути од натпреварот на трибина ги поминавме со атмосфера како да имавме резултат што не носи во ЛШ, а не мизерија, што и играчине како едвај да чекаа да заврши утакмицана :icon_mrgr:
На крајот од утакмицата, се пееше уште некои 5-10 минути после утакмица, си грмеше "Распукала Шар Планина " :LOL:
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.147
Поени од реакции
4.542
http://sportmedia.mk/andreev-moite-igrachi-se-emotsionalno-mrtvi/

До негде е во право. Во рок од 3-4 дена играа два тешки натпревари против директниот конкурент, на двата ги тепаа, ги избација од куп и речиси ги отпишаа од трката за титула во првенство. И кога „најјаката екипа“ ја газат два пати за 3 дена нема ни мотив ни ништо за игра
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Во среда со Тетекс од 13:30 ќе се игра утакмицата. :tapp: Се што ќе ја надмине бројката од 200 души на стадион ќе треба да се смета за одлична посетеност.Наместо да бараат од 18:00 да се игра утакмицата во ситуација кога има услови за такво нешто овие во сред недела ја ставаат утакмицата во период кој што не им одговара ни на тие што имаат од сабајле обврски,ни на тие што имаат после ручек обврски и после се чудат зошто празен зјае стадионот. :facepalm:

Инаку утакмицава ќе треба убедливо да се добие со 4-5 голови разлика и се што ќе биде помалку од оваа разлика треба да се смета за неуспех.Реално Тетекс е најмртва екипа во лигава и не смееме да дозволиме одново да ни скине бодови како што беше во Ѓорче кога изигравме 2:2.Они стандард против Вардар ќе играат како да е утакмица од финале на ЛШ,но овој пат мора да докажеме дека сме неколку класи над нив и да ги демолираме на градски.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.147
Поени од реакции
4.542
Оваа полусезона уште еден месец и заврши, зимава мора да се покренат акции иницијатива и од управа и од Комити за враќање на публиката на Градски. Да не се залажуваме, термините какви и да се посетеноста е очајна, „репресијата“ е само изговор, Вардар мора да има поголема посетеност, мора ! За почеток, прв потег нека биде отворање на јужна на сметка на северна
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Ако се сеќаваш еднаш ме искара зошто сум изигравал кул лик поради тоа што навивам за домашна екипа. Е сеа од кај потресување зошто не можеш да присуствуваш на екипа од домашно првенство, сакаш и ти да си „кул“ или Самсоненко фан си?
ЖРК, РК па и ајде пред да почне најавената ера на ФК Вардар во Европа од Самсонеко, ќе ја фатам уште пред да почне за да не искочи дека сум Самсоненко фан односно успехфан навивач како и да милуваш.
Во среда со Тетекс од 13:30 ќе се игра утакмицата. :tapp: Се што ќе ја надмине бројката од 200 души на стадион ќе треба да се смета за одлична посетеност.Наместо да бараат од 18:00 да се игра утакмицата во ситуација кога има услови за такво нешто овие во сред недела ја ставаат утакмицата во период кој што не им одговара ни на тие што имаат од сабајле обврски,ни на тие што имаат после ручек обврски и после се чудат зошто празен зјае стадионот. :facepalm:

Инаку утакмицава ќе треба убедливо да се добие со 4-5 голови разлика и се што ќе биде помалку од оваа разлика треба да се смета за неуспех.Реално Тетекс е најмртва екипа во лигава и не смееме да дозволиме одново да ни скине бодови како што беше во Ѓорче кога изигравме 2:2.Они стандард против Вардар ќе играат како да е утакмица од финале на ЛШ,но овој пат мора да докажеме дека сме неколку класи над нив и да ги демолираме на градски.
А кога се играше во 19 часот демек гужва имаше на билетара и на влез на стадион?
Исти кур дали е 19 дали 13часот, само не поштедуваат од мрзнење и од непотребни трошкови за рефлектори курци палци.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
А кога се играше во 19 часот демек гужва имаше на билетара и на влез на стадион?
Исти кур дали е 19 дали 13часот, само не поштедуваат од мрзнење и од непотребни трошкови за рефлектори курци палци.
И ти си во право. :) Не дека имало борба за карти (никогаш ниту имало ниту ќе има такво нешто за утакмица од домашно првенство) ама мора да признаеме дека има каква-таква разлика во бројката кога се игра утакмица од 13:00 или 19:00.До душа и таа разлика е од некои 100-200 души,но за денешни услови и тоа е голема бројка за утакмиците на ФК Вардар со оглед на тоа што по 300-400 души има на стадион на утакмиците кои не се дерби натпревари и тоа едни исти луѓе се на стадион без разлика на тоа дали се игра во Ѓорче или на Градски. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom