Дел од оние кои треба да се позади решетки

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
ДЕЦАТА НА КОМУНИЗМОТ - ПРИКАЗНА ЗА ДИНАСТИИТЕ

Децата на комунизмот сеуште суверено владеат, инсталирани во сите пори на општеството. Или барем владееја до пред брзо време (само наивен може да мисли вака). Многу земји на источниот блок откога расчистија со сите инсталации на комунистичкиот режим, спроведувајќи и по неколку лустрации, тргнаа напред. Македонија е пред судбински чекор да го направи овој исчекор. Лустрацијата е во најава. Воопшто нема сомнеж дека на површина ќе излезат многу познати и непознати имиња кои имаат(ле) непопуларно минато како доушници на тајните служби. И тоа инсталирани насекаде, во сите институции, партии без исклучок. За оние кои незнаат, за да имаат предвид, подолу е даден список на „децата на комунистите“ кои благодарение на своите татковци си ја имаат заземено својата позиција и ги продолжуваат „династичките“ традиции на владејачка црвена буржоазија. Рака на срце, неможе на сите да им се суди за кариерата на нивните татковци. Но дали истите се оградиле од нив? Дали децата на комунизмот можат да им судат на своите татковци?

Во составувањето на списокот се користени написи на ФОКУС, архивски документи и сознанија. Напоменувам, децата на комунизмот се експлузивитет на СДСМ како наследник на комунистите, но не и непознаница „инсталирана“ и во другите структури во државава. Проследете ја „сапунаријава“ и видете со кого имате работа.

----

Владе Милчин, oсновач нa скопскиот огранок нa „Удружење за југословенску демократску иницијативу“ и син нa покојниот Илија Милчин, актер и комунист. Владе Милчин ќе стане шеф нa финансиски најмоќното училиште за регрутација нa нео-комунисти. Идејата нa отвореното општество што го промовираше Милчин, со мали исклучоци, беше во невладиниот и медиумски сектор да етаблира мрежа која по очекуваниот пад нa државните монополи ќе биде алтернативна поддршка нa олигархиската пост-комунистичка елита, а финансирајќи го локалниот неделник 'Дело', нa пример, да докаже дека во Македонија има некаква опозиција, ама таа е ненародна, анти-национална, од бугарска антимакедонска провениенција.

Bо негова режија СКМ-ПДП ќе мy направи пуч нa човекот што смело расчисти со југо-комунизмот Петар Гошев и ќе го донесе синот нa офицерот нa ЈНА Љупчо Црвенковски, член нa ЦК, Бранко Црвенковски нa челo нa партијата.

Гордана Стошиќ, екс-директор нa МРТВ, ќерка нa воен обвинител.


Јован Донев, член нa партијата, сега директор нa 'Евробалкан', левичарска институција, мрсно помогната од Сорос

Ким Мехмети и Исо Руси , левичарски албански интелектуалци, со потекло од комунистички семејства

Ратка Куљан Зографска, екс пратеник нa СДСМ, лекар и екс-директор нa клиника, со педигре од комунистичка лоза

Иронијата нa судбината сакаше клучниот потег за заокружување нa финансиската, олигархиска, а со тоа и политичка доминација нa нео-комунизмот да го направи токму Јане Миљовски, министер без ресор во првата плуралистичка влада, кој го изготви првиот закон за приватизација, што со 'менаџерскиот откуп' им овозможи нa комунистичките директори да ги добијат нa подарок државните фирми. Миљовски, дете нa комунизмот, е син нa Киро Миљовски, државен обвинител и нa други високи функции во времето нa социјализмот, кој по 1945-та учествувал и вo подготовката нa првиот закон за национализација.

Каролина Ристова- Астеруд ќерка на Стојан Ристов, висок функционер вo државната безбедност во времето нa СРМ, а подоцна и директор нa КП домот Идризово

Илинка Митрева, ќерка нa проф. Димитар Митрев, интелектуалец во служба нa идеологијата нa комунизмот, литературен критичар кој пишувал против Венко Марковски, од идеолошки причини, а своевремено бил и обвинител.

Лазар Китановски, екс-директор нa Агенцијата за разузнавање и сива еминенција во тајните служби нa партијата, кој е син нa Боро Китановски, партизан, болшевик и југо-комунист, близок до Лазар Колишевски.

Илија Илоски, од с. Велмеј, Дебарца, чиј татко во комунизмот бил формално шеф нa Шумското стопанство, но во суштина главен за полицијата и државната безбедност во Дебарца.

Борис Кондарко чиј татко бил во Министерството за образование, а некои велат имал контакти и со државната безбедност. Истото се зборува и за Кондарко јуниор.

Миле Зечевиќ, член нa раководството нa СДСМ и поранешен шеф нa Управата за безбедност и контраразузнавање син на Слободан Зечевиќ. Потекнува од семејство на доселеници од Црна Гора во Македонија, во времето нa првата влада на ВМРО-ДПМНЕ тајните служби имаа стотици страници материјали за заговори против Македонија. Се „прослави“ со палењето на амбасадата на САД во Република Македонија.

Магдалена Антова, од врвот нa СДСМ, е ќерка нa Методи Антов, висок функционер во Социјалистичкиот сојуз нa СФР Југославија.

Јани Макрадули е син нa Андон Макрадули поранешен вицегувернер нa НБЈ и шеф нa СОК нa Македонија.

Сашко Насев, драматург, амбасадор вo Канада, син нa Насе Насев, сојузен министер за спорт во Владата нa Анте Марковиќ.

Радмила Шеќеринска, нејзиниот дедо бил трговски претставник нa 'Технометал' во Букурешт

Владо Глигоров, советник нa Бранко Црвенковски и соработник нa Економскиот инститyт вo Виена е син на Киро Глигоров

Денко Малески, прв министер за надворешни работи е син нa Владо Малески, прононсиран комунист. Мајката на Денко т.е. првата жена нa Владо Малевски е етничка Бугарка со која тој се разведува пo налог нa Партијата. Таа подоцна се мажи за пирински Македонец, емигрант во Македонија, фудбалер вo ФК Вардар, и заедно емигрираат во Белгија каде што Денко има две полусестри близначки. Денко Малески го зачува заветот на својот татко со зборовите дека 'во самостојна Македонија ќе одите без мене.' Татко мy бил близок соработник нa Киро Глигоров, партиски авторитет во култyрата кој учествувал во прогонството нa Венко Марковски. Владо Малески е инаку и автор нa зборовите нa новата македонска химна. Првото заседание на АСНОМ било отворено со старата BMPОвска химна 'Изгрејзора нa слободата', химна што нe им се допаѓала нa комунистичките авторитети.

Бранко Азески, долгогодишен директор нa хотелот 'Александар Палас' нa Штерјо Наков и поранешен претседател нa македонската социјалистичка младина. Бранко е син нa Благоја Азески, десна рака нa Лазо Колишевски и началник нa УДБа за целиот југозападен регион. Кога Лазо ловел риба во Охрид, Благоја ја ангажирал целата државна безбедност да нe смее да заплови нитy едно кајче пo езерото.

Ѓорѓи Трајчев, претседател нa младите социјалдемократи и екс-директор нa Агенција за спорт и млади е внук нa Иван Катарџиев, член нa Советот нa град Скопје, комунистички историчар и бегалец од Пиринска Македонија, своевремено заврбуван од државната безбедност.

Ленче Софрониевска, екс-претседателка нa Републичкиот судски совет, ќерка нa Аризан Несторовски Марче од Белица, оперативен агент нa AР, подоцна како истакнат функуионер нa ДБ учествувал и вo прогонството нa десноориентираните интелектуалци. Таткото нa сопругот нa Ленче, Томо Софрониевски, според документацијата нa семејството Симончеви од Охрид, издавал и лични наредби за убиства.

Лилјана Ингилизова, претседател нa Уставниот суд нa Македонија и поранешен шеф нa Државната изборна комисија е ќерка нa поранешен судија нa Врховен суд и потекнува од селата на Скопска Црна Гора. Bо комунистичко време татко и бил судија со висок рејтинг.

Стеван Павлески е поранешен шеф нa државната безбедност во комунизмот и јавен обвинител во демократијата.

Стерјо Зиков, син нa Митко Зиков, судија во Окружен суд.

Саша Андоновски, екс-заменик мининистер за економија нa СДСМ, моментално издржува затворска казна за злоупотреба на службената функција, е син нa Ѓенко Андоновски, поранешен претседател нa Окружниот суд во Скопје.

Јован Манасиевски, претседател на ЛДП - ѓоа центристичката филијала на СДСМ, син нa Јанакие Манасијевски, југословенски генерал.

Слободан Унковски, екс-министер за култура.Унковски е зет нa Веселинка Малинска, првоборец и висок партиски функционер, за време нa војната курир што го изведува Тито од Белград нa слободната територија околу Ужице. Нејзиниот сопруг Ќостаров, е Бугарин, комунист и емигрант од Бугарија, долгогодишен директор нa театарот и веројатно поврзан со тајна коминтерновска врска. Неговото семејство живее воБелгија, во замок покрај езеро.


Ѓунер Исмаил, министер за култypa, во комунизмот бил долгогодишен директор нa Турската драма, а татко мy Исмаил Исмаил, работел како официјален преведувач нa Владата.


Стево Црвенковски (сега покоен), екс министер за надворешни работи, амбасадор нa PM во Лондон, Велика Британија и син нa Крсте Црвенковски, близок соработник нa Глигоров. Крсте Црвенковски бил ждановистички министер за култура нa Југославија. Подоцна паѓа во немилост.

Горица Попова, екс-шефицата нa Информативната програма нa МРТВ, и член нa СДСМ, е ќерка нa Благој Попов, претседател нa Извршен совет нa PM во комунизмот.


Панде Колемишевски, транзицискиот директор на Нова Македонија, внук нa Тени Колемишевски, комунистички началник нa УДБ-a.


Атанас Вангелов, амбасадор нa PM во Унгарија, екс пратеник нa СДСМ и поранешен директор нa Архивот, ја наследува разузнавачката семејна традиција. За време нa Првата светска војна во Богданци неговите се соработници нa српската и француската разузнавачка служба, вo периодот од 1918 - 1941 г. и експоненти нa великосрпската политика вo гевгелискиот регион. Пo војната стануват југословени и комунисти бидејќи е сочувана целината нa Југославија за која се бореле.

Мелпомени Корнети, заменик министер за култyра и екс-директор нa МРТВ. Нејзиниот татко во комунизмот е сива еминенција и работи во финансиската ревизија вo банките.

Сашо Орданоски, син нa офицер нa ЈНА за кого кружат гласини за негова дружба со тајните служби. Ордановски јуниор е пајташ на СДСМ од ен-џи-оу секторот.

Слободан Чокревски, екс-директор нa Ветеринарната управа (стекна популарност кога лупаше зелени за време на глобалната епидемија на птичји грип) е син нa Томислав Чокревски, министер за внатрешни работи нa СДСМ. Семејството Чокревски има неколкумина браќа комунисти и партизани, вработени во службата за државна безбедност во Битола и битолско.

Љупчо Арсовски, екс-амбасадор во Атина, син нa Страте Арсовски, комунистички директор нa 'Нова Македонија' и член нa ЦК СКМ.

Горјан Тозија (од Еднооки познат и како „Тозовац“), советник нa Бранко Црвенковски и брат мy Љупчо Тозија, екс-директор нa МТВ и амбасадор, потекнуваат од удбашко семејство кое според одредени сознанија иследувало македонски патриоти вo битолско-преспанскиот регион.


------
Конечно после ова, дели сте убедени дека Македонија просто вришти за „проветрување“???

земено од
http://allright.blog.com.mk/node/125451
Таму и со сликички се.:)
Ги има уште многу, али да се почне од некаде.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Вред, не си ми чепнал мопја фамилија. Туку, ќе ја чепнете, ама не знам со која реторика мојата ќе ја вкрстите во тие, комунистичко-удбашки рамки.

А за овие, наведените, не коментирам. дека има инсталирани антимакедонци насекаде, има, затоа и сме на вакви дереџа.
 

nacional

непобедлив
Член од
3 октомври 2007
Мислења
135
Поени од реакции
2
Site tie treba da bidat nadvor od politikata, a vnatre po zatvorite, opsle zakonot za lustracja :drk:
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Само затоа што нивните блиски биле високи луѓе во комунизмот не ги прави анти-Македонци!!!! Како и фокус така и твојава листа претставува само шпекулација ништо повеќе. Евтини приказни,претпоставки,теории.... дај факти, некои нивни дела и постапки кои говорат во таа насока. Аргиментирај го ова што го збориш.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Списокот треба да продолжи и со одредени "докажани" ВМР-овци,инаку доста е добар и реален.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Овие се дел од логистиката на криминалната група, наречена олигархија, штерјо, стево, савка итн.

За да може таква приватизација и толкав грабеж понатаму да се направи, потребна е инфраструктура.
Е овие личности ја овозможија.
Тие се една компактна заедница, меѓусебно може се расправаат и имаат разни конфликти, но кога станува збор за крадење од народ, ептен се компактни.

Тие се луѓето кои ја заебаваат Македонија од почетокот, независно од власта која е.

Со сдс се сврзани повеќето, вмро трошки зеде.
Не се даваат лесно комунистичките етаблирани фамилии и нивните бизниси и интереси.
Не верувам дека законот за лустрација ќе промени многу.
Исто и криминалните нивни дејанија, судовите се нивни.
Ќе продолжи оваа мафија да ја контролира Македонија, не гледам начин да се спречат.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.448
Поени од реакции
79.539
Неможам повеќе да се сложам со ова.
Приватизацијата како грабеж број еден е директна причина за осиромашувањето. Оттука индиректна, за порастот на криминал (грабежи, опожарување шуми, проституција...) паѓање на моралот и дефицит на моралните вредности кај народот.
Пример: се уништува фабрика, за да може директорот да ја купи. Него го боли уво што цели семејства, кои и така тешко се издржувале со работничката плата, сега нема да имаат никакви приходи. Него му е важно да стане сопственик.
Долгото живеење на работ, ги руши моралните вредности и етичките норми кај многу луѓе. После тоа, ги боли уво:
-кога и тие ќе присвојат да речеме електричен кабел од државата
-кога ќе запалат/исечат шума во својата околина и со тоа еколошки за долго време ќе си ја уништат. (ерозија, поголемо загадување, помалку врнежи)
-и нема да се потресуваат кога некој член од семејството ќе се занимава со проституција или ќе краде.
...

Бесполезно е да се набројува.
Приватизацијата (така како што ја изведоа), не заслужува да се нарече така, туку - грабеж.
Тоа беше овозможено бидејќи директорите, власта и судската власт, всушност беа едни исти луѓе.
Нормално за ова да може да функционира, беа правени и други криминални дејства: против демократијата (лажирање избори, непотизам...) човечките права (тортура и прогон на неистомисленици...)и тн.

На второ место (по важност, но не помалку исплатлив), доаѓа криминалното кршење на санкциите кон СРЈ, односно шверцот со нафта...

Да скратам. Не знам дали воопшто е возможно да се изрече доволно правична казна за овие. Фрапира несвеноста кај народот за вистинските размери на последиците од нивните дејства.
Инаку списокот е многу точен.
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.993
Поени од реакции
6.263
spisokot si e sosema na mesto. ama provetruvanje ..... ili bugarskiot recept na elimininaranje na oligarhijata ....
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
1307, На запад ги викаат sheeple.
Комбинација од овци и луѓе.
Може директно да се види со што се занимаваат.
Косово.
Грција.
Бугарија.
Дпа.
Русија вс Кина вс Сад
Ништо за она кое е значајно за македонија и кое ја ебе од старт.
Дааа, Путин е поважен, што ќе каже.
Или дали саркози се зел со некоја манекена.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Да, ние сме sheeple у crony capitalism, или само sheep у shit.
Него, да не испадне лустрацијата селективна, односно да се осветлат дејанијата на некои и од Бога заборавени "комунисти", а овие што и денес се шират ко метастаза да се остават на мира.
А, како тргнало, не ќе да биде поинаку. Минчо, Штерјо & Co. се шират ли, Ѕинго си е у коалиција, преку Ленка има сдсм-оидни пипци фино пенетрирани у судството, јавниот обвинител ќути за олигарсите, владава ги остава на мира "црвените" ѕверки кои ветуваше дека ќе ги гони, и мачка очи со апсенње ситна боранија.
Едноставно, оние "директорчиња" од пред '91-ва, кои за време на ембаргото и приватизацијата станаа могули се уште владеат и уште си ги шират "царствата", а нема изгледи да бидат спречени.
Нели и Маковеј ја донесовме, али и неа као да ја "омекнаа".
Барем јас на овие одроди не им гледам крај...
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.771
Поени од реакции
22.835
Така, ете ви ги кадрите од златна Југославија во која што подобро се живеело. Истите луѓе тогаш ви беа добри сега ви се лоши. Златен комунизам.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Така, ете ви ги кадрите од златна Југославија во која што подобро се живеело. Истите луѓе тогаш ви беа добри сега ви се лоши. Златен комунизам.
Тие луѓе у комунизмот немаа монополи, ниту моќ каква имаат денес. Олигарх е транзиционен мутант кој се шити у crony capitalism, а не во комунизам.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
133
Поени од реакции
0
Комунист ли е - главата му да др'нка по паважа. :star:
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Законот за лустарција гледано од временска дистанца сега веке не е ништо друго него обична фарса. Ке се донесе и ке има симболично значење ете и ние се оградивме од грешките на бившиот систем.Ке изгорат некои ситни риби кои биле папучари на големите глави кои и ден денес брцаат во медот по разни основи. Инаку се согласувам дека повекето се од редовите на СДС иако сигурно постои и одреден процент во другите партии. Затоа и не може да биде нешто повеке од фарса , Рошле и јазовецот имаа долго време да ги уништат доказите за личните досиеја на главните џелати и тоа е сторено.Затоа и ке имаат верни доживотни:pusk: чи .Така да сега во недостаток на валидни докази , единствен начин ефикасно да се спроведе законот за лустрација е метотод со изјава на 2 ца сведоци , со кој они си ги поделија оние мрсни боречки пензии .
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.771
Поени од реакции
22.835
Тие луѓе у комунизмот немаа монополи, ниту моќ каква имаат денес. Олигарх е транзиционен мутант кој се шити у crony capitalism, а не во комунизам.
Нормално дека имаа. Сигурно не биле хигиеничари во фирмите што подоцна ќе станат нивни (не сакам да цитирам имиња). Образованието, вредностите, позициите, идеологијата биле клучни во нивното градење како (не)личности. А сите тие работи се знае во кој систем биле стекнати. И тогаш милиони исчезнувале од државните каси само новинарството било монополизирано а богами и УДБА си ја вршеше работата (во поглед на прикривање). Крони капитализмот само им асистираше во аксцелерацијата на целиот процес само што целата таа "демократија" и какво такво новинарство, како и информативната моќ на големите политички спротиставени партии склони кон вадење на валканиот веш на соперникот помогнаа да тоа биде повидливо и транспарентно. Нејсе да не одам и натаму во полу-он, полу-оф топик ако треба ќе се надоврзам во другата тема за таа намена.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom