Работи од минатото

К

Кики.

Гостин
Сладолед „Снежец“ - мојот непрежален, мастики „Базука“, чоколадни глувчиња од „Жито Лукс“- исто непрежалени,
цртанов „Калимеро“
images (1).jpg

Ваков споменар имаа сите девојчиња - внатре имаше инспиративни и поучни реченици, мојот го најдов пред некое време и ептен се смеев, а имаше и албум со вакви сликички. :)
images.jpg

Имаше вакви зелени бонбони од „Агроплод“ и внатре имаа сликички за албум Jurassic Park - албумот беше поголем од мене и ми стоеше закачен на ѕид за никој да не го чепка.
images (2).jpg

Ако и текне уште нешто ќе дополнам. :)
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
вакво нешто имав и многу ми беше чудно што на секое копче различна песна пушташе.. мелодија де :D


каде без ова :)


некои вакви подолги и со брат ми по дома се мечувавме :)колку има плачено од мене со ова кога го плесна или неке сукало на мајка ми :pos:


и она со ќебињата по дома околу столовите врзи и шатор имаш го спомна некој претходно ама магично беше поготово после некој добар цртан и целите уфилмани со брат ми ајде царство имаме :D

ох леле...
 
Член од
5 август 2008
Мислења
558
Поени од реакции
180
Тасо жетони! Имаше некои игри со нив, требаше со работ на жетонот да свртиш друг жетон...така беше нешто. Имаше посебни жетони супер тасо. Жетоните се паѓаа во чипс, така? Ај некој нека објасни подетално ако се сеќава што беше финтата со жетоните.





 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.743
Поени од реакции
8.760
Мислам нема врска со темава, ама ај..
Во дневна имам од оние старите регали со бифе што беа, се скрши тоа даската па си направив мини етно-катче.:D
Се извинувам за слабиот квалитет, ама тоа е..
Знам, сељак у душа ќе пишете сега..:pos:
Ти со мајка ми под рака да се фатиш.
Цела куќа ми е ваква, само го малтретира татко ми да и мкне од по селана свашта (таква му е шетачка работата на него).
Најново имаме ѕвонци старински, оние на кравине што им ги ставаат, како се викаа, клопотарци ли? :)
--- надополнето: 17 октомври 2012 во 01:45 ---


Кога ни стигна еднаш висока сметка на телефон, ја си знаев.. :pos:
Не можам да најдам слика од Бело Глувче :)
--- надополнето: 17 октомври 2012 во 01:50 ---
Мојата ја чувам до ден денес, како нова е.
Сум играла и сум си ја чувала, не давав да ми ја пипнат, а со години како подароци нарачував мебел, облеки итн :)
А секако, на сестра ми и ја дадов во наследство, и ме гледаше како луда.
Врска немаат децава од играње во реални играчки.

--- надополнето: 17 октомври 2012 во 01:55 ---
Не можам да најдам постара верзија, уште Тина кога ја водеше емисијата (мислам така се викаше).

На луда журка дојдете!!! :)
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Ти со мајка ми под рака да се фатиш.
Цела куќа ми е ваква, само го малтретира татко ми да и мкне од по селана свашта (таква му е шетачка работата на него).
Најново имаме ѕвонци старински, оние на кравине што им ги ставаат, како се викаа, клопотарци ли? :)
Појма немам, ама во двор имавме и тркала од кочија, земав јас едни цвеќиња што се виткаат околу тоа и многу интересно дојде. .) Оваа година пробавме нешто друго ама не успеа.
DSC00005.JPG
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.643
Поени од реакции
35.192
Еххх минато, минато

Легендарното
- ‘‘Мамоооооооооо фрли ми 10 денари‘‘
Мамичка излегува на балкон и ‘‘Зошто ти се?‘‘
- ‘‘За да купам сончоглед‘‘
Влегува мамичка дома, зема 10 денари и со штипка ги фрла одозгора, а ти требаше да ја чуваш штипката , да ја вратиш дома за следниот пат:icon_mrgr:

Имавме само 2 вида на сладолед, Снежец и највкусниот сладолед, кој откако ќе се изедеше, стануваше главен декор на сите возила на куката за приколка:icon_mrgr:

sladoled.jpg


Со брзина на светлоста ти беше главна зверка и секое дете правеше се и сешто за тебе, само за да му дозволиш 1 круг со ‘‘последното технолошко чудо‘‘
To;ak.jpg


По цели денови се играше криенка, ластик, џамлии, звонење на врата кај соседите и криење. Додека се играше се јадеше највкусната храна - Леб, маргарин и вегета (додека јадеш се молиш да не те праша некој Дај еден гриз‘‘:icon_mrgr:
На Чунга лунга, Базока несакавме ни да помислиме кога се појавија
mastiki.jpg
или мастиките на метро :icon_mrgr:
Немавме антибактериски гел, си игравме со кал и со земја, пиевме вода од црево, ама ете преживеавме
Немавме мобилни за да не повикаат дома, туку од далечина се слушаше ‘‘АЈДЕ ДОМААААААААААААААА‘‘, а тогаш со најтажната фаца на свет се прашувавме во себе ‘‘ Еххх да останев уште малку‘
И секако за крај, главниот настан за секој ученик
PIONIRI.12296.jpg
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
1.838
Поени од реакции
2.106
Се сеќавате на ова

само моето беше целото црно и рашките му беа други:)
--- надополнето: 17 октомври 2012 во 09:46 ---
Еве го :D

сепак рачките биле како на сликите,која радост беше кога ми го донесоа еххххххххххх
 

Kajgana Shop

На врв Bottom