Фан Клуб: Вардар

Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.183
Поени од реакции
3.153
Skapanici be brakja toa e toa..Samo profit i profit,ja neznam sto ni pushtivte i na pocetokot na sezonava vo Gjorce,mada i taja namestena bila..Na krajot od godinava konecno ke si zaminat pa dostojno ke idem ako treba i u 3 liga da gi gledam !
Inace cestito samo nizete pobedi i ne go davajte vrvot..Pa ako dade gospod se gledame vo finale na kupot :D
 

|gor

Шмрчем амфетамин
Член од
12 јануари 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.503
Тоа е тоа што можеше да се издвои од овој натпревар...
Не мотивиран гостински тим, а богами и доста неквалитетен особено во одбранбените редови...
Ги избушивме со акции со пасови низ нивната одбрана, по кои наши играчи избиваа сами пред Манчевски и можевме комотно да славиме со повисока разлика.
Првиот гол падна откако Хамбарџумијан убаво нафрли, но топката не беше толку опасна колку што одбраната на Тетекс бавно реагираше. Петров имаше време да дотрча од позадина, просто да го натскока дефанзивецот кој мораше да ја избие таа топка (мислеше веројатно дека е сам и не се постави убаво), да ја мавне топката со глава и да го совлада неподготвениот Манчевски.
Уште не се опоравија гостите, а веќе беше 2-0.
Според мене ова беше најубавата акција на мечот. Некој од средината даде маестрална топка за Хамбарџумијан во фор, со што испадна цела одрабана на Тетекс. Буквално ги ибушивме по крилните позиции. Мислам дека пасот го даде Серафимовски кој одново беше стартер, или пак Глигоров (а можеби и Дашијан :D). Хамбарџумијан како брз воз влезе во шеснаесетникот, милиметарски прецизно му пушти топка на Ивановски на кого не му беше тешко да ја погоди празната мрежа.
Потоа Асани имаше добар дриблинг, но шутот му беше блокиран, топката дојде до Ивановски кој имаше 100% шанса, но биеше крај стативата. Асани понатаму исто доби една топка во празно, убаво го сецна дефанзивецот на Тетекс, но одново во последен момент го блокираа.
Од првото полувреме тоа горе-доле беше се...
Во вториот дел Хамбарџумијан како играч на мечот уште толку продолжи да ги буши по негова страна. По една таква акција, Ивановски прими топка од страна, одлично додаде до Дашијан кој за момент ја закочи акцијата, но сепак си направи простор и ја закачи топката под пречката.

Во тој момент направивме некои измени, влезе во игра Петковски наместо Дашијан ако не се лажам, а Иванов место Асани.
Одлично се покажа Серафимовски во средината, добро е што конечно доби шанса 90 минути. Треба што повеќе да игра, па дури и на побитни мечеви. Така се прават играчи...
Даваше неколку одлични пасови во фор за крилата по кои добиваа отворен пат пред противничкиот гол.
Четвртиот гол беше целосна изработка на Хамбарџумијан и реализација на Иванов, негов гол првенец во сезоната. А ако не се лажам мислам дека му е и прв првенствен погодок во дресот на Вардар. Хамбар влезе од страна, ги нанижа сите, дојде пред Манчески и несебично му асистираше на Иванов за да постигне гол.
Петковски малце беше себичен и желен да даде гол инаку и повеќе ќе победевме. Истотака прими топка од Хамбар, имаше осамен соиграч лево од него кој беше во 100% ситуација, но се реши да заврши сам, се заглави, па се ослободи и биеше над голот. Имавме и една шанса по корнер по која Петковски биеше за малку над голот.
Шанса доби и младиот Стојановски, Драчевецот :D
Излезе Петров, Влатче отиде на лево крило, Стојановски на лев бек, иако мислам дека десен бек му е природна позиција.
Се покажа добро, имаше еден одлично блокиран шут по кој мислеше дека топката отишла во воздух и ја бараше со главата, се вртеше лево-десно, а уствари топката му беше на земја, пред нозе. Момент кој предизвика смеа на трибината :D Но сепак доби аплауз, затоа што и после тоа одлично ја одзема топката, а истотака со добар клизач спречи и развој на нивна контра.
Мислам дека Влатче асистираше за последниот гол. Не знам кај беше одбраната на Тетекс, ама Ивановски изби сам пред гол и само пласираше под телото на Манчевски. Ивановски имаше шанса и за хет-трик, во слична ситуација како и при петиот гол успеа да бие само крај стативата.

Конечно една повисока победа, не знам како немаат желба да ги полнат противниците на сите мечеви, немале мотивираност ебате. Што немаш мотивираност, ако гледаш дека не знаат да одат, земи напукај ги, билдај си статистика... А не како мрзи се влечат по терен на дел од мечевите.
За Тетекс е трагична ситуацијата, буквално ниедна светла точка немаше во тимот и нажалост со сигурност се второлигаши...

На трибини околу 250 луѓе на цел стадион од кои 150 на запад. Навивањето солидно во текот на целиот меч, особено во првиот дел. Пет добро одработени меча за недела дена, за жал бројката е таа што е :)
Десно крило му е природна позиција, но незнам зошто откако почна да игра за првата екипа на Вардар стана бек
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Zosto nemame rezerva za desen bek, pa nego go igraa u podgotovkite na taa pozicija :)
 

|gor

Шмрчем амфетамин
Член од
12 јануари 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.503
На младинското финале играше бек за да го сопре тој Андонов или како и да е.
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
После година дена ругање да го пофалиме нашиот тренер Сергеј Андреев, заслужи :D

7 натпревари во низа победа
16 гола дадени
2 гола примени
Тоа е лошото уствари, што пијаничштено се умисли дека е некој добар тренер. Заслужил клоци само. Во оваа сезона повеќе удел има Тетовче отколку Андреев. Васовски и така вади/извадил лиценца што му треба за да може и официјално да се води како прв тренер па не би ме изненадило со Ѓошевски да издејстуваат да летне Андреев па и официјално они двајца да си превземат.

Се ближи паузата, и покрај Шиљо што го најави ЦЦС сигурно ќе има уште некое засилување.
Непотребните како Љамче, Темелков, Бојќе, Кобетиќ, треба да си заминат и така никаква корист нема од нив. И обавезно мора да се донесе уште еден голман кадарен да може да му конкурира на Павловиќ за да не доаѓаме до ситауција ради ноншалантоста на Павловиќ, да примаме голови како тој од Шкендија претходната недела.
И уште не ми е јасно како можеа за ерменецон од Шахтијор да дадат 100 илјади евра за да го донесат, у секој момент очекувам да падне и да си ја искрши вилицата од што не знае да трча.

Илчо и Един ги забораив, и они треба да си заминат :D
 
Последно уредено:
Член од
7 август 2011
Мислења
4.749
Поени од реакции
12.764
Серафимовски и со брегалница играше 90 минути. Добро е што полека почнуваат да ги форсираат младиве. Треба и Иванов да го играат почесто веќе кога станува јасно дека ќе се прошетаме низ првенството. Еден од нив тројца да успее ќар сме.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Јас па мислам дека немаат доволно квалитет младинците за да станат првотимци во иднина.
Убаво е да се форсираат имаат повремени блесоци, ама убаво би било да се фрлат во оган и на поважни мечеви, да видиме како играат под психолошки притисок, како ќе изиграат во дерби меч.
Нека се стават прва постава со Металург на пример, нека почнат со Ренова, вака со тапа противници, и јас да влезам во игра може ќе изиграм добро.

И покрај тоа што не почна којзнае колку добро, за мене Асани е најдобар млад играч во екипата. Едноставно има потенцијал да биде подобар од другите, но само ако многу работи. Има многу брзо движење и со тоа МОЖЕ да отскокне од другите, но не мора да значи. Она што му фали е подобра физичка конституција, бидејќи е слаб во дуелите. Треба многу да се работи со него, мислам дека може да се изделка во добар играч.
Серафимовски беше убедливо најдобар Вардарец во младинското финале. Вчера покажа дека може да даде одлични пасови, а богами и доста трча и се труди во играта, со оглед на тоа што доаѓа од Комитска фамилија, се гледа дека игра со срце за клубот и дава се од себе на теренот :D[DOUBLEPOST=1414705982][/DOUBLEPOST]Истотака заборавив да го пофалам Влатче за последните партии.
Феноменално изигра на последните 4 меча, изгледа левава бековска позиција повеќе му одговара :D
За разлика од Глишиќ не игра толку офанзивно како лев бек, затоа на последниве 4 меча примивме само еден гол, со оглед на тоа што таа страна ни беше добро затворена. Доста навремени стартови имаше со кои прекина добри акции на противниците.
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.534
Поени од реакции
3.726
Знае некој како оди системот за играње дома-гости во плеј-офот?
Ако сме прво место, со вториот би играле дома, со третиот во гости итн?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Знае некој како оди системот за играње дома-гости во плеј-офот?
Ако сме прво место, со вториот би играле дома, со третиот во гости итн?
Рано е за плејофот, прво треба да завршат трите круга.
Прво се игра трокружно, па на крај првите 6 одат во плејоф.
Би требало со 2,4 и 6 да играме дома, а со 3 и 5 на гости.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.146
Поени од реакции
4.539
Колку е глуп новиов систем, алал да му е на тој што го смислил.. Треба талент ваков систем на натпреварување да направиш :ROFLMAO:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.534
Поени од реакции
3.726
Рано е за плејофот, прво треба да завршат трите круга.
Прво се игра трокружно, па на крај првите 6 одат во плејоф.
Би требало со 2,4 и 6 да играме дома, а со 3 и 5 на гости.
Знам дека е рано уште, али требаше до сега негде да објават како ќе иде тоа. Би било добро 2те останати утакмици со Шкендија да ги играме на Градски, зошто со ваков несериозен пристап каков што покажуваат на неколку дуели сезонава, како да е се решено, осеќам дека ќе правиме киксови и ќе губиме „лесни“ бодови. Следниве 4 кола се страшно битни за да не го дозволат тоа, од друга страна Шкендија има лесен распоред до полусезона, само еден натпревар играат во гости и лесно можеме да си ја закомплицираме сами ситуацијата.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.144
Поени од реакции
35.169
Пола лига незнае пешки да иде овие на турново гол неможат да им дадат, ти ебам селската лига...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom