Зошто си ја сакам државава?

  • Креатор на темата Креатор на темата Вештерот
  • Време на започнување Време на започнување
Поради многу работи, да не набројувам.Изгледа или го имаш то од раѓање или го немаш.Само ми е мака шо мојата татковина е со години систематски уништувана, а немам начин да и помогнам...и да, со 20 денари и со 20.000 в џеб исто ми е ок оваа земја.За тие шо велат дека подобро ќе им било странство бла бла, одете слободно.Ама никогаш нема да сте дома и слободно како овде.

И нешто интересно:
 
Затоа што е моја и затоа што се осеќам своја.
Ја сакам бе, најубава ми е.
Затоа што за мене Ајфелова кула е парче одвратно железо, наспроти погледот од Канео или Самоиловите кули.
Затоа што луѓето имаат емоции, не се роботи.
Затоа што имаме кафана. Кафана е институција.
Затоа што свадбите не се амерички.
Затоа што имаме традиција.
Затоа што само во Македонија ја има галичката свадба.
Затоа што Македонија го има Тешкото.
Затоа што Македонија ја има Зајди Зајди.
 
Си ја засакав земјава,од кога се појавија предавнициве ко печурки на дожд......до пред тоа ми беше се исто.....ама од 2007ма наваму сфатив што и колку многу значи да имаш свој јазик,култура,име,идентитет и сл.

И не се чудете ако некој не си ја сака земјата....па 40години сме живееле под режим кои ни ги избришал сите сеќавања за нашето национално единство.
 
Ја сакам Македонија затоа што природата тука е неверојатна. Има убави широки планини, има прекрасни ридови. Кој прошетал знае какво е чувството кога во лето ќе избегаш од асфалтот и ќе заминеш на планина, кога ќе се насладиш со некоја дива јагода, со капина. Ќе се освежиш на некој поток или ќе се напиеш вода од некој извор. Нашите планини изобилуваат со природни убавини, прошетајте низ Кожув и низ осоговијата ќе ве дочека некој блажествен мир и спокој, опоен мирис од полски цвеќиња еден куп зелени скакулци кои кога скокаат го прават тоа толку добро и синхронизирано мислиш претстава играат за тебе.
Ја сакам Македонија, поради обичаите, традицијата. Има најубави манастири и цркви, живописни фрески и икони.
Ја сакам Македонија поради Охридското езеро и ладната преспанска вода.
Имаме најубави антички градови, шетаме низ земјата по која е пролеано многу крв, водите уште не се избистрени од крвта на нашите предци, треба да бидеме горди на нив и на ова парче земја.
Македонија, ништо не ни згреши, ни згрешија луѓето што сакаа да го водат општеството, но природата тие закони не ја погодуваат, таа си има свои закони.
 
кој рекол дека ја сакам ? ;)

:pos:Добра реплика, друже.

Иначе ја сакам до одреден степен, навистина колку многу пати имам помислувано за студирање настрана, но сепак останувам тука, има нешто што ме држи врзан за неа. Но кој знае, убаво е да се искористат сите можности кои ги нудат Европските држави, па би сакал пост-дипломски студии да искусам надвор од државава.

Малку забегав во оф-топик, но навистина немам многу да дискутирам на тоа зошто ја сакам државата. Не сум патриот пред сѐ, така да, си ја сакам бидејќи од искуство каде и да одам, секогаш нешто ме тера повторно да се вратам, но можеби некогаш ќе мора да се пребродат и емоциите. :)
 
Темата е зошто си ја сакате државата? Ако не ја сакате - не пишувајте, ваш проблем, ама не ја трујте темава со ванаби Хаус коментари.
Секој пост што ќе е оф-топик или саркастичен - ќе биде избришан.
 
-
Темата е зошто си ја сакате државата? Ако не ја сакате - не пишувајте, ваш проблем, ама не ја трујте немава со ванаби Хаус коментари.
Секој пост што ќе е оф-топик или саркастичен - ќе биде избришан.
-ова треба да се почитува, од овде.....па натаму
-си ја сакам Македонија затоа што во мојата “крштеница“
на македонски јазик кој е и јазик на мојте родители
пишува “се крсти божјото чедо Анчо“- во црквата Св.Димитрија.
и што тоа име ќе си го носам цел живот во моја Македонија.
Нашите родители родени во српско ропство ја немале оваа можност.
Мајка ми сите документи за пензија требаше да ги смени,затоа што
србиштана ја пишале Јелена, наместо крстеното црквено име Елена.
Мојата ќерка ја пишавме Елена во наша Македонска црква.
-си ја сакам Македонија затоа што во (пак српско) на татко ми во
“војна книжица“- пишува се борел за Македонија во 48 дивизија.
-си ја сакам Македонија иако нема ни едно Светско Чудо.
-и не ни треба Чудото е тука сегде околу нас тоа е МАКЕДОНИЈА.
 
Затоа што сум македонец. Поради вината, храната, неприкосновените природни убавини, музиката која е една и единствена и е од срце и од душа, традициите, топлата насмевка и големата великодушност на народот, богатата историја... има многу. Едноставно, ја сакам!
 
Да ви беше пресечена папочната врвца во Уганда, таа држава најмногу ќе ја сакавте!!!
 
Пошто дома имам терабајти пиратерија и федз не ми се на врата ради тој факт.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom