- Член од
- 26 јануари 2007
- Мислења
- 2.202
- Поени од реакции
- 1.943
Ништо од тоа што го наведе не е банално, и целта на животот е БУКВАЛНО да основаш своја фамилија и некој што ќе ја продолжи.. во љубов, здравје и среќа.
Целта на животот е да основаш фамилија - да, но на база на љубов. Јас целиот мој живот сум сведок на брак без љубов. Како и зошто моите се земале нема да зборам, доволно е да кажам дека не се сакаат како маж и жена. Во моменти кога нивните расправии ми доаѓале преку глава самата сум им кажала - Зошто не се разведете? А тие - ама не е така лесно....
Не е така лесно? Полесен е овој „заеднички“ живот во кој оддалеку се гледа дека не се сакаат или уште полошо фамилијарен живот во кој децата наместо да израснат во такво семејство кое еден ден би посакувале да го остварат, тие растат како сведоци за нешто што во никој случај не сакаат да го имаат во иднина. Такво семејство, таква фамилија - Не, фала. Можеби на некои околу нас им изгледаме како среќно и многу сложно семејство, но мене побитно ми е како секој од нас се чувствува, а не што мислат другите.
И знаеш зошто е банално да ти праат такви муабети? Ако јас сум сама, сигурно имам некои причини зошто сум сама. Што треба сега јас на нив да седнам да им објаснувам - со овој не ми успеа, па оној не ме ни погледнува, третиот не ми се допаѓа...?
Како да не те иритира кога некој ќе ти каже - Ама тој ти беше добра прилика? Прилика еј....што е битна хемијата или љубовта !? Или пак - Не ти треба тебе работа, ти треба маж, да си родиш 2-3 деца до 30 год. оти после настануваат компликации...Значи сега јас треба да се посветам на барање маж, и тоа маж што не само себе туку ќе може за почеток и мене а во иднина и децата да ги издржува, наместо да си го терам својот живот и што како дојде така да правам?