Зошто жените полесно простуваат, а мажите потешко?

  • Креатор на темата Креатор на темата _elektra_
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 мај 2008
Мислења
24
Поени од реакции
2
Па ако се сите жени ко мене, тогаш дефинитивно женските полесно простуваат. Еве тргнувајќи конкретно од мене, на почетокот нормално сум навредена и се чувствувам повредена дека ме изневерил... ама ако видам дека тој постојано ме бара, се извинува, вика дека згрешил и ред други глупости... му простувам. На крај и краева верувам во љубовта и би преминала преку мојата гордост во нејзино име.
 
И повторно генерализација.
Не простувам бе некој да прави будала од мене, па колку сака нека биде и слаткоречив и убедлив и се. Не сум јас играчка, човек сум имам и јас чувства, гордост, инат...
 
Зашто имаат помал мозок. Слонот има најголем мозок и затоа све памти и не простува. :back:
 
Хм...Не би рекла дека полесно простуваме, сведок сум била на отсечни и категорични прекини на врска токму поради решителноста да се заврши таа врска(од женска страна) и се поврзано околу неа, додека пак за машкото его имам и драстични разлики во размислувањето:знам папучари кои НАЈлесно простувале и се мачеле со девојките, но и примероци кои најбрзо го решавале проблемот со дисциплината“игнор“, па девојката е оставена на милост и немилост на неговите одлуки што понатаму.Генерализација не смее да има, вака изгледа дека жените се увек плачки кои си го газат достоинството, а мажите се горди егоцентрици кои живеат за да им биде простувано.Има и таму и ваму секакви!
 
Јас не правам генерализација, тука од мои лични гледишта велам дека е така, далеку од тоа дека би простила за нешто што би ме повредило силно, и колку да сакам и да си велам ај ќе заборавам, ќе помине неможе бе ќе ме јаде секој ден, но имам многу околу мене другарки кои слепо простуваат не барајќи извини само да не го изгубат партнерот како божем еден на светот е, а за машки како што реков погоре дури и да не познавам такви,може јас не сум била во круг со такви, но јас знам дека девојките се по склони на прошка да дадат, и секогаш сум била сведок на такво нешто, а тоа што тврдите дека не е секогаш така и дека познавате карактерни девојки/жени кои ставаат крај не простуваат, за жал јас не познавам, и мило ми е што има такви, се надевам дека и се повеќе ќе ги има, а затоа дека само со збор простуваат.... шо знам , јас кога би се решила да простам тоа ќе биде и со збор и со срце, нема да можам да седам и бидам и да се гушкам со истиот ако не му имам простено со срцето, ќе го гледам подоко ќе почнам да го нејќам, мразам....бар кај мене така оди тоа:smir:
 
Свилени сте :toe: можеби затоа полесно простувате , ама има случаеви кога терате инет и никако не простувате или не признавате грешка а свесни сте дека сте згрешиле :)

Па и не се рекло за џабе дека сте "понежен" пол :smir:
 
Зашто ли зашто за се правите поделба помеѓу мажи и жени? правете поделба меѓу возрасти, образование...сето тоа ќе биде пологично од ова.Никогаш нема да се знае кој е попаметен мажот или жената затоа не се замарајте со тоа. Ние жените ќе треба да си олабавиме со феминизмот а мажите со изложување на нивното его.Светот ќе биде многу поубав.
Уфффф морав..Ми олесни.
 
Зашто ли зашто за се правите поделба помеѓу мажи и жени? правете поделба меѓу возрасти, образование...сето тоа ќе биде пологично од ова.Никогаш нема да се знае кој е попаметен мажот или жената затоа не се замарајте со тоа. Ние жените ќе треба да си олабавиме со феминизмот а мажите со изложување на нивното его.Светот ќе биде многу поубав.
Уфффф морав..Ми олесни.


Малку офф топик

Да и јас така мислам дека би бил многу поубав ако секој си ја брка својата работа, ама зошто да биде едноставно кога може цело време да биде напнато и комлицирано.
 
Зависи од личноста!Не мора да значи дека женските полесно простуваат барем според мене.Се е во прашање ставот и карактерот.А тоа што демек ние го простуваме не го забораваме и при првата кавга го кажуваме.Е ова не е простување.Да простиш е да заборавиш или никогаш да не го користиш тоа како оружје.Е сега зашто жените полесно простуваат?Затоа што доколку мажот згреши нешто и на жената и купи злато или цвеќе или било каков романтичен поклон она одма ќе падне на тоа.Што според мене тоа е безкарактерна личност.А на мажот доволно му е една вечер да му приреди незаборавна во кревет и она одма ќе прости.Сакам да кажам дека не може со сигурност да се каже дека жените полесно простуваат од мажите.
 
Малку офф топик

Да и јас така мислам дека би бил многу поубав ако секој си ја брка својата работа, ама зошто да биде едноставно кога може цело време да биде напнато и комлицирано.
не е работата дали ќе биде комплицирано или едноставно.Животот е комплициран, така и се во него.Работата е што со самото поставување на половите како различни се губи смисолот за дискусија.Едните ќе влечат ваму а и другите исто и сето тоа од инает, феминизам, его, гордост и балкански менталитет.
 
А зошто теми со вакво генерализирање, кога однапред знаеме дека ствараат тотално неточи стеротипи?

Јас, иако женско, ама воопшто лесно не простувам. За било што, особено не кога е партнер во прашање.
Затоа пак, машките со кои сум била простувале многу полесно и многу повеќе од мене.

Значи полот и простувањете везе немаат зедно.
 
Со векови имаше разлика меѓу мажи и жени но ете со тек на време жените се на исто ниво како мажите и ја нема повеќе онаа разлика маж жена каде што мажот беше доминантен но факт е дека природата не поделила , днк структурата не ни е иста .... Y хромозонот што го има мажот го прави маж , немаме исти гени воедно немаме ист изглед, се работи за физички разлики и доколку би ги оставиле анатомските разлики не би било како што си мислите дека сме исти затоа што тука има и психички разлики , мали ама сепак ги има. Докажано е дека не го користиме мозокот на ист начин и нормално е дека има некои разлики е сега во дедали не сакам да одам зошто не е темава за тоа

А околу простувањето sunshinebaby даде добар пример :) , зависи од човекот каков став има и колку е спремен да потклекне за да прости или да бара да му биде простено
 
Затоа што мажите имаат големо его, или барем се прават дека го имаат за да не испаднат папучари. :wink:

П.С. Но сепак мислам дека тоа е индивидуално. :toe:
 
Ae... Уште една мажите вака, жените онака - тема. Ок.
medicinska напиша:
Точно е тоа дека жените многу пати простуваат,тоа е така зошто знаат да сакаат.
sexygirl напиша:
затоа што жените се поцувствителни и повеке знаат да сакаат и ценат
Пречувствителни. Ама видиш, мене ако ме прашаш, токму хиперсензибилноста е тоа што и` пречи на една жена во реализирањето на сопствените амбиции, иницира инфантилно и импулсивно однесување, стравови, фрустрации, конфликти со себеси, па после и со околината, и како кулминација, недостаток на фундаментални човечки вредности.

Затоа... Без теориите дека простуваат од што многу знаат да сакаат или навистина, ама навистина имаат чувства. Имаат и мажите бе. Ама нивната емотивна ранливост е погрешно толкувана, понижувана, па и злоупотребувана денес. Ако маж е способен да не дозволи да биде воден од емоциите, туку ги надмине и контролира, онда за жената е стока. Напротив. Тоа не значи дека ги нема. Само е... Маж. Баш заради разликите на ова поле, жената влијае како фактор на човечност еден кај еден маж, борејќи се за љубовта, довербата, разбирањето, почитта, домот, семејството, моногамијата...

До кога бе однесувањето на жените ќе биде репер за оценување на односот на мажите за истата работа? Ако природата вика дека сме различни, кој к едните се трудат да бидат упорно како другите? Нема да успее никогаш, фејс ит. Штом за маж се водите според жена, пропаст. Никој не го зема предвид фактот дека жената е опседната со емоциите, и так нормално, најлесно на свет е да се обвини маж дека е бесчувствителен.
Еве тргнувајќи конкретно од мене, на почетокот нормално сум навредена и се чувствувам повредена дека ме изневерил... ама ако видам дека тој постојано ме бара, се извинува, вика дека згрешил и ред други глупости... му простувам. На крај и краева верувам во љубовта и би преминала преку мојата гордост во нејзино име.
Ма после неверство не го есапам, човече. Без приказните дека не сум способна да си поминам преку гордоста, излуфтирана финта. Секако дека сум. И сум горда до небо, и сум првата што вели "кој ја ебе честа", ама кога има простор за таква работа. Неверство не, крај. Кој сака нек` си простува.
И мажите понекогаш сакаат но тоа е кратко,никогаш не простуваат.Еднаш ако им згрешиш за нив не постоиш,никогаш нема да ти простат.
Абе читате истражувања, анкети, студии, статистики и остало, па знаете, или што? Ако се ориентирате по такво ѓубре... Блазе си ви.

Правење шаблони кога е љубовта во прашање и изразување на истата во проценти не дава никакви резултати. Индивидуална работа е, врежете го еднаш во глава.
 
Зошто мажите потешко простуваат?...па можеби затоа што да изневери маж помалку боли,ке речите машко е ако...ама пак ако изневери жена...е тогаш е опасно...потешко се одлучувате да изневерите(жените )зошто се знае после што иде..
Лично никогаш не сум изневерил...ама ако ме изневерат тогаш се знае-збогум мала!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom