Ако нешто најмногу сакав кога бев дете беа боенки и книги. Не знам колку фломастери и маркери се потрошија...
Зоки и Лидија.
Мурго и коска.
Пеликан гумичка кон која имав посебна љубов и постојано ја чистев.
Не лути се човече, плачев и се зацрвенував дури од нервози кога губев.
Имав вакво камионче, што ми го купи баба ми од Бугарија и само дома си играв со него за да биде ново.
Фраер си ако имаш вакви и пикаш по 5-6 во уста за да не ти ги украдат.
Тефтерчиња од некои цртани филмови и Касандра.
Споменари.
Патики што светкаат. Светкаа само недела дена.
Овие ги памтите? Пак се на мода, по цел ден ми штракаат децата во маало.
Новогодишна атмосфера, честитки, лампиони, балони и пакетчиња.