Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.081
Поени од реакции
12.054
Благодарам на експресните одговори. Точно е дека рековте дека не сакате теории на заговори, но едноставно морав да прашам. Кому би поставил такво прашање, ако не вас? Кој би бил порелевантен да ми одговори од вас:icon_lol:?
Нам секако не ни веруваш. Не даваме одговори полни со сензација и „мистика“.
Не знам што се мачиш да прашуваш, кога секако одговорите ќе ги заборавиш на 11-тото притискање на „Испрати мислење“?
Но...
Добро е што ќе стојат тие одговори за некои идни заинтересирани луѓе за Телема, иницијации, ритуали, магика, итн итн :)
Не пишуваме само за денес, ами и за иднината :) Мора да ги избистриме умовите на луѓето за да бидат далеку од теориите на заговори и разните сказни и бајки за Редови како О.Т.О. и да не мешаат се и сешто заради нивниот страв од непознатото.

Хептаграм XI, O.T.O. Македонија, Secret fire Оазата на О.Т.О. , ќе најдете многу на овие страници. И ако ви е волја, ќе не најдете, ќе тропнете и... :)
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.329
Поени од реакции
8.933
Верувај дека сакам да ви верувам:).

Исто онака како што сакам да верувам дека терористите се борци за човекови права, или дека оној што започнал неколку војни заслужено добил Нобелова награда за мир, или големите земјосопственици, индустријалци, аристократи и банкари кои ги мажат своите ќерки за првите братучеди од страв да не загубат некоја нива која треба да ја дадат за мираз, дозволиле некој си таму селанец и бравар да дојде на чело на држава која била на границата на интересните сфери на САД и СССР.

Да верувам ли:cautious:?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Верувај, вистината е дека дотичните борци за човекови права или САД и СССР, браварот што го спомна и слично.....немаат никаква врска со темава, ОТО и нас. Па ти како ти е волја.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.081
Поени од реакции
12.054
И пак теории на заговори. Не си запознаен воопшто со Законот на Телема, О.Т.О.како таен иницијаторски Ред, магика итн нели...? Па мора сега со теории на заговори да пишуваш?

П.С.
Сомневај се. Сомневај се дури и кога се сомневаш :) Така пишува во една наша книга.
 
Претходново не беше никаква теорија на заговор, туку тоа беа очигледни факти кои и самиот ги знаеш.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Претходново не беше никаква теорија на заговор, туку тоа беа очигледни факти кои и самиот ги знаеш.
Очигледни факти за САД, СССР, Тито, некакви борци за човекови права што всушност се терористи и слично? На кој начин тие имаат било каква врска со темава?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.081
Поени од реакции
12.054
Претходново не беше никаква теорија на заговор, туку тоа беа очигледни факти кои и самиот ги знаеш.
Не се никакви факти, посебно не во врска со темава, и самиот знаеш.
Ако не знаеш што да прашуваш или да напишеш за Телема... не пишувај. Едноставно е.
Уште поедноставно е да се едуцираш за темава, имаш книги доволно за да имаш некоја основа...

Ако имаш волја и време нормално...
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.329
Поени од реакции
8.933
Eве едно ѳелемитско прашање:

Ѳелемитско време

Самите знаете дека поради земјината прецесија која трае околу 26000 години, ѕвездите на небесниот свод гледан од Земјата се поместуваат за 1° на секои 72 години, односно за 30° на 2160 години што одговара на секторот на едно зодијачко соѕвездие, гледано астролошки. Па според тоа, Сонцето е на почетокот на Девица (астрономски) и есенската рамнодневица ја сметате за 1° на Вага, а Сонцето е на самиот почеток на Девица поради прецесијата.

Зошто сите знаци ги земате дека имаат по 30° кога не е така? Плус Сонцето минува и низ Змијоносецот кого не сте го вклучиле?

Па така:

Oвен - 19. Април - 13. Мај
Бик - 14. Мај - 19. Јуни
Близнаци - 20. Јуни - 20. Јули
Рак - 21 Јули - 9. Август
Лав - 10. Август - 15. Септември
Девица - 16. Септември - 30. Октомври
Вага - 31. Октомври - 22. Ноември
Скорпија - 23. Ноември - 29. Ноември
Змијоносец - 30. Ноември - 17 Декември
Стрелец - 18. Декември - 18. Јануари
Јарец - 19. Јануари - 15. Февруари
Водолија - 16. Февруари - 11. Март
Риби - 12. Март - 18. Април

Нели треба да му направите реформа на вашиот календар?
 
Последно уредено:

Повели малку поопширно објаснување: За телемитското сметање на времето
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.329
Поени од реакции
8.933
Цитат:

Тековната дата е 26 јуни 2012 година. За годината како што видовме претходно знаеме дека е IVXX . Знаеме дека на 21 јуни сонцето преминува во соѕвездието Рак, значи сонце е во рак (првите 10 степени), месечината според пресметки е крајните степени во Девица и денот е вторник или dies Martis.

На 21. Јуни е летниот сонцестој. Летниот сонцестој е највисокиот дел на испрекинатата портокалова линија (6h), зимскиот сонцестој е најнискиот (18h), додека рамнодневиците се таму каде што се сече еклиптиката со небесниот екватор, т.е. во 12h и 0h.

Погледни каде се наоѓа Сонцето на 21. Јуни.
Се наоѓа на почетокот на Gemini, т.е. Близнаци.
 
Сонцето е во близнаци до 21 јуни 2012, од 21 јуни преминува во Рак, датумот што е земен во примерот е 26 јуни 2012, затоа е земено дека сонцето е во Рак!
 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.329
Поени од реакции
8.933
Сонцето е во близнаци до 21 јуни 2012, од 21 јуни преминува во Рак, датумот што е земен во примерот е 26 јуни 2012, затоа е земено дека сонцето е во Рак!
Навистина? Пресметај ја ректасцензијата за 26 Јуни 2012, како и деклинацијата за Сонцето за тој датум и види каде му е местоположбата на небесниот свод . Дај доказ, не само празна реторика:icon_lol:, инаку разговорот ќе ни прерасте во "поинакви докази за поинакви вистини" :pos::

http://forum.kajgana.com/threads/Креационизам-наспроти-еволуционизам.24158/page-428
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Навистина? Пресметај ја ректасцензијата на 26 Јуни 2012, како и деклинацијата на Сонцето за тој датум и види кај се наоѓа. Дај доказ, не само празна реторика:icon_lol:, инаку разговорот ќе ни прерасте во "поинакви докази за поинакви вистини" :pos::

http://forum.kajgana.com/threads/Креационизам-наспроти-еволуционизам.24158/page-428
Ок, ете ќе оставам @Хептаграм XI да ти објасни, зошто го одбрал баш тој датум како пример.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.329
Поени од реакции
8.933
Ок, ете ќе оставам @Хептаграм XI да ти објасни, зошто го одбрал баш тој датум како пример.
Не мора тој датум. Земи кој било датум и пресметај ректасцензија. Потоа види вредноста што си ја добил за ректасцензијата каде го сече небесниот екватор. Истражувај, знам дека можеш!
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.081
Поени од реакции
12.054
@121314 , „проблемот“ е ист како и со Дрвото на Животот и „светите планети“.
Ако астрономите пронајдат 12 планети, ќе мора дрвото на животот и неговиот средишен дел да го промениме? :)
Не мислам така!

„Сите“ очекуваат да се промени астролошката карта, да биде компатибилна со астрономската :) Но само „некои“ бараат да им се кажат и атрибуциите на сите тие астролошки планети, соѕвездија и нивниот сооднос.

Можеме да го поделиме кругот, ете не на 12, 13 ами на 24 дела и сонцето ќе минува секако низ нив во даден период, ќе има одреден сооднос со другите небесни тела (седумте планети на пример) и ќе има тоа некое тајно значење во однос на човекот.
Можеме и на 4 дела да го поделиме движењето на Сонцето (да, со голема буква). И сите тие сонцестои да имаат тајно-окултно значење кое, ете заради овие или оние причини се непознати за оние кои не дале завет за молчење.

И да.
Сигурно еден ден, ќе го поместиме и израмниме астолошкото време со астрономското и ќе додадеме + атрибуции на новите соѕвездија кои ќе ги имаме и тогаш сите ќе сакаат да бидат иницирани бидејќи се е ок во однос на астрономијата :)

И ова е тема за Астрологија...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom