- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.666
The Passion of the Christ
Го имам гледано пред подолго време. Којзнае зошто ми текна вечерва да напишам нешто за филмов(изгледа 1/2 l пелинковец ме тера да се присетувам на вакви филмови) .
И покрај сите глупости и срања, Мел Гибсон ќе ми остане омилен режисер и уште поомилен глумец. Слаб сум, исто така, и на историски или квазиисториски филмови, посебно на спектакли од типот на Бен Хур, Падот на Римското Царство, Небесното кралство, 10 Божји заповеди, Гладијатор или Исус од Назарет.
Филмот е осврт кон последните денови на Исус на земјата во улога на човечко суштество (муабетите за тоа во каква форма ќе продолжи натаму да егзистира потоа им ги препуштам на поактивните членови на подфорумот за религија). Значи, Мел Гибсон прави филм во кој актерите зборуваат арамејски (не старохебрејски, кој веќе тогаш, во времето на Исус, е замрен јазик, освен што се користи во верските ритуали) и латински, што секако му оди во прилог и е прилично оригинално решение. Актерите, со се оној што го глуми Христос, се сосема солидни, речиси без исклучок. Впечаток, освен преубавата, иако малку подостарена Моника Белучи (една од најубавите жени кои ги имам, на овој или оној начин, видено) ми остави и оној модел, исто така жена, која го глумеше Сатаната him self. Прилично ретко се среќава жена во ваква улога, која треба
ем да го нагласи ангелскиот, полово неутрален статус на збеснатиов ангел (оти типкава не се расфла со женски атрибути), ем да му додаде извесна мистичност и таинственост во појавата, без да има злобни очи што светкаат и рогови што штрчат на сите страни. Бебчето, идниот антихрист, што ме потсетува на една бабичка што ја имам некаде видено,е исто такамногу морничаво направено.
Добар дел од филмот е посветен, како што и се очекува од насловот, на измачувањата кои ги претрпел Месијата. И тоа е прилично добро доловено, со крв на сите страни, со жестокост карактеристична за тие времиња (за сите времиња ,би додал), па верувам дека и манијакалните садисти ќе најдат задоволства во филмов.
Филмот е добро осмислен во сите сегменти кои го сочинуваат. На поголеми пропусти не се сеќавам, што не значи дека ги нема или дека на сите треба да им се допадне. Ако не е гледан, мислам дека вреди да му се даде шанса, независно од религиските определби или атеистичката настроеност.
Не би навлегувал премногу во однос на историската заднина, околу тоа кој бил виновен за смртта на Исус, дали тоа биле Евреите или Рим. Настрана од антисемитските испади на Гибсон, тој главно ја следи приказната во Новиот Завет. Ова, по Исус од Назарет, веројатно е најдобриот филм снимен по новозаветна тема.