12. Tom Jones - Tony Richardson (1963)
Го гледав уште пред 3 дена, не стигнав да пишам до сега и сега заборавив што сакам да кажам. Од што беше глуп.
Вака: одлучив за време на предизвиков да ги гледам сите филмови кои зеле Оскар за најдобар филм, па така за оние години за кои ги немам гледано тие филмови, ќе ги гледам баш нив. Прв беше Wings, сега втор испадна Tom Jones.
Но, не за џабе овој на скоро секоја листа го ставаат на последно место како најлошиот Оскаровец во историјата. Се работи за „комедија“ но и костимирана (period) драма за едно вонбрачно дете кое сестрата на благородник го остава во постелата на братот и тој одлучува да го изгледа како сопствен син, но обвинувајќи една од слугинките дека е вистинската негова мајка, и еден слуга дека е татко (а греши за обајцата) и ги протерува од домот. Том Џонс пораснува и се заљубува во сосетката Софи која е благородничка, а тој - „копиле“ кое не смее ни да и се доближи. Но љубовта е посилна од се, нели.
Е сеа вака звучи ко нормален филм. Ама не е. Неконвенционален е, ко да сакале во него да ги вметнат сите невообичаени техники во времето кога се појавил, па затоа тогаш се сметал за авандгарден и затоа бил интересен за Академијата. Затоа воопшто не ме зачудува фактот зошто во тоа време зел Оскар. Но, outdated е секоја една техникалија од него, па денес делува веќе видено, досадно и во голема мера дебилно. А што е сето тоа? Вака: филмот започнува како нем филм во боја, со телопи со текст, со fast-forwarded снимка, со музика во позадина... Потоа во воведот започнува нормалниот тек, но ненормално снимен: актерите често гледаат во камерата, во некои сцени дури и разговараат со камерата, односно со гледачот, потоа некаде, како во анимираните краткометражни Looney Toones филмчиња круг зумира глава на некој актер со цел да покаже дека истиот прави некаква гримаса која е важна на некој начин, или барем смешна, во сцени каде имаше некаква тепачка или караница,з а да изгледа поконфузно камерата брзо го менуваше аголот на снимање, па така можеш да добиеш вртоглавица, и најдебилното за мене: кај што имаше бркотници, снимката беше fast forwarded, па така делуваше ко да ја гледам онаа серијата Палавковци, од наше време.
Не знам, многу глуп филм, не ми се допадна. 4/10