Зошто?

  • Креатор на темата Креатор на темата Someday..
  • Време на започнување Време на започнување
Ништо од тоа што го наведе не е банално, и целта на животот е БУКВАЛНО да основаш своја фамилија и некој што ќе ја продолжи.. во љубов, здравје и среќа.

Целта на животот е да основаш фамилија - да, но на база на љубов. Јас целиот мој живот сум сведок на брак без љубов. Како и зошто моите се земале нема да зборам, доволно е да кажам дека не се сакаат како маж и жена. Во моменти кога нивните расправии ми доаѓале преку глава самата сум им кажала - Зошто не се разведете? А тие - ама не е така лесно....
Не е така лесно? Полесен е овој „заеднички“ живот во кој оддалеку се гледа дека не се сакаат или уште полошо фамилијарен живот во кој децата наместо да израснат во такво семејство кое еден ден би посакувале да го остварат, тие растат како сведоци за нешто што во никој случај не сакаат да го имаат во иднина. Такво семејство, таква фамилија - Не, фала. Можеби на некои околу нас им изгледаме како среќно и многу сложно семејство, но мене побитно ми е како секој од нас се чувствува, а не што мислат другите.
И знаеш зошто е банално да ти праат такви муабети? Ако јас сум сама, сигурно имам некои причини зошто сум сама. Што треба сега јас на нив да седнам да им објаснувам - со овој не ми успеа, па оној не ме ни погледнува, третиот не ми се допаѓа...?
Како да не те иритира кога некој ќе ти каже - Ама тој ти беше добра прилика? Прилика еј....што е битна хемијата или љубовта !? Или пак - Не ти треба тебе работа, ти треба маж, да си родиш 2-3 деца до 30 год. оти после настануваат компликации...Значи сега јас треба да се посветам на барање маж, и тоа маж што не само себе туку ќе може за почеток и мене а во иднина и децата да ги издржува, наместо да си го терам својот живот и што како дојде така да правам?
 
ne rekov deka brakot e prioritet i cel vo zivotot na sekoj poedinec.. no zivotot sam po sebe e proizvod na edno semejstvo i reprodukcijata sto nastanala po razlicna osnova. ti ne treba da se posvetis na baranje maz ili na zadovoluvanje na tugi ideali.. ti trrba da se posvetis na samata sebe, i da se pronajdis vo lavirintot koj ultimatno kje ti pokaze koi se vistinskite vrednosti na opsestvoto sto ne opkruzuva. praj toa sto sakas, no sekogas imaj vo predvid deka mozebi ne si vo pravo i mozebi ne e se taka rozevo kako sto izgleda. zivotot e beskonecen test na nasite veruvanja i odluki.
 
praj toa sto sakas, no sekogas imaj vo predvid deka mozebi ne si vo pravo i mozebi ne e se taka rozevo kako sto izgleda. zivotot e beskonecen test na nasite veruvanja i odluki.

Колку убаво го кажа ова, браво! Јас обично го имам во предвид тоа, затоа при муабет со една другарка, кога ме праша ама цел живот ли ќе правиме грешки, јас и реков па што мислиш ти, цел живот се учи.
Но некако на повозрасните им се чини дека они знаат се, дека они секогаш се во право, оти нели имаат искуство кое понекогаш го преценуваат. Да, имаат искуство, но свое искуство, со сплет на околности можеби дијаметрално различни од твоите, но никако исти....И тука е проблемот. Ти мораш да ја наведнуваш главата и да ги почитуваш, без разлика што понекогаш мешаат баби и жаби. :unsure:
 
Полека полека ќе изумрат тие муабети на мајките и на бабите дека не те бидува за домаќинка или слично.

Како не бе. Баш ме интересира што толку се сменило последниве 5, 10, 20 години?
Ништо! И никогаш ништо нема да се смени во тој поглед, бидејќи човекот колку и да се прашува која е смислата на животот секогаш потсвесно ќе знае и реагира кон социјализирање, репродукција итн.

И преку четири страни истото: сите напишаја сопствено мислење, секое различно од останатите, само отварачот на темава секој пост го пишува истото, како има свој избор, свој живот, никој да не и се меша и сл., баш како што напиша Velvet, шаблонски.
 
Еве на пример јас никогаш тој муабет нема да и го изговорам на моја ќерка, читам и на многу други тоа му го велат па не им се допаѓа и сигурно нема да го употребат. Не можи наеднаш ама постепено сигурно такво старинско мислење ќе се изгуби.
 
Ни на нашите родители не им се допаѓало кога други им го зборувале тоа, па тие нам пак ни го велат. Како што кажаа претходно, тоа не е со некоја намера за „пецкање“ туку со добри намери. Не затоа што се старомодни, туку затоа што знаат, затоа што биле на двете страни. Кариера? Да заменам фамилија за 15 часа во канцеларија?
Нешто слично е ова како луѓето со став „сеедно ќе ми биде ако моето дете е геј“.
Ма немој?
Кој нормален не сака неговото дете да не биди „нормално“? Кој не сака да дочека внуци?
 
Зарем затоа што они се "конзервативни" и затоа што си мислат дека целта на животот е да основаш своја фамилија и да имаш деца(а тоа што ќе немаш од што да ги храниш е сосема друга ствар),треба сите да го мислат истото??
Зошто не не оставаат на раат со тие банални прашања?
А дали си се запрашала што би било ако твојата мајка размислувала како ти сега што размислуваш?
 
А дали си се запрашала што би било ако твојата мајка размислувала како ти сега што размислуваш?
јас како приметувам тука никаде не пишува како јас размислувам.
но очигледно никој не го приметува тоа.
Прашањето е кој им дава такво право на луѓето упорно да се мешаат во нечиј живот и зошто го прават тоа?
Како приметувам никој нема одговор на тоа,туку сите кренавте на тоа да ме анализирате мене.
Значи,ќе потенцирам- нема врска дали ќе одлучам сега да имам фамилија или покасно,не е битно,тие секако пак ќе се мешаат и ќе викаат или дека сум мала,или дека е редно време да почнам да мислам на тоа.Која сакаш верзија можеш да си ја одбереш,сосема е небитно.
 
Кој прв во времето тој прв во правото. (старост)

А кој му дава право,сами си даваат право. Ова не е работа за која е потребно посебно овластување од државата, црквата или слично регулирана институција, организација.

А дали е тоа во ред, е друга тема. Во Македонија имаш вградена матрица околу која се доградуваат останатите работи. Целта е да завршиш со чколио, да имаш паричка за некаков живот, а остатокот да го дополнуваат родителите на двајцата, бидејќи нивна тогашна најголема желба е да гледаат внуче, нешто како апдејтована верзија на тоа да гледаат дете, која одамна ја проживеале. Секој има право да мисли како сака и да цели како сака. Некој(а) можеби нема да се задоволува со 25 илијадарки плата, па ќе цели кон претседател на држава, некој(а) не сака да си го уништи своето витко тело со 25 години, затоа што мора да биди лепотица (пак нејзино право, без разлика дали ние ќе го оценуваме како глуаво или како ок), некоја сака да изгради куќа, да перца мажјаци дури ја држи снагата, па да се задоми ако и текни случајно, пак нејзино право.

Мешањето по мое си оди со природата на самиот човек, сакаш наречи ја пополнување досада, сакаш љубопитност, сакаш грижа...како сакаш наречи ја.
 
Прашањето е кој им дава такво право на луѓето упорно да се мешаат во нечиј живот и зошто го прават тоа?
Како приметувам никој нема одговор на тоа,туку сите кренавте на тоа да ме анализирате мене.
Следен пат кога отвараш тема уште во првиот пост болдирај ја целта, оти овде се сите аналитичари собрани и почнуваат од личноста која отворила тема, се до крајот суштината на темата. Додека не добиеш десет дијагнози за себе, ништо не си добила од отварање на тема.

Патем додека те читав ми текна како можеш да ја свртиш ситуацијата. На оние кои ти се мешаат, задолжително од утре поставувај им по три прашања на ден лични, а потоа давај им совети кои не ти ги бараат. Кога ќе го почувствуваат тоа на своја кожа ќе речат леле колку е досадна ми се меша во животот. И на тој начин ќе им дадеш една многу убава лекција, убаво е кога гледаш туѓ двор, лошо е кога го гледаат твојот.

Пробај и кажи ги резултатите. Луѓето многу повеќе сакаат да зборат за нечиј живот, одколку да го стават на дланка својот. Уствари лажам постојат луѓе и нации на кои воопшто не им е гајле дали постоиш, а не што правиш со својот живот. Али тоа сигурно не е во Македонија. Затоа контра офанзива, да ги научиш на памет.
 
драга моја еден совет Знаеме дека нештата се лоши или потачно луди војна немаштија еве како ти што викаш мешање на луѓето во други животи.Па затоа не ни излегуваме веќе седиме во домовите светот кој живееме ни станува се помал и помал и ограничен и едино нешто што викаме е молењето да не остават на мира и дозволи ми да ги имам пример телевизор компјутер и така да чмаеме до крај на животот како слепци.
Изградивме големи куќи но ги намаливме семејствата секој ден се повеќе се нервираме а помалку смееме.Становите и куќите се со големи огради оградени затворени исто како и нашиот ум и перцепција за реалност.Никој не ти се меша него ти укажува и те насочува да не бидеш драга моја дебил и себичњак и неспособна и да не се лакомиш за богатсво.Сето тоа е минливо само сеќавањата радоста и среќата се вечни.Ако можеш како ти што велиш сама не е можно како Аристотел што вели ЧОВЕК КОЈ МИСЛИ ДЕКА МОЖЕ САМ Е ИЛИ БОГ И ЗВЕР.Ако бараш совршенство и се наредно под конец во реалниот живот нит го имало нит ке го има тоа совршенство единство е во природата и универзумот кој се далеку за човекот и неговиот капацитет.Затоа не се ограничувај мисли слободно движи се радуј се на секој момент малите нешто го чинат и се бесценети.ЈАС СУМ ЧОВЕЧКО БИТИЕ И МОЈОТ ЖИВОТ ИМА ВРЕДНОСТ
 
Мислам дека тука не стануваше збор дали една жена е подобро да избере кариера или брак деца и значењето на семејството ,туку зашто некои луге се мешаат во туѓ живот и избор и при тоа тие луѓе не се твоите родители или блиски кои знаеш дека ти мислат добро ,туку за луѓе кои душевна храна им е да да се мешаат во туѓи животи како на пр. братучетка ми која на една нејзина комшивка кога ја “пецкаше“ со коментари зашто сеуште немале деца ,што чекале а веке како биле во брак ,а се тоа затоа што нејзина познаничка медицинска сестра и кажала дека се лечат од стерилитиет ,као зашто комшивкава ја лажела и викала дека сеуште не сакаат деца а не дека неможат ,па што е должна комшивката во овој случај или било кој да објаснува на секој што ке ја праша за било што од својот приватен живот,на тоа никој нема прво а друго е што секој си го зема тоа право и тоа обично злонамерно
--- надополнето: 4 септември 2013 во 17:03 ---
Ништо не ви е јасно по муабетот.
Оти на пример не затрудните на 16 или тука некаде. Ке родите на 17 ( или тука некаде). Најверојатно детето ке ви го гледаат( ранат) мама и тато пошто секако големи се шансите таткото да биде непознат јунак или некој кој ама воопшто не му е дојдено до деца гледање. Вие ем ке имате дете ке имате и време за да завршите и средно. Таман кога ке дојди време за факултет детето ке биде доволно возрасно за да не ве разбудва во 3 сабајле да го цицате и пелени да му менувате. Значи ке имате доволно време квалитетно да учите и да завршите со солиден просек. После ви останува цел живот да градите кариера а фамилијата ви иди некако гратис. Никој нема да ве брка и гњави за мажење а и обврските према природата сте си ги завршиле на време. Маж можи ке се најди можи и нема но тоа и не е толку ни битно во случајот пошто не менува многу. Така да цело е кога има се. Имате и фамилија и кариера(y)
Значи не ми се верува што прочитав ,колку незрело и површно ,според тебе семејсто е ако родиш само дете и го оставиш тоа дете друг да ти го гледа а ти си бркаш свој живот кариереа нема проблем ...
 
Мислам дека тука не стануваше збор дали една жена е подобро да избере кариера или брак деца и значењето на семејството
во случај да стануваше

во случај да стануваше

:) ,во случај да стануваше ,тогаш вие повекето машки тука во Македонија сигурно би избрале ваква жена :) ,зашто во една тема претходно повекето мислам дека се изјаснивте дека не би земале невработена жена вие да ја раните....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom