Фан Клуб: Вардар

RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.618
Поени од реакции
2.717
КУП НА МАКЕДОНИЈА, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ:

Кожув – Тетекс

Турново – Дрита

Вардар – Ренова

Еуромилк – Работнички

Првите натпревари ќе се играат на 18 ноември, а реваншите се закажани за 6 декември.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.694
Знаев дека овие ќе ни паднат :pos:
Да се немало мира од Македонсково Челзи значи :icon_mrgr:

Финале со Тетекс? :icon_mrgr:
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
На крај да не и го збрцаш ? :D Медиумиве денес цел ден пишуваат дека Пандев го напушта Галатасарај у јануари.
Kamo sreka. :D
Ali ne zaboravajte deka Pandev zima milion i pol plata. Nas celiot budjet ni e tolku.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.125
Поени од реакции
20.989
Kamo sreka. :D
Ali ne zaboravajte deka Pandev zima milion i pol plata. Nas celiot budjet ni e tolku.
Пред крај на кариера е, никоја појака странска екипа не би сакала да го земе. Па ако сака да игра, ќе дојде во Вардар, макар и минимална плата да зема :D
Еве, добри вести: http://mrt.com.mk/node/16056
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
чкендија си има нешто ко свој канал и си ги пренесува утакмиците онлине (мислам не сум баш сигурен), па не ли знаат и нашине ретарди од Вардар да направат некој канал на ustream или слично и да даваат онлине пренос кога игра вардар дома?
 

|gor

Шмрчем амфетамин
Член од
12 јануари 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.503
1-0 Петров[DOUBLEPOST=1414587193][/DOUBLEPOST]2-0 Ивановски
Изгледа со петарда ќе ги испратиме Тетовчани[DOUBLEPOST=1414593250][/DOUBLEPOST]Како што кажав со петарда ги испративме :D
Мило ми е за Иванов што го даде својот првенец.(y)
Сега ни следуваат тешки 5 натпревари во кои очекувам најмалце 4 победи.
 
Последно уредено:
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Пишав пред некој ден дека очекувам победа со 4 или 5 голови разлика,но искрено не очекував дека таквата победа ќе дојде на начинот на кој што дојде денес т.е со одење.Тетекс е убедливо најслабата екипа што некогаш сум ја гледал во животот.Со онаков пристап ако останат истите играчи и во 2 лига верувајте дека не им бега и нов пад во 3та лига.Натпреварот одлично го отворивме со гол со глава на Петров во 12та минута по асистенција на Хамбарџумјан кој што денес беше максимално расположен за тимска игра и 3 пати асистираше,а ќе имаше шанса и за 4 асистенции ако Петковски не се замислуваше Фалкао и погодеше во ситуациајта во која што Хамбар ја шина цела одбрана на Тетекс.Јасно беше колку е саатот уште кога Патковски со неговите 156cm даде гол со глава.Неколку минути подоцна Фичо Ивановски кој што денес стартуваше зголеми на 2:0 и тоа беше резултатот со кој што отидовме на полувремето без премногу да се заморат играчите.Ја искористи максимално шансата одново да стартува Фичо и покрај тоа што даде 2 гола запиша и една асистенција.Во второто полувреме како дадовме 3 гола уште не ми е јасно.Буквално нашиве одеа по терен и не се замараа премногу со голот на Тетекс,но и покрај тоа од што се лоши тетовчани дадовме 3 гола.Првиот гол го даде моторот на екипата Дашјан кој што игра се подобро и подобро по асистенција на Ивановски.Акција како на мал фудбал...топка од страна и одлична реализација на ерменецот.Потоа во последните 5 минути од натпреварот најпрвин Иванов од неполни 2м ја гурна топката во голот на Тетекс по асистенција на Хамбарџумјан (99% од голот е негов),а во последната минута од регуларниот дел Ивановски доби долга топка во празно при што излезе сам со голманот на Тетекс и не му беше тешко да реализира за петерда во мрежата на гостинот.

Важно е да се истакне дека за Вардар стартуваа двајца младинци (Асани и Серафимовски кој што одигра 90 минути),а на полувремето Асани беше заменет со друг младинец (Иванов).Некои 20 минути доби и Стојановски (исто така младинец) и за тоа време на левата бековска позиција изигра коректно и доста борбено.

На стадион веќе стандар бројка...не повеќе од 200-250 гледачи.

Спикерот излгледа имаше џапнато литро ракија пред да почетокот на утакмицава.Најпрво Сергеј Андреев го најави како Андреј Сергеев,а потоа на полувреме кога Тетекс правеше измена вика ‘‘измена во редовите на Брегалница‘‘.:D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.694
Тоа е тоа што можеше да се издвои од овој натпревар...
Не мотивиран гостински тим, а богами и доста неквалитетен особено во одбранбените редови...
Ги избушивме со акции со пасови низ нивната одбрана, по кои наши играчи избиваа сами пред Манчевски и можевме комотно да славиме со повисока разлика.
Првиот гол падна откако Хамбарџумијан убаво нафрли, но топката не беше толку опасна колку што одбраната на Тетекс бавно реагираше. Петров имаше време да дотрча од позадина, просто да го натскока дефанзивецот кој мораше да ја избие таа топка (мислеше веројатно дека е сам и не се постави убаво), да ја мавне топката со глава и да го совлада неподготвениот Манчевски.
Уште не се опоравија гостите, а веќе беше 2-0.
Според мене ова беше најубавата акција на мечот. Некој од средината даде маестрална топка за Хамбарџумијан во фор, со што испадна цела одрабана на Тетекс. Буквално ги ибушивме по крилните позиции. Мислам дека пасот го даде Серафимовски кој одново беше стартер, или пак Глигоров (а можеби и Дашијан :D). Хамбарџумијан како брз воз влезе во шеснаесетникот, милиметарски прецизно му пушти топка на Ивановски на кого не му беше тешко да ја погоди празната мрежа.
Потоа Асани имаше добар дриблинг, но шутот му беше блокиран, топката дојде до Ивановски кој имаше 100% шанса, но биеше крај стативата. Асани понатаму исто доби една топка во празно, убаво го сецна дефанзивецот на Тетекс, но одново во последен момент го блокираа.
Од првото полувреме тоа горе-доле беше се...
Во вториот дел Хамбарџумијан како играч на мечот уште толку продолжи да ги буши по негова страна. По една таква акција, Ивановски прими топка од страна, одлично додаде до Дашијан кој за момент ја закочи акцијата, но сепак си направи простор и ја закачи топката под пречката.

Во тој момент направивме некои измени, влезе во игра Петковски наместо Дашијан ако не се лажам, а Иванов место Асани.
Одлично се покажа Серафимовски во средината, добро е што конечно доби шанса 90 минути. Треба што повеќе да игра, па дури и на побитни мечеви. Така се прават играчи...
Даваше неколку одлични пасови во фор за крилата по кои добиваа отворен пат пред противничкиот гол.
Четвртиот гол беше целосна изработка на Хамбарџумијан и реализација на Иванов, негов гол првенец во сезоната. А ако не се лажам мислам дека му е и прв првенствен погодок во дресот на Вардар. Хамбар влезе од страна, ги нанижа сите, дојде пред Манчески и несебично му асистираше на Иванов за да постигне гол.
Петковски малце беше себичен и желен да даде гол инаку и повеќе ќе победевме. Истотака прими топка од Хамбар, имаше осамен соиграч лево од него кој беше во 100% ситуација, но се реши да заврши сам, се заглави, па се ослободи и биеше над голот. Имавме и една шанса по корнер по која Петковски биеше за малку над голот.
Шанса доби и младиот Стојановски, Драчевецот :D
Излезе Петров, Влатче отиде на лево крило, Стојановски на лев бек, иако мислам дека десен бек му е природна позиција.
Се покажа добро, имаше еден одлично блокиран шут по кој мислеше дека топката отишла во воздух и ја бараше со главата, се вртеше лево-десно, а уствари топката му беше на земја, пред нозе. Момент кој предизвика смеа на трибината :D Но сепак доби аплауз, затоа што и после тоа одлично ја одзема топката, а истотака со добар клизач спречи и развој на нивна контра.
Мислам дека Влатче асистираше за последниот гол. Не знам кај беше одбраната на Тетекс, ама Ивановски изби сам пред гол и само пласираше под телото на Манчевски. Ивановски имаше шанса и за хет-трик, во слична ситуација како и при петиот гол успеа да бие само крај стативата.

Конечно една повисока победа, не знам како немаат желба да ги полнат противниците на сите мечеви, немале мотивираност ебате. Што немаш мотивираност, ако гледаш дека не знаат да одат, земи напукај ги, билдај си статистика... А не како мрзи се влечат по терен на дел од мечевите.
За Тетекс е трагична ситуацијата, буквално ниедна светла точка немаше во тимот и нажалост со сигурност се второлигаши...

На трибини околу 250 луѓе на цел стадион од кои 150 на запад. Навивањето солидно во текот на целиот меч, особено во првиот дел. Пет добро одработени меча за недела дена, за жал бројката е таа што е :)
 
Член од
10 август 2012
Мислења
915
Поени од реакции
780
После година дена ругање да го пофалиме нашиот тренер Сергеј Андреев, заслужи :D

7 натпревари во низа победа
16 гола дадени
2 гола примени
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.694
За дуелот со Турново нашата предност ќе биде уште поголема, со оглед на тоа што двајца првотимци ќе им паузираат пореди суспензија. Сашко Пандев и Маврвов нема да играат против нас.
Се надевам дека ќе успееме да ги совладаме.
До крај на полусезонава ни останаа уште 4 тешки мечеви:
Турново (гости)
Металург (дома)
Ренова (гости)
Работнички (дома)

Убаво е да ги добиеме наредните три дуели иако против Ренова во Тетово секогаш тешко ни оди...
Работнички конечно фати залет, ете колку значи Стојков. Сам ја издигна екипата за 50%...
Ќе биде одлична утакмица Вардар-Работнички и ако до полусезона завршиме со скор 4/4 мислам дека големи ни се шансите за титулата.

Сепак типувам на 10 бода од можни 12 во наредните мечеви :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom