Фан Клуб: Аргентина

P

pepito*

Гостин
Гаго со повреда на коленото, најверојатно го пропушта светското. Сите квалификациски утакмици ги играше, Сабеља го спремаше да биде главен плејмејкер, се паѓа во вода. Од друга страна Банега е подобар избор од него според мене, ама сеедно Гаго ќе биде голем хендикеп ако не се опорави. Одбраната ќе остане иста најверојатно, Мусачо и Кабаљеро нема да бидат повикани освен ако се случи некакво чудо. Пасторе можеби ќе биде повикан наместо Гаго во составот. Повеќе играчи се во одлична форма што им дава надеж на Аргентинците - Ди Марија, Лавеци, Игуаин, Гарај... Меси се поштедува колку што може за светското, а Агуеро се очекува исто дека ќе експлодира.
Мој фаворит како и секогаш на светските првенства :love:
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
Лукас Биља ќе го замени Гаго без проблем, не е ни тешко да се замени Гаго :D
не ми е јасно само зошто Кабаљеро не добива повик, Аргентина дефинитивно нема подобар голман од него. Исто и Фасио со моменталниве игри во Севиља заслужува да биде повикан.
ако Банега биде стартер од него ќе зависат многу работи, тотално непредвидлив играч ама мислам дека ќе има голема желба и ќе изигра ко што знае.
според мене Аргентина има потенцијал да биде шампион, иако никој не ги сваќа сериозно.
една ретро фотка со Меси, Банега и Гаго :) од 2008 кога беа шампиони на Олимписките игри што се одржаа во Кина
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Само да не напраи некоја глупост и да го повика Камбијасо на местото на Гаго како што напраи Марадона со Верон пред 4 години...

Истотака добар играч на таа позиција е и Клаудио Јакоб од ВБА.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.125
Поени од реакции
20.989
Ромеро нема изиграно ни 2 натпревари сезонава(втор голман е во Монако), ама ќе биде прв голман на СП за Аргентина.
Од друга страна, Кабаљеро е еден од најдобрите голмани во Ла Лига, ама нема да биде повикан.

Заради вакви глупави (не)потези на Марадона пред 4 години, оваа генерација на Аргентина беше декласирана од Германија во 1/4 финалето на СП во Јужна Африка.
 
Член од
17 март 2014
Мислења
670
Поени од реакции
917
Неиграњето на Гаго е + за Аргентина али не знам баш колку Банега со неговите настапи за Њуелс може да придонесе за да ја одржува плејмејкерската позиција во Аргентина. Штета селекција со вакви напаѓачи да пати поради средината и несмасноста на Сабеља околу неповикувањето на Мусачо и Вили.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Абе види, средина со Маскерано како задњи везни, Банега како б2б и Ди Марија како либеро и не е така лоша. Само работата е што нема соодветни резерви, се плашам дека пак ќе истрипа со Камбијасо или некој од старата гарда, примерот со Верон во 2010...
 
P

pepito*

Гостин
Абе види, средина со Маскерано како задњи везни, Банега како б2б и Ди Марија како либеро и не е така лоша. Само работата е што нема соодветни резерви, се плашам дека пак ќе истрипа со Камбијасо или некој од старата гарда, примерот со Верон во 2010...
Шанса нема за такво нешто, Камбиасо не е повикан за репрезентација од 2011. Рики Алварез, Пасторе ќе ги повика сигурно, нема место за ветерани овој пат.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Шанса нема за такво нешто, Камбиасо не е повикан за репрезентација од 2011. Рики Алварез, Пасторе ќе ги повика сигурно, нема место за ветерани овој пат.
Алварез од ноември месец нема изиграно 3 утакмици како што треба, Пасторе океј е, како замена за Ди Марија...

Треба уште еден деструктивец у тимов, креативци има колку сакаш... Мора да има некој што ќе ги одмара Банега и Маскерано.. Клаудио Јакоб од ВБА е добар играч ама колку му има паднато во око на Сабеља е големо прашање.. Друго, не се слагам дека неиграњето на Гаго е предност за Аргентина, не знам зашто толку голем хејт јаде, супер играч е, барем за репрезентација нонстоп гинел и давал се од себе.
 
P

pepito*

Гостин
Алварез од ноември месец нема изиграно 3 утакмици како што треба, Пасторе океј е, како замена за Ди Марија...

Треба уште еден деструктивец у тимов, креативци има колку сакаш... Мора да има некој што ќе ги одмара Банега и Маскерано.. Клаудио Јакоб од ВБА е добар играч ама колку му има паднато во око на Сабеља е големо прашање.. Друго, не се слагам дека неиграњето на Гаго е предност за Аргентина, не знам зашто толку голем хејт јаде, супер играч е, барем за репрезентација нонстоп гинел и давал се од себе.
Знаејќи го Сабеља од тоа што до сега беше тренер, не ми се верува дека играчи како Јакоб, Мусачо, Фазио или Кабаљеро, односно играчи што до сега не биле повикани ќе добијат шанса во тимот за Бразил. Веројатно кога се работи за деструктивци ќе остане тимот на Маскерано и Биља и плус некој што бил повикуван во последно време, пример Родриго Брања еве го најдов. Мислам дека нема ни епизодна улога да има трет деструктивец пошто ќе играат со еден, Банега го сметам за box to box играч или плејмејкер. На вакви турнири како што е светското ти требаат секогаш 15-6 играчи во добра форма, не мора цел тим од 23 души да ти биди сјаен. Сепак освен Банега немаат некој квалитет на таа позиција во отсуство на Гаго. Чист пример Соса во Атлетико единствен во цела екипа им е што е комплетно надвор од форма и не знам ни дали ќе биди повикан. Макси Родригез бил во форма ама игра на сосема друга позиција. Јебем ти Аргентина кога со години немаат извадено играч од класата на Рикелме и Верон. Аргентинците многу надежи имаат на Ди Мариа за транзициите, течноста на нападите и пред се завршните пасови кон напаѓачите. Меси ќе мора да се враќа поназад, ама не можи се за да зависи од него. Ди Мариа ќе биди најважен играч за тоа дали ќе има успех Аргентина во Бразил.
Одбраната е најслаб дел, особено левиот бек Рохо е срање. Аргентинците имаат изјави во стил му дава блоуџаб на тренерот за да игра и тоа единствено е логичко објаснување за тоа што е секогаш во првата постава. Од друга страна Маскерано, Гарај и Забалета ако играат на највисоко ниво како што можат не гледам зошто не може Аргентина да биде добра во дефанзива. Во нападот се многу разновидни и непредвидливи, мислам дека нема одбрана што може да ги запри Меси, Агуеро, Игуаин, Лавеци кога се во фазон.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Тоа е муабетот, тоа е реалноста јеби га.. Ние само можеме да си даваме претпоставки, сепак на крај ќе бидат повикани играчи од типот на тој Брања или некој од мексиканско првентсво.
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
Соса е камен.
леви бекови има солидни, пример Ансалди е солиден, само што не му текнува да го викне..
како што рече ЏВ Јакоб заслужува да биде повикан, Енцо Перез од Бенфика е одличен играч што може да игра на средина.
 
Член од
17 март 2014
Мислења
670
Поени од реакции
917
Што мислите за Гаитан, дали тој ќе биде повикан? Сметам дека е во подобра форма од Рики Алварез
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Што мислите за Гаитан, дали тој ќе биде повикан? Сметам дека е во подобра форма од Рики Алварез
Нико Гаитан од Бенфика?
Не бе брат нема шанси, Атсо го спомна и Енцо Перез истотака добар везен играч, има многу такви играчи ама како ретардирани да се од федерацијава а и селекторов ограничен е изгледа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom