Ја сакам Македонија затоа што природата тука е неверојатна. Има убави широки планини, има прекрасни ридови. Кој прошетал знае какво е чувството кога во лето ќе избегаш од асфалтот и ќе заминеш на планина, кога ќе се насладиш со некоја дива јагода, со капина. Ќе се освежиш на некој поток или ќе се напиеш вода од некој извор. Нашите планини изобилуваат со природни убавини, прошетајте низ Кожув и низ осоговијата ќе ве дочека некој блажествен мир и спокој, опоен мирис од полски цвеќиња еден куп зелени скакулци кои кога скокаат го прават тоа толку добро и синхронизирано мислиш претстава играат за тебе.
Ја сакам Македонија, поради обичаите, традицијата. Има најубави манастири и цркви, живописни фрески и икони.
Ја сакам Македонија поради Охридското езеро и ладната преспанска вода.
Имаме најубави антички градови, шетаме низ земјата по која е пролеано многу крв, водите уште не се избистрени од крвта на нашите предци, треба да бидеме горди на нив и на ова парче земја.
Македонија, ништо не ни згреши, ни згрешија луѓето што сакаа да го водат општеството, но природата тие закони не ја погодуваат, таа си има свои закони.