Зошто постоиме? Која е нашата цел на живеење?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lil-Krist**
  • Време на започнување Време на започнување
Ве читам и сите некако живеете во истата заблуда...
Еве на пример Suva lepoto раскажува приказни за другарките.Нормално дека човек што има се ќе биде исто незадоволен како и човек што нема ништо,од простата причина што самата психологија прави луѓето секогаш да бараат проблеми,да преувеличуваат и да се тешат.
Значи ако ти имаш пари и си купиш н95,после ќе земеш да се нервираш што не е тач скрин.
Некој што нема пари ни за некоја црно бела нокиа исто така ќе се нервира.Но најинтересното е што ти и он ќе се нервирате и тагувате со ист интензитет за два тотално дијаметрални проблеми.
Зашто ви го кажувам ова?

Затоа што истиот случај е и со целта на животот.Никој не ја знае,ама луѓето не можат да се помират со тоа дека не знаат зашто живеат,па си даваат минималистички цели.На пример работам за да купам телефон.И нервозен сум дур не го купам.Моментот на купување и самозадоволување (не добивајте погрешни импликации) е сосема мал и безначаен,и пак си поставувате нова цел,на пример некој HDTV...итн.
Значи телефонот како телефон не е битен,HDTV како HDTV не е битно,она што е битно е дека си создаваме илузија дека одиме кон нешто.
Волјата го движи човекот,но извонредно е тоа што таа константно го прави несреќен.Секогаш сакаме повеќе,не зашто ни треба или од чистата желба,туку едноставно зашто не можеме да го имаме.Само тогаш животот има смисла и цел.Некои си поставуваат високи цели па работат цел живот на нив,а некои пак си поставуваат минималистички низ текот на целиот живот.
Како и да е сите и губиме и победуваме.Го победуваме самиот живот се додека живееме,а кога ќе сфатиме дека уствари ништо не сме создале и направиле,тогаш животот не победува нас.
Ова прашање е толку извртувано низ вековите,со давање на лажни одговори и лажна надеж...А вистината е дека што и да правиме,колку и да сме добри,лоши,игноратни и паметни,на крај пак ќе си заминеме од овој свет.
Не знам,можеби да ја победиме смртта е следниот предизвик,целта на животот...но повторно одговорот е извртуван со тоа што константно сме убедувани дека со животот треба да ја сфатиме смртта и со самото уживање во животот да ја победиме смртта.
Зашто на пример некој кога на 55 години ќе му кажат дека има некоја форма на рак и има уште десет години за живот,е понесреќен од човекот кој е здрав и има 55 години?
Што ако овој дупло го надживее првиот,што толку е битна таа временска линија...10 години повеќе живот и не се многу,но нашата перцепција за нив е нереална и извртена.Што ќе направи вториот толку повеќе,па првиот е толку депримиран?
Два пати повеќе ќе оди во Мекдоналдс,два пати повеќе ќе изглеа фудбал утакмици,два пати повеќе ќе гледа како полека старее?
Не,ние како човечки суштества го прифаќаме тоа што ни е дадено како непроменливо и се адаптираме на тоа без некој поголем проблем.
Не ме сфаќајте погрешно,тоа е една прекрасна карактеристика,но сепак зашто не сме тажни што просечниот животен век ни е 80 години?!
Па што е тоа наспроти 4 милиони (или више) од постоење на човекот?!

Животот можеби да има цел,само што ние сме премногу уплашени да не дојдеме до сознанието дека нема,па се исклучуваме од такви истражувања.
Си поставуваме самите цели,се тешиме со религии и си го живееме животот.На крајот пред смртта пак сме среќни.
Ах, ignorance is a bless :)
 
Моја (можна) теорија е таа дека ние сме некој вид на експеримент, дали на Господ, на некои вонземјани, на нешто 13то.....
Овие вонземјани што не посетуваат може да сме самите ние т.е. еволуиран човек.
Пример: Сме постоеле пред или одма после диносаурусите, сме напреднале многу нагло со технологија до тој стадиум, што веќе сме отишле на други планети, и во сегашно време, вонземјаните сме ние. Па тие нашле што е смислата на животот, или нешто експериментираат со нас...

Можеби ова на многумина од вас им се само глупости, но пред да пишете нешто, размислете ЗАШТО ОВА НЕ Е НЕВОЗМОЖНО???

Ова или е точно, или не е точно. Ни едното ни другото со сигурност не е 100% точно...

А тоа дека полсе смртта е КРАЈ, размислете подлабоко....
ШТО ПОНАТАМУ?????
Ништо, ништо, ништо нема да постои???????????????
Се ќе биде црно?????
Ништо ли веќе нема да постои?????
Ни време, ни простор, ни душа, ни друга димензија, ништо....

НЕМА ШАНСИ! Мора да има нешто после смрт, едноставно мора.
 
Hehe bravo... Bar imash nekoja cel :vozbud: A tie shto ne znaat shto so sebe.....?! Mozam samo da kazam deka veruvam deka nema nikakva cel.... Ednostavno sme greshka na prirodata!
 
Моја (можна) теорија е таа дека ние сме некој вид на експеримент, дали на Господ, на некои вонземјани, на нешто 13то.....
Можеби ова на многумина од вас им се само глупости, но пред да пишете нешто, размислете ЗАШТО ОВА НЕ Е НЕВОЗМОЖНО???

А тоа дека полсе смртта е КРАЈ, размислете подлабоко....
ШТО ПОНАТАМУ?????
Ништо, ништо, ништо нема да постои???????????????
Се ќе биде црно?????
Ништо ли веќе нема да постои?????
Ни време, ни простор, ни душа, ни друга димензија, ништо....

НЕМА ШАНСИ! Мора да има нешто после смрт, едноставно мора.
Твојава теорија ја имам слушнато од еден мал милион луѓе , и сите тврдат дека е тоа нивна теорија...чудно .Изгледа сите имате гледано некој исти филм ,па сте заборавиле од каде е ви е таа идеа.

...во нашава држава има едно златно правило , во уставот пишува дека се е дозволено што со закон не е забрането.Тоа важи за други работи, не само за државата.Секое разбирање за светот околу нас ќе се смета како точно се додека не се покаже дека тоа е погрешно.На сметка на ова правило , квантната теорија зема голем залет и се смета како добра теорија и покрај тоа што се базира на "ЛУДИ" тврдења затоа што едноставно дава добри резлутати и во добар дел од случаите се покажува дека е точна.НА ТВОЕ барање да се размисли подлабоко , да ти покажам и нешто друго, .......
ТЕОРИЈА "Кога никој не гледа под елката, Дедо Мраз , доаѓа и остава покони а кога некој го чека , тогаш некој друг ќе го стави поклонот место него "
Од ова теорија би произлегло дека дедо мраз всушност постои.Само што никогаш нема да го видиш... Ти никогш нема да можеш да ми ја побиеш оваа теорија за дедо мраз.А малку потешко и јас оваа твојава да ја побијам , секогаш ќе може да ти преработува имагинацијата и да си на надградуваш теоријата.
и сега главниот дел....Ваквата теорија што ти си ја нарече твоја , НЕ ЈА БИВА, затоа што не исполнува еден многу битен услов ....а тоа е ...не дава никакви предвидувања, и нема никава практична примена.Ете не дека не е возможно ...туку едноставно пропустот во златното правило кое е директна последица на нашата немоќ за разбирање на светот и дозволува да се измислуваат вакви интересни и мистични МЕДИУМСКИ приказни.
И имам само едно прашање/барање до тебе....Дај покажи ЗОШТО
треба да има нешто после смртта наместо само да викаш дека МОРА ДА ИМА.
И јас би можел да тврдат така ехеее...до крајот на животот.Ама треба да се покаже тоа инаку би биле само празни зборови.

Ве читам и сите некако живеете во истата заблуда...

Животот можеби да има цел,само што ние сме премногу уплашени да не дојдеме до сознанието дека нема,па се исклучуваме од такви истражувања.
Си поставуваме самите цели,се тешиме со религии и си го живееме животот.На крајот пред смртта пак сме среќни.
Ах, ignorance is a bless :)

Ако ignorance is a bless ,тогаш , зошто сакаш да ги просветлиш другите кажувајќи им дека се во заблуда и пишувајќи прилично долгичок пост
за да им укажеш на заблудата.
...............................................................................................
Ништо во универзумов нема цел .
Зборот цел е само фракција од она што се нарекува ПРИЧИНА . Позади секоја квази цел , стои добра причина.Како резултат на некоја причина си замислуваме некој исход , некоја состојба која сакаме да ја постигнеме , и истата ја нарекуваме цел.
Заборавете на тие мистични цели кои можеби му претстојат на човештвото.Природата не поставува такви цели , таа воопшто не поставува цели.Постоењето има само причина за чие откривање треба да идеме се до почетокот на целата таа верига од причини и последици.И не заборавајте што е тоа што го нарекуваме цел , убаво е да се знае
 
некој песимист би рекол живееме за да умреме.

јас би рекла дека живеам за да ги спознаам сите добри, но и лоши работи што се дел од секој човечки живот.живеам за да се забавувам, да се смеам, но и да плачам и да тагувам.и секој дел од мојот живот го ценам повеќе или помалку затоа што е мој и никој не може да ги доживее истите работи што и јас.
живееме и со некоја своја цел, дали на професионален план или сл., живееме за да створиме потомство кое се надевам дека ќе ужива во животот барем дел од онолку колку што уживаме ние сега, затоа што не знаеме што ќе се случува во иднина.

изнакажав различни работи, но се надевам дека сфативте што сакав да кажам:pipi:
 
Celta na zivotot e da ziveesh za da im sluzish na drugite...

ОМГ !!

Па , мора да има и вакви ...
Штета што немаш самодоверба ...

Зошто постоиме ...?
Па ...Немам одговор , пошто не верувам дека некој ја и знае причината за нашето постоење .
Мојот одговор би бил , постоеме за да напредуваме , да се размножуваме и да ја продолжиме човечката лоза , за зошто :toe: ...
 
А јас искрено мислам дека кога ќе престанеш да трагаш по било што, тогаш почнуваш да живееш и ја осознаваш смислата на животот.
Ама, дали е навистина така?
Дали суштината на животот е да проживееш а да не губиш време во потрагата по суштината?.. Или упорно треба да трагаме, па после од кога ќе најдиме, уморно да седиме и да чекаме да дојди смртта?
Не мислам така.. И на крај краева се си доаѓа на свое, се си доаѓа самото по себе..
Ако цел живот бараме нешто што ќе биде по наша мерка, ќе ги изгубиме оние работи кои поминале пред нас, а не сме ги виделе бидејќи сме биле зафатени со потрагата.. А можеби баш тие работи би биле многу подобри од оние што ти ги бараш.
Така ќе помини цел живот, најдобрите моменти.

И до што дојде на крај Тамарче?
Си ги пропуштила на крај сите пролазни моменти и моментната среќа?

Од каде знаете дека целта на животот не е бесконечна среќа,или можеби time travel,или спознавањето на самата цел (тогаш пак би немало цел ама ај :))

Можеби е само едно ниво,кое ве подготвува за следното потешко?

На крај,ако сите прифатиме дека нема цел,како што тврди Imperator,тогаш светот би престанал да постои,бидејќи на сите им треба нешто натприродно и поголемо од нив,за да се соочуваат со секојдневните проблеми.

Јас нити тврдам дека има цел,нити дека нема.
Само ви кажувам повеќето луѓе го блокираат тоа размислување,плашејќи се да не дојдат до теоријата на Корун,дека после смртта све е црно,нула,ништо
Нас ни треба цел да живееме,а ако животот ни ја даде таа цел,кога тогаш ќе ја исполниме и светот ќе престане да постои како таков.
Боље е вака,у мистерија

Иначе ви текнува зашто ќељавкото од Матрикс го предаде Нео у кецот? :)
 
Епа видиш, можи си во право.. Можи стварно некој луѓе (како јас) размислуваат на овој начин за да го блокират баш то размислување дека после смртта е ништо.

А види уште нешто.
Можи јас сум во право. Можи стварно ги губиш оние најубави моменти додека се обидуваш да го сфатиш недостижното.
 
Абе се е можно.
Ама кога ќе умреш,уште во првиот момент ќе дознаеш дали си бил у право или криво...
Тогаш или на мене или на тебе многу криво ќе ни биде :)
 
некој песимист би рекол живееме за да умреме.

Не мора да значи не се сите исти.
Туку живеам за да успеам, кратко и јасно, веќе одговорив на оваа тема и не би сакала да се повторувам.

edit: Сепак немам одговорено на темата како што си мислев.
Зошто постојам, па да, животот е краток ама пак доволен за тоа прашање да се одговори. Постојам и ја барав смислата на постоењето. Постојам за да пораснам на планина, а не да се смалам во зрнце песок. Постојам а да успеам, за да ја пронајдам среќата која не ја барам, да останам тоа што сум и да победам. Значи накратко тоа е.
А за песимизмот немора да значи, песимист сум за одредени работи ама тоа на некој начин ме прави појака.
 
Како тоа тука?
Мислиш дека после ќе продужиш да живееш?
 
И муабетот демек дојде живеј го секој ден како последен, нема ништо поглупаво од ова, со ова би му давал на секој ден подеднакво значење, живеј за денес оти утре можи ќе те нема. Да бе денес ке одам ке убивам луѓе сите што ме нервираат, денес ќе одам ќе испотрошам се па за утре ќе видиме можи ќе ме нема, никогаш ништо нема да постигниме ако живееме се да искористиме до максимум, се по почувствуваме, секаде да прошетаме.
Уживај во животот, уживај за тоа жто си жив, не размислувај премногу на далечната иднина, и не мисли на смрта, можеби малку подобар ќе ти биди животот. И најважно имај цел , и труди се да ја оствариш, или ќе умриш обидувајќи се :)
 
Твојава теорија ја имам слушнато од еден мал милион луѓе , и сите тврдат дека е тоа нивна теорија...чудно .Изгледа сите имате гледано некој исти филм ,па сте заборавиле од каде е ви е таа идеа.

...во нашава држава има едно златно правило , во уставот пишува дека се е дозволено што со закон не е забрането.Тоа важи за други работи, не само за државата.Секое разбирање за светот околу нас ќе се смета како точно се додека не се покаже дека тоа е погрешно.На сметка на ова правило , квантната теорија зема голем залет и се смета како добра теорија и покрај тоа што се базира на "ЛУДИ" тврдења затоа што едноставно дава добри резлутати и во добар дел од случаите се покажува дека е точна.НА ТВОЕ барање да се размисли подлабоко , да ти покажам и нешто друго, .......
ТЕОРИЈА "Кога никој не гледа под елката, Дедо Мраз , доаѓа и остава покони а кога некој го чека , тогаш некој друг ќе го стави поклонот место него "
Од ова теорија би произлегло дека дедо мраз всушност постои.Само што никогаш нема да го видиш... Ти никогш нема да можеш да ми ја побиеш оваа теорија за дедо мраз.А малку потешко и јас оваа твојава да ја побијам , секогаш ќе може да ти преработува имагинацијата и да си на надградуваш теоријата.
и сега главниот дел....Ваквата теорија што ти си ја нарече твоја , НЕ ЈА БИВА, затоа што не исполнува еден многу битен услов ....а тоа е ...не дава никакви предвидувања, и нема никава практична примена.Ете не дека не е возможно ...туку едноставно пропустот во златното правило кое е директна последица на нашата немоќ за разбирање на светот и дозволува да се измислуваат вакви интересни и мистични МЕДИУМСКИ приказни.
И имам само едно прашање/барање до тебе....Дај покажи ЗОШТО
треба да има нешто после смртта наместо само да викаш дека МОРА ДА ИМА.
И јас би можел да тврдат така ехеее...до крајот на животот.Ама треба да се покаже тоа инаку би биле само празни зборови.

А зашто ова ти што го збориш да е точно?

Тоа си е моја теорија, мозе мислење, мој начин на гледање на работите, мои верувања...
Од толку многу луѓе на планетава не ни очекував да бидам единствен со вакво размислување. Уште сум млад, имам само 20 години, можно е и некој да направил филм со ваква тема, а јас да не сум го гледал...

Има добри шанси да сме нечив експеримент, и не ја исклучувам таа можност... Се е можно!

Предлог до сите: Прочитајте ја книгата ЕКСПЕРИМЕНТ од ДИТАС, многу е интересна и има интересно гледиште на сево ова што ние го нарекуваме живот, исто како што филмот МАТРИКС си има своја перспектива на реалноста и целта на животот...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom