ФИЛМСКИ ВРЕМЕПЛОВ 1923-2022 (Патување 40: 1940 - 25.11-08.12.2024)

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.455
Поени од реакции
13.591
7. 2005

Batman Begins

65JWXDCAfwHhJKnDwRnEgVB411X.jpg


Никогаш не ме влечеле филмови за супер херои. Вториот дел е добар заради Џокерот, инаку како што кажав ваков жанр на филмови се гола вода.
Го избрав овој заради Нолан и Бејл.


3/5
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Great Escape (1963)


Британски воени затвореници се однесени во логор во Германија во Втората светска војна. И од првиот ден започнуваат со план за бегство, да ископаат 3 тунели за преку нив да избегаат над 250 затвореници. Полукомична воена авантура, малце поише трае али океј е, добар филм.

Најпопуларен филм од својата генерација а има само една номинација за Оскар.

8.5/10
 
Член од
22 август 2022
Мислења
574
Поени од реакции
1.830
Уште еден филм со воени заробеници, изгледа темата била ин таа година.

8.The List of Adrian Messenger (1963)


Anthony, поранешен Ми5 агент е контактиран од неговиот пријател Adrian Messenger за невообичаена услуга. Adrian има резервиран лет и токму пред патувањето на Anthony дава листа со 11 лица коишто навидум не се поврзани меѓусебно и бара од него да истражи дали сѐ уште живеат на истите места.
Откако авионот во којшто е Adrian мистериозно експлодира како резултат на дело на непознат сторител, листата станува поинтригантна за истражување, дотолку повеќе поради тоа што голем дел од лицата на неа се неодамна починати под мистериозни околности но има прилика да се сретне со преживеаните. Убавите кадри од градот и трилер музиката којашто потсетува на атмосфера од Зона на самракот, го прават филмов жив, динамичен и пријатен за гледање, заборавајќи дека е црно-бел.








Малку има the cook is the killer момент кадешто многу рано се откриваат некои важни моменти, но дотолку ќе простиме за продукција од тоа време. Исто така, времетраењето е нешто повеќе од час и половина што ми е искрено идеален максимум за филм.
Во кратки црти, сакам мистерии, ми се допадна, убав труд е вложен, би ми било уште подобро ако сторителот не беше толку очигледен, но изгледа дека причината и врската меѓу луѓево беше поважен момент од сторителот така што не кратам оцена.

Оцена 5/5
 
Последно уредено:

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.455
Поени од реакции
13.591
8. 1963

The Birds

the-birds-still4.jpeg


После запознавањето на Мич и Мелани во продавница за птици, Мелани решава да го посети во неговиот роден крај. Набрзо по доаѓањето во градот, почнуваат да се случуваат ненадајни напади од птиците врз жителите.
Абе навистина добро почна филмот и ми држеше внимание поголем дел од времето. После малку стана некако без врска и едвај чекав да заврши.


3/5


За жал, решив, филмови постари од 1970 нема веке да гледам во овој предизвик, некако безпотребно губење на време ми е, ретко да ми се допадне некој баш стар филм.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.860
12. Tom Jones - Tony Richardson (1963)

1701541453562.png

Го гледав уште пред 3 дена, не стигнав да пишам до сега и сега заборавив што сакам да кажам. Од што беше глуп. :P

Вака: одлучив за време на предизвиков да ги гледам сите филмови кои зеле Оскар за најдобар филм, па така за оние години за кои ги немам гледано тие филмови, ќе ги гледам баш нив. Прв беше Wings, сега втор испадна Tom Jones.

Но, не за џабе овој на скоро секоја листа го ставаат на последно место како најлошиот Оскаровец во историјата. Се работи за „комедија“ но и костимирана (period) драма за едно вонбрачно дете кое сестрата на благородник го остава во постелата на братот и тој одлучува да го изгледа како сопствен син, но обвинувајќи една од слугинките дека е вистинската негова мајка, и еден слуга дека е татко (а греши за обајцата) и ги протерува од домот. Том Џонс пораснува и се заљубува во сосетката Софи која е благородничка, а тој - „копиле“ кое не смее ни да и се доближи. Но љубовта е посилна од се, нели.

Е сеа вака звучи ко нормален филм. Ама не е. Неконвенционален е, ко да сакале во него да ги вметнат сите невообичаени техники во времето кога се појавил, па затоа тогаш се сметал за авандгарден и затоа бил интересен за Академијата. Затоа воопшто не ме зачудува фактот зошто во тоа време зел Оскар. Но, outdated е секоја една техникалија од него, па денес делува веќе видено, досадно и во голема мера дебилно. А што е сето тоа? Вака: филмот започнува како нем филм во боја, со телопи со текст, со fast-forwarded снимка, со музика во позадина... Потоа во воведот започнува нормалниот тек, но ненормално снимен: актерите често гледаат во камерата, во некои сцени дури и разговараат со камерата, односно со гледачот, потоа некаде, како во анимираните краткометражни Looney Toones филмчиња круг зумира глава на некој актер со цел да покаже дека истиот прави некаква гримаса која е важна на некој начин, или барем смешна, во сцени каде имаше некаква тепачка или караница,з а да изгледа поконфузно камерата брзо го менуваше аголот на снимање, па така можеш да добиеш вртоглавица, и најдебилното за мене: кај што имаше бркотници, снимката беше fast forwarded, па така делуваше ко да ја гледам онаа серијата Палавковци, од наше време.

Не знам, многу глуп филм, не ми се допадна. 4/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.860
1701618159161.png

Недела 9: 1993 - 03.12-09.12.2023

Годината во која Спилберг ја започна Jurassic Park франшизата, Брендон Ли беше убиен за време на снимањето на неговиот филм The Crow, излегува филмот Super Mario Bros. кој е првиот филм во историјата направен според видео игра, братот на Хоакин Феникс, актерот Ривер Феникс умира од предозирање... Годината во која се родина: Вил Поултер, Џенифер Стоун, Ариана Гранде, Камерон Монахен, Кеке Палмер, Патрик Шварценегер, Миа Гот, Оливиа Кук и многу други, а не напуштија: Одри Хепберн, Џозеф Манкиевич, Брендон Ли, Федерико Фелини, Ривер Феникс... На филм за прв пат ги видовме: Џенифер Анистон, Кејт Бекинсејл, Селма Хајек, Метју Мекконахи, Британи Марфи, Боб Оденкирк, Ана Пакин, Рајан Рејнолдс, Мајкл Шенон, Алисиа Силверстон, Џејда Пинкет Смит, Марк Стронг, Винс Вон и Рене Зелвегер.

1701619112482.png

1701619161859.png

Листа на сите филмови номинирани за Оскар: https://letterboxd.com/juliec/list/66th-academy-awards/

Мене ми се гледани сите номинирани за Оскар за најдобар филм, па ќе барам нешто друго за гледање.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.860
13. Searching for Bobby Fischer - Steven Zaillian (1993)

1701782148721.png


Убаво, feel good филмче за раните години од детството на Џош Веитцкин, (сега веќе) поранешен американски шахист, за неговите почетоци, љубовта кон шахот, инспирацијата од Боби Фишер кој по освојувањето на светската титула во шах прави еден интересен потег - исчезнува (нешто слично прави подоцна и Веитцкин некаде во 1999, кога е речиси на врвот на кариерата и кога сите му предвидуваат светска слава, тој се повлекува од играње шах, заради, како што вели, изгубената љубов кон играта - почнал да се фокусира кон победи, победи и само победи, а со тоа престанал да го сака шахот онака како што го сакал во детството). Филмот не е толку за шахот и шаховската игра, а уште помалку за Боби Фишер. Филмот е за родителската љубов, за амбициите на родителите кои најчесто своите неостварени соништа ги пресликуваат врз децата и сакаат да ги остварат преку нив, за детството, за растењето, за сфаќањето дека некогаш е подобро да се стисне силно на кочница токму во оној момент кога си прв и никој не може да те стигне. Навистина убаво филмче. 8/10
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.455
Поени од реакции
13.591
9. 1993

A Bronx Tale


A-Bronx-Tale-FFC-2016.jpg

Криминална драма производство на Роберт де Ниро. Се работи за човек (нараторот) кој го раскажува неговото патешествие од мали нозе, во криминалниот свет. Калогеро успева да се издигне во очите на локалниот шеф на Италијанската Мафија и ке му понуди закрила. Шефот т.е Сони (нормално дека ке се вика Сони), иако е мафијаш, пред се е човек и ке успее да го одгледа Калогеро како свое дете, учејќи го на битни животни лекции. Во ова воспитување на патот се обидува да застане таткото на детето, Лоренцо (Роберт Де Ниро), сметајќи дека ова е лош пат. Нормално дека е.
Убав филм, држеше внимание, не беше воопшто досаден. Добро сценарио, особено кога ке го земем во предвид тоа дека ова му е дебитански филм на Роберт.
Можда заслужува и повисока оценка ама ајде.

4/5
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.455
Поени од реакции
13.591
9. 1993

The Fugitive

MV5BMTc0NDE2MjI2Ml5BMl5BanBnXkFtZTcwMzYyNTY3Mw@@._V1_.jpg

Доктор Ричард Кимбел е неправедно обвинет за убиството на неговата жена. За да докаже дека тој не е убиецот, успева да избега од полицијата, при што се пушта во потрага по вистинскиот убиец.
Добар филм, добро почна де. Подоцна, класичен Холивуд филм со претерани сцени и едно те исто. Можеше да се развие во подобра насока.


3.5/5
 
Член од
22 август 2022
Мислења
574
Поени од реакции
1.830
9. Die Tödliche Maria (1993)
Режисерско деби на режисерот на Run, Lola, Run, но не очекувајте слична продукција.

Со овој филм за првпат откога е овој предизвик, излегувам од мојата комфорна зона, дал ради секојдневиево ил од времето. Длабок и вознемирувачки, но исто толку и реален, како што е и извонредната глума. Си предупредив.

Филм којшто разработува многу психолошки теми, од чувството на вина кај преживеаниот (мајката на Мариа починала при породувањето), потоа емотивниот и умствен хаос којшто го искусува таткото којшто од една страна ја запоставува оти со нејзиното раѓање ја изгубил сопругата, од друга страна постојаната контрола и казни коишто изискуваат од неговиот страв да не ја изгуби и нејзе, што е претставено со неговото буквално шлогирање кога ќе ја види дека се бакнува со школскиот.

Потоа, фокусот оди кон врската со злонамерниот и студен сопруг, пријател на татко ѝ со којшто се венча по желба на татко ѝ.



Единствен ентитет којшто е најблиску до пријател е минијатурата Фомимо на којашто ѝ пишува писма и единствено преку тие писма се обидува да се бори против депресијата којашто ја форсира нејзиниот тежок живот, без право да се образува, работи, да се грижи за парализираниот татко и да го трпи одбивниот маж.

Сѐ додека еден ден не се појави личноста којашто ќе ја соочи со реалноста. Но, дали тоа будење ќе направи подобра Марија или полоша? И за кого?


Не сакав да ставам 5 оти не ми е my cup of tea, некои симболи не ми се допаднаа, но ако човек треба да е објективен, мислам дека проектов заслужил.

5/5
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Arizona Dream (1993)

Џони Деп е главен актер покрај Феј Данавеј, Лили Тејлор и Винсент Гало во режија на Емир Кустурица.
Ради него го одбрав филмов пошо од поодамна ми беше симнат. И згрешив.
Глуп филм, не ни сфатив што сака да каже, некој обид за фантази комедија, не знам. Едвај го изгледав, јес да на 2 пати.
Музичето е добро, Иги Поп и Горан Бреговиќ. Музиката е добра у сите филмови на Кустурица. Овој филм можда му е најтапа.

Требаше да го гледам Remains of the day.

5/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.860

1965 Вестерн, крими

Не е на списокот но....

Целата трилогија е супер, кој сака Вестерн, јас обожавам. :)
Клинт Иствуд и Лее Ван Клеф, се здружуваат да го фатат Мексиканецот за да искешираат награда од полицијата, и двајцата се баунти пиштолџии, што им го прави дуелот тукуречи малтене непобедлив.

9/10
@Ocajna , до 1965 уште не сме дошле. Ќе го префрлам мислењето во некоја тема каде би било посоодветно.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.860
1702240303868.png

Недела 10: 1957 - 10.12-16.12.2023

Една од ретките години во кои најголемиот блокбастер, односно филмот со најголема заработка на бокс офисот освојува Оскар за најдобар филм - The Bridge on the River Kwai. 1957 е годината во која умира Хемфри Богарт, филмот The Seventh Seal на Ингмар Бергман освојува специјална награда од жирито во Кан, а кон крајот на годината неговиот филм Wild Strawberries е прикажан за прв пат во Шведска, а следната година освојува Златна мечка во Берлин, и Златен глобус во 1959.

1957 е годината кога се раѓаат Џон Ласетер, Џенифер Луис, Џон Туртуро, Спајк Ли, Кристофер Ламберт, режисерот Аки Каурисмаки, феноменалниот Даниел Деј Луис, Френсис Мекдорманд, Камерон Кроу, композиторот Ханс Цимер, режисерот Итан Коен, аниматорот и режисер Бред Брд, и многу други.

Освен Хемфри Богарт, светот на филмот се простува и од Џин Локхарт (Miracle on 34th Street) и многу други актери.

На филм за прв пат ги гледаме: Алан Аркин, Ален Делон, Кетрин Денев, Бил Хантер, Лив Улман и Адам Вест.

1702241154023.png

1702241198618.png

На тие кои ги немаат гледано, им ги препорачувам 12 Angry Men, Witness for the Prosecution и Peyton Place - одлични филмови!

Листа со сите номинирани за Оскар: https://letterboxd.com/unofficialampas/list/30th-academy-awards-oscars-1958/
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Bridge on the River Kwai (1957)


Мостот на реката Квај е воена драма каде британски затвореници заробени од јапонците во Втората светска војна се сместени во еден камп мислам дека во Тајланд, и по наредба на полковникот Саито треба да изградат мост преку кој ќе поминува пруга и треба да ги спои Банкок со таму некое друго место. Сето тоа е до негде во ред, се додека Саито не нареди комплетно сите затвореници да работат на мостот меѓу кои и офицерите, генералите и тн. И тука на сцена стапува генералот (овие ги мешам баш, крнел мрнел сите ми се исти) Николсон кој го потсетува Саито на Женевската конвенција каде стои дека воени затвореници смеат да работат но тоа не важи за старешините. Саито сака во истиот момент да го убие но еден од лекарите го советува дека има премногу сведоци и ситуацијата може да ескалира. За тоа Николсон и останатите старешини се затворени во еден кафез. Тука започнува психолошката војна меѓу Николсон и Саито.

Воен филм но централна тема е психологијата на луѓето односно нивните принципи, сериозни карактери кои ни под разно не сакаат да попуштат и стрикно се водат по нивното принципиелно функционирање.
Супер филм, одлични дијалози, добра кинематографија, добра глума, малце предолг можда можело и малце да се скрати али ова веќе ми стана некоја пракса да секој филм подолг од 2 саати ми е многу али нема врска.
Филмот е добар и темата која ја разработува го прави да биде безвременски.

8.5/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom