ФИЛМСКИ ВРЕМЕПЛОВ 1923-2022 (Патување 40: 1940 - 25.11-08.12.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
Кучево ако не добие оскар за најдобар супортинг актер ќе биде доказ дека се местени Оскарите.
На Канскиот филмски фестивал му дадоа - Palm Dog награда (или Кучешка палма, по нашки :P ).

BTW, инструменталката што на почетокот ја пушташе мажот е некоја преработка на PIMP на 50 Cent во која учествувал и Snoop Dog. А кучето (The Dog) во филмот се викаше Снуп. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
18. The Holdovers - Alexander Payne (2023)

1703797550607.png

Во еден интернат некаде во САД, за Божиќ, 1970 година остануваат „заробени“ еден ученик кој никој не го сака, и еден професор кој никој не го сака. Ова е филм за тоа како двајцата ќе ги поминат божиќните и новогодишните празници, полн со комични, но и со heartwarming моменти, и филм за нивното необично но искрено зближување. Не само тоа - туку ова е и филм од оние какви што веќе не прават - едноставен и прост, а со толку многу емоции и жар во него. Сум го подзаборавил одличниот Александар Пејн, ова е уште еден одличен филм од него. Ми требаше вакво нешто пред празниците, а уште подраго ми е што веројатно ова ќе биде последниот филм за мене во 2023.

Добар, навистина добар! 9/10
 
Член од
22 август 2022
Мислења
579
Поени од реакции
1.836
11. The Verdict (1982)



Овој пат, се решив за legal drama и искрено не зажалив.
Еден од ретките филмови коишто повеќе те тера да размислуваш за она што е правилно а што погрешно проучувајќи го главниот лик и неговото однесување одошто самиот случај на којшто се нафаќа.

Ми се допаѓа оваа американска филозофија, не постои нешто како генерална пропаст, некогашни деликвенти може да станат инфлуенсери, најуспешните луѓе може да поминат низ неколку банкрот фијаска, а и адвокат којшто поради некои погрешни избори му пропаѓа кариерата, има право да се бори да ги сруши табуата и предрасудите.

4/5
 
Член од
22 август 2022
Мислења
579
Поени од реакции
1.836
12. Oppenheimer (2023)


Колку е тенка линијата меѓу херој и злосторник?
Колку се злобата и добрината чисти и неприкосновени во нешто толку возвишено, но и полно недостатоци како човечкото срце и ум.
Нешто што не наликува на очекуван биографски или историски филм.
Ремек дело за коешто толку многу се пишуваше и зборуваше, многу детализирање би било излишно.
Знам дека до крајот на крајната шпица седев прикована за седиштето, ако го гледате сами и внимателно, не може да не ве трогне.
А и симпатијата за којашто мајка ми ме зеза е главен лик.:rolleyes:

Постојат два момента коишто најмногу ми оставија впечаток.
1. Не го идеализираа ликот на Опенхајмер. Со сите негови слабости и пороци го прикажаа како што треба. Некогаш постои тенденција да се идеализираат до ниво на тотем историски ликови и тоа ме вади од кожа. Да бе, светци се по автоматизам.


2. Идеален баланс меѓу субјективното и објективното. Во 3 часа успеале да го прикажат цел настан од две гледишта на многу успешен начин, преку примена на црно-бели и колор сцени.





Нешто коешто би сакала да е претерано во филмот: Сцените со сослушувањата. Значи да не му се верува на човек колку беа немилосрдни и не сакав да верувам дека Нолан ги направил според вистинската состојба.

Сѐ на сѐ, уметничко дело за мене.

5/5
 
Последно уредено:

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.455
Поени од реакции
13.602
XX. 2023

The Killer

THE-KILLER-Actor-Michael-Fassbender-Credits-Netflix.jpg


После неуспешен обид за убиство, животот на хитменот и неговата жена е загрозен.
Не знам зошто му требаше ова на Финчер, филм што би бил актуелен пред 15-20години. Веќе видено.

3/5
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Anatomy of a Fall (2023)
Anatomie d'une chute


Некое планинско село близу Гренобл, во една куќа пред скоро време преселени живеат татко, мајка, слепо дете и куче. Детето се враќа од прошетка и го наоѓа татко му мртов, со локва крв околу себе.

Обдукцијата не знае што вели, мислат така, но мислат и онака. Немаат конкретен заклучок.
Полиција, инспектори, детективи не постојат. Мајката е осомничена за убиство, без докази, оставена на слобода, и започнува судење.
Судењето комедија, си нафрлаат вака-така сценарија, обвинителството ниту има случај, ниту докази, ниту ништо, викаат некои вештаци да го објаснат паѓањето и се се сведува на муабети.
Полициска истрага ко што реков не постои и целата поента се сведува на муабети.

Жената е обвинета дека го убила мажот директно или индиректно како што од нигде никаде ќе се појави аудио снимка. -Го објаснија ова до душа дека мажот повремено, рандом, снимал моменти од нивните животи.
Одбраната вика дека се работи за самоубиство откако на женава ќе и текне дека пред извесно време нашла апчиња у повраќаницата на маж и.
За на крај последниот збор да го има слепо дете кое претходно 5 пати кажа различни приказни.

Целата поента на филмот е меѓучовечки односи, брак, трагедија во бракот, морални дилеми и слично.

Ова да го праеше шпанец, ќе беше прејака мистерија со плот твист.
Да го праеше скандинавец ќе беше прејака шокантна трилер-драма.
Го праи француз, и е глупо.

Сандра де факто е убиецот, можеби не директно ама дефинитивно индиректно со нејзиното понашање и психичко труење на маж и со сето тоа наметнување вина за трагедијата на син им.
Детето ја заштити мајка му, свесно беше за нивните проблеми и караници, можеби и очекувал дека некогаш тие караници ќе ескалираат. Приказната со татко му е измислена со оглед на тоа што беше спремен поинаку да сведочи ама после муабетот со таа Марџ која му рече нешто у смисол вистината е онаква каква што ти сакаш да биде. Одлучи да каже приказна која ќе наведе на депресивно однесување и самоубиство.

Почна убаво, наметна убиство, мистерија и после почна да досаѓа, да е споро, да следиме глупо судење за на крај да заврши онака како што мразам да завршува филм, со отворен крај.
Највеќе ми сметаше тоа непостоење на истрага, обдукцијата не е сигурна како настанала смртта, судење без обвинение, судење каде на база на претпоставки и бош муабети можеше да затворат невин човек, судење каде на база на сведоштво на слеп човек можеше да пуштат на слобода убиец.
Полиција лесно ќе го расветлеше случајов али одлучија тоа да го фрлат у втор план за да паѓаме у несвест на останатото.

7/10 едвај.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
19. La sociedad de la nieve / Society of the Snow - J. A. Bayona (2023)

1704580908674.png

Римејк на Alive (1993), го имавме во Клубот, Society of the Snow е копродукција на Шпанија и САД (Netflix) и шпански кандидат за Оскар (влезен во кратката листа од 15 филма пред номинациите). За тие кои не знаат, станува збор за вистински настан од 1972 година, кога авион кој превезувал уругвајски рагби тим до Чиле се срушил на Андите. 16 од 45 патници и членови на екипажот во авионот преживуваат во најсурови услови (екстремно ниски температури, повреди, недостаток на зимска облека, 2 лавини...) цели 72 дена! Разликата меѓу Alive и овој е што Alive е повеќе да покаже, овој е повеќе на емоциите, затоа гледаме многу гро планови, читаме од лицата на преживеаните и слушаме еден наратор кој иако понекогаш нервира, носи поинаква емоција во филмот и како таков - за нијанса повеќе му верувам за разлика од Alive. Технички совршен - тука немам никаква замерка.

Инаку, приказната лежи како и основа за создавање на серијата Yellowjackets која сосем случајно ја гледав неодамна, иако таму во сосема друга насока се движи се. Во секој случај, ако ви се допадне филмов, препорака и за Yellowjackets.

7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
20. Spider-Man: Across the Spider-Verse - Joaquim Dos Santos, Justin K. Thompson, Kemp Powers (2023)

1704586949048.png


Или очигледно - најпопуларниот филм од 2023. Мене ме остави не премногу импресиониран. 90% од филмот се бркотници на чкртаници, а 10% приказна / содржина. Севкупно во 15 минутен краткометражен можеле да вметнат се. Into the Spider-Verse беше далеку подобар. Овој само нешто измеѓу 6 и 7 од мене, ете нека биде 7/10 само зашто никогаш не оставам половични оценки. Ама времето ќе покаже дека не е толку колку што го правите дека е. Се кладам дека за 5 години ни еден од вас кои го фалите како да е најдобриот суперхеројски или најдобриот анимиран некогаш направен, нема ни да се сеќава за што беше.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
21. Saltburn - Emerald Fennell (2023)

1704633076686.png

I liked this! Пред некој ден прочитав статија дека некоја твитерџика им го пуштила на родителите на Божиќ да го гледаат заедно, како семеен филм, и дека кога почнале да се дешаваат заебаните работи, избегала од дома, по што добила SMS од мајка и: „итно да се вратиш и да ни се извиниш на сите“. Демек до толку бил заебан филмот што не можеле да се соземат од фактот што ќерка им им го пуштила за Божиќ заедно да го гледаат. Очекував да е стварно messed up. Ама еве и јас го пуштив за Божиќ, па гледав едно сосема ОК филмче во кое не знам што е толку грозно или скандалозно. Да, има некои сцени кои се малку експлицитни (не мислам на голотија тука, патем), но не е нешто што до таа мера не може да се проголта. Ми фалеше уште еден филм во кој Бари Киоган е психопат, зашто му одговара да глуми такви улоги - таква му е фацата, психопатска. А сите се согласивме по Killing of a Sacred Deer дека е топ за такви улоги. Инаку филмот почнува сосем нормално: сиромашен стипендист на Оксфорд случајно (или не?) се спријателува со богат студент. Нивното пријателство води до таму што богатиот Феликс (Џејкоб Елорди) го поканува сиромашниот (Бари Киоган) да го поминат летото заедно на неговиот имот, Saltburn. И од тука почнуваат да се случуваат заебаните работи, ама не би да спојнам, па така... оставам да го гледате. Само немој со вашето семејство!

8/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
1704642745709.png

Недела 12: 1945 - 07.01-13.01.2024

Одиме понатаму! Повторно се враќаме во '40-тите, една година пред 1946, која веќе ја поминавме. 1945 е годината во која светот се ослободува од Втората светска војна и полека секој аспект од животот почнува да се враќа во нормала, вклучително и филмската уметност.

Во 1945 е роден Donald Duck, или кај нас познат како Пајо Паторот. Поточно, во 1945 излегува првиот цртан филм во кој тој е главна ѕвезда.

Навистина родени во 1945 се: Том Селек, Миа Фароу, Џорџ Милер, Присила Присли, Мики Руни, Хелен Мирен, Стив Мартин, Вим Вендерс и многу други. Во вечноста заминаа Роберт Алда, Силвана Мангано, Роџер Мур, Џон Расел, Одри Тотер и многу други.

1704643352950.png

1704643318220.png

Letterboxd листа со сите номинирани за Оскар од 1945: https://letterboxd.com/unofficialampas/list/18th-academy-awards-oscars-1946/
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Исто така и оваа година гледам и дека е еден од моите омилени филмови Mildred Pierce и уште некои други што ги сакам, па ќе пишам утре ако може.

Иначе браво за темава, јас искрено не ја сфатив добро, мислев дека Злате си става филмчиња само, ама вака е топ не знам зошто нема активни, баш е закон.

п.с: иначе од листава имам гледано дури 11 филмови.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
22. Mildred Pierce - Michael Curtiz (1945)

1704713598283.png

Од 1945 освојувачот на Оскар за најдобар филм, The Lost Weekend го имам гледано, па изборот падна на друг од номинираните за кој забележав дека има високи оценки добиено од моите LB пријатели - Mildred Pierce. Убаво тргна филмот, иако уште по првите 20 минути знаев кој е убиецот, па ете, од старт да кажам дека ако ова беше планирано да биде мистерија - не беше. Првите две третини се си беше на место, но во последната многу работи во приказната проблематично и непотребно се искомплицираа, што кај мене симна една цела оценка на филмот. Да појаснам: Милдред беше вљубена во Монте Берагон, можеа да продолжат со романсата до самиот крај и истата да биде причина за нивниот брак. Но, непотребно врската беше прекратена, што дополнително ги искомплицира работите и на крајот нивниот брак изгледаше максимално нереално и тотално непотребно. Не би да пишувам друго за дејството за да не оставам некој спојлер, само би кажал дека ова беше навистина убав филм, со прекрасна глума од Џоан Крафорд за која заслужено зела Оскар, но сметам дека можеше да биде и многу повеќе од тоа. Од мене 8/10.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
579
Поени од реакции
1.836
13. And then there were none (1945)


Колку што можев избегнував адаптации според книги досега, но овој пат решив да попуштам.
Во време како што е 1945, во коешто да направиш филм којшто ќе го забавува и заинтересира гледач од 2024 година е предизвик, мене филмот можеби ми беше дури и позабавен од книгата иако си имам свои причини зошто премногу не ја обожавам Агата Кристи.





Што е правда? Но, онаа ... совршена, без недостаток...

Дали може несовршенство како човек да подели совршена правда?

Кој е U.N. Owen да не речам Unknown?
Дали на крај ловците на вистината стануваат плен?

Не би сакала многу да образложувам оти повеќето од нас сме ја читале Десет мали црнци (оние што ја читале книгата, во филмот крајот е малку поинаков што на многумина помалку им се допаднало, но мене баш по ќеф ми беше) , но би сакала да го поздравам трудот на актерите коишто ми го задржаа вниманието од почеток до крај.

Чиста 5/5
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Spellbound (1945)


Ова можеби е првиот филм каде се користи психоанализа/психологија како тема. Хичкок го објаснува тоа на самиот почеток на филмот.
Се работи за жена психолог која на прв поглед ќе се заљуби во новиот директор на болницата каде што работи. Но набрзо ќе сфати дека станува збор за измамник односно лик кој има проблем со амнезија, не се сеќава кој е што е и што прави. Наместо да го пријави во полиција, ќе одлучи да му помогне.
Интересен трилер, добар филм, ментален е Хич.
Салвадор Дали бил ангажиран да помогне околу креативноста во снимањето на сцените каде раскажуваат еден сон, 20 минути материјал снимиле.

7/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom