Зошто?

  • Креатор на темата Креатор на темата Someday..
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.294
Обично секое "зошто" има и "затоа". Но на ова никако не можам да му дадам соодветен одговор..

Зошто луѓето(...бдв зборуваме за Македонија...)не можат едноставно да разберат дека не им се состои на сите животот од тоа да бидат со некој,да имаат врска,да се омажат/оженат?
Зошто не можат да разберат дека некои личности си поставиле други/поинакви цели во животот и дека се придржуваат кон тоа да ги остварат?
Зошто упорно не престануваат со оние глупави прашања:"Зошто така убаво девојче да биде само?" или "Зошто не почнеш со него,се гледа дека е затрескан по тебе?"
Зарем затоа што они се "конзервативни" и затоа што си мислат дека целта на животот е да основаш своја фамилија и да имаш деца(а тоа што ќе немаш од што да ги храниш е сосема друга ствар),треба сите да го мислат истото??
Зошто не не оставаат на раат со тие банални прашања?

Каква е таа потреба упорно да се мешаат во нечиј живот иако никој не им дал право на тоа?

ПС појма немам каде би требало да стои темава.. ако не ви се допаѓа или е дупла бришете ја :)
 
Зарем не е тоа најбитното, најосновното да основаш фамилија? :unsure:
 
затоа што за тоа е крива порно индустријата а како па вака. седиш дома ти доага женска ти носи пица а ти не си нарачал и нема вез неш влага демек нема ситно и тука почнува увед после знаеш како иде заплет расплет и хепи ендинг и многу гледаат луѓето порничи затоа и све така
 
Не се грижи воопшто. Како тргнало и какво време доаѓа се повеќе луѓето си ги бркаат своите соништа и своите цели. Се помалку се размислува за деца и семејство. Така да ова твоето многу бргу станува реалност и не опкружува, посебно во Македонија наталитетот се повеќе опаѓа, што значи имаш многу истомисленици. Сега не секоја средина е иста а и нормално е (не само во Македонија) најблиските да сакаат да си ја видат внуката, ќерката омажена и да има деца.
 
Зарем не е тоа најбитното, најосновното да основаш фамилија? :unsure:
за некого е,за некого не е .. или пак да не ме разбереш погрешно..не му е на секој ваљда приоритет да сака да оствари фамилија.. има време за се...што па ако има врска пример од 10год и на крајот ја прекине? Гаранција ли му е дека ќе се земат? НЕ!
 
во Македонија секое „зошто?„ има „зошто да не?„ место „затоа„
 
Е зошто, не знам зошто.
Врска неам.

Башка овие прашања идат од женскиот пол.
Мајка ми и баба ми упорно тупат како јас врска сум немала од готвење и дека кога ќе се мажам врска ќе сум немала. :D
Значи, цел женски памет се стреми кон тоа. Мора да бидеш домаќинка, ако не, си некоја неразбрана, не сакаш деца, ни фамилија.
Не дека тие сериозно ми го зборат ова, повеќе ме зафркаваат, но сепак, се гледа дека во жените е проблемот. Јас не сум израсната на ваков начин, нити размислувам вака.
Секогаш на прво место ми било образованието, па после некоја женска работа.

Што се однесува на тоа зошто немаш дечко ... Мојата газдарица во Ск, ми кажа дека сум морала да си најдам дечко оваа година (последна) на факултет, оти ако не, после тоа многу тешко ќе сум нашла, а и ќе ме фателе годините. :pos:
Не знаев како да изреагирам на ова, оти едвај 21 имам, а таа ме направи гревче што нема никогаш да се мажи ако ја испушти годинава. :rolleyes:

Не ми е целта во животот да се мажам на 22-3-4, да станам совршена домаќинка, да гледам деца и да се затворам дома.
Јас искрено не можам да ги сфатам овие што се венчаваат толку млади, еве на моја возраст познавам доста. И не, не можам да ги разберам. Да имам дете на мои години, кога јас уште се осеќам ко дете.
Нормално дека сакам деца, фамилија, се тоа, али се во свое време, а тоа време не сметам дека е во блиска иднина.
 
1000-zosto-1000-zatoa-na-makedonskom-jeziku_slika_O_2518082.jpg

Да си ја најдеш и да си ја прочиташ !
 
Не секој сфаќа дека прашањава се банални. Ниту дека можат да бидат и досадни, провокативни, деликатни, навредливи, чуени 700 милијарди пати...

Дел од прашувачите реално не ги занима одговорот - поставуваат прашање колку да ја пополнат тишината и колку толку да се најдат во муабет. Што и да кажеш исто им се фаќа, зашто побитно е она што тие го спремиле да го кажат и ќе го кажат по секоја цена. Ќе ги приметиш по тоа што откако ќе одговориш, продолжението на нивниот муабет нема никаква врска со тоа што си го кажал/а, а следниот пат кога ќе се видите - го правите иститот муабет како прв пат. Ова обично се припадници на постарите генерации и нивната поента е да ја шират својата мудрост, нели.

Друг дел се оние на кои ваквите муабети им служат како душевна храна. Нивните прашања се детално планирани и зацврстени таму каде самите тие доживеале некаков „успех“ Ако они се, рецимо луѓе во брак - тогаш муабетот се движи единствено во таа насока и не се остава простор за било што друго кое би го достигнало совршенството на нивната ситуација. Нивната поента е сопственото издигнување во сопствените очи преку било кој доволно пристоен да ги ислуша.

Трет дел се оние кои на овој начин собираат лични информации кои подоцна стратешки ги распределуваат кај стигнат. Муабет со овие може да резултира со значително опаѓање на општото ниво на сопствената репутација, благодарение на системот на распределба и нивната бујна фантазија.

Кога ќе видиш - никому реално не му е гајле што се дешава со твојот, мојот или било чиј живот. Ако веќе не можеш да ги искулираш, тогаш секако можеш да се позанимаваш со оформување на „покреативни“ пристапи во одговарањето на ваквите прашања. Факт, после тоа некои од истите веќе нема да ти прават муабет, некои можда ќе ги исплашиш,некои ќе те замразат, други уште толку ќе те зборат, али барем ќе ти биде интересно да им ги гледаш фаците додека „разговарате“

:D
 
Зошто луѓето(...бдв зборуваме за Македонија...)не можат едноставно да разберат дека не им се состои на сите животот од тоа да бидат со некој,да имаат врска,да се омажат/оженат?
Зошто упорно не престануваат со оние глупави прашања:"Зошто така убаво девојче да биде само?" или "Зошто не почнеш со него,се гледа дека е затрескан по тебе?"
Најубаво кажи им: „Уште сум мала, мене мама не ме дава.“
И купи си оваков прстен да им боде очи. (види фотос)
tumblr_m46dpwTHD71r8pjnro1_400.jpg

1000-zosto-1000-zatoa-na-makedonskom-jeziku_slika_O_2518082.jpg

Да си ја најдеш и да си ја прочиташ !

Ептен ретро филм бре сине. Браос! (y)
 
Обично секое "зошто" има и "затоа". Но на ова никако не можам да му дадам соодветен одговор..

Зошто луѓето(...бдв зборуваме за Македонија...)не можат едноставно да разберат дека не им се состои на сите животот од тоа да бидат со некој,да имаат врска,да се омажат/оженат?
Зошто не можат да разберат дека некои личности си поставиле други/поинакви цели во животот и дека се придржуваат кон тоа да ги остварат?
Зошто упорно не престануваат со оние глупави прашања:"Зошто така убаво девојче да биде само?" или "Зошто не почнеш со него,се гледа дека е затрескан по тебе?"
Зарем затоа што они се "конзервативни" и затоа што си мислат дека целта на животот е да основаш своја фамилија и да имаш деца(а тоа што ќе немаш од што да ги храниш е сосема друга ствар),треба сите да го мислат истото??
Зошто не не оставаат на раат со тие банални прашања?

Каква е таа потреба упорно да се мешаат во нечиј живот иако никој не им дал право на тоа?

ПС појма немам каде би требало да стои темава.. ако не ви се допаѓа или е дупла бришете ја :)

Ееее за овие работи колку пати се имам расправано и дома и со другари и другарки, ненормален ме прават сите. :(
 
Обично секое "зошто" има и "затоа". Но на ова никако не можам да му дадам соодветен одговор..

Зошто луѓето(...бдв зборуваме за Македонија...)не можат едноставно да разберат дека не им се состои на сите животот од тоа да бидат со некој,да имаат врска,да се омажат/оженат?
Зошто не можат да разберат дека некои личности си поставиле други/поинакви цели во животот и дека се придржуваат кон тоа да ги остварат?
Зошто упорно не престануваат со оние глупави прашања:"Зошто така убаво девојче да биде само?" или "Зошто не почнеш со него,се гледа дека е затрескан по тебе?"
Зарем затоа што они се "конзервативни" и затоа што си мислат дека целта на животот е да основаш своја фамилија и да имаш деца(а тоа што ќе немаш од што да ги храниш е сосема друга ствар),треба сите да го мислат истото??
Зошто не не оставаат на раат со тие банални прашања?

Каква е таа потреба упорно да се мешаат во нечиј живот иако никој не им дал право на тоа?

На ова зошто, имаш едно чудо затоа.. но нема везе.
Ти си во екот на некоја кариера или уште учиш за да ја имаш?
Луѓето што ги поставиле тие прашања и барања се сосема во право. Највероватно, насилно не те тераат да се мажиш..
Но нивниот вербален притисок е на место.
Која е смислата на животот? Ќе напрајме милиони, и децата ќе живеат во раскош?
Ам децата ко ќе прает 18 години, ти ќе си мајка или баба?

Работите ги гледаш од многу тесен агол, базирани на твојот личен интерес. Многу малку си во право.
Ништо од тоа што го наведе не е банално, и целта на животот е БУКВАЛНО да основаш своја фамилија и некој што ќе ја продолжи.. во љубов, здравје и среќа.

Мислиш дека се работи за конзервативност... но уствари ти си таа што е во свој свет.
 
Како и да е ..добро кажа МОЈ СВЕТ! Значи МОЈ живот-МОЈ избор! Не твој,ниту на било кој друг. Лично МОЈ!
Мое право е како ќе го живеам.Мене не ме интересира дали некој е сам или е со некој,дали е на факс или не е.. дали работи или не..дали сака црно или бело...итн итн.. Кој му го дава тогаш него правото да се меша во МОЈОТ живот?Секој си има право на свое мислење,во ред е еднаш да го каже,но не и во секоја прилика.Можеби за тебе целта е да основаш фамилија,можеби за мене не е.А и да е..не би ти го кажала тоа ниту тебе,ниту на некој друг.
Работите не ги гледам од тесен агол ни најмалку..не напнувам никој дека треба да го дели моето мислење и слично.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom