- Член од
- 2 април 2006
- Мислења
- 14.363
- Поени од реакции
- 3.069
Ве читам и сите некако живеете во истата заблуда...
Еве на пример Suva lepoto раскажува приказни за другарките.Нормално дека човек што има се ќе биде исто незадоволен како и човек што нема ништо,од простата причина што самата психологија прави луѓето секогаш да бараат проблеми,да преувеличуваат и да се тешат.
Значи ако ти имаш пари и си купиш н95,после ќе земеш да се нервираш што не е тач скрин.
Некој што нема пари ни за некоја црно бела нокиа исто така ќе се нервира.Но најинтересното е што ти и он ќе се нервирате и тагувате со ист интензитет за два тотално дијаметрални проблеми.
Зашто ви го кажувам ова?
Затоа што истиот случај е и со целта на животот.Никој не ја знае,ама луѓето не можат да се помират со тоа дека не знаат зашто живеат,па си даваат минималистички цели.На пример работам за да купам телефон.И нервозен сум дур не го купам.Моментот на купување и самозадоволување (не добивајте погрешни импликации) е сосема мал и безначаен,и пак си поставувате нова цел,на пример некој HDTV...итн.
Значи телефонот како телефон не е битен,HDTV како HDTV не е битно,она што е битно е дека си создаваме илузија дека одиме кон нешто.
Волјата го движи човекот,но извонредно е тоа што таа константно го прави несреќен.Секогаш сакаме повеќе,не зашто ни треба или од чистата желба,туку едноставно зашто не можеме да го имаме.Само тогаш животот има смисла и цел.Некои си поставуваат високи цели па работат цел живот на нив,а некои пак си поставуваат минималистички низ текот на целиот живот.
Како и да е сите и губиме и победуваме.Го победуваме самиот живот се додека живееме,а кога ќе сфатиме дека уствари ништо не сме создале и направиле,тогаш животот не победува нас.
Ова прашање е толку извртувано низ вековите,со давање на лажни одговори и лажна надеж...А вистината е дека што и да правиме,колку и да сме добри,лоши,игноратни и паметни,на крај пак ќе си заминеме од овој свет.
Не знам,можеби да ја победиме смртта е следниот предизвик,целта на животот...но повторно одговорот е извртуван со тоа што константно сме убедувани дека со животот треба да ја сфатиме смртта и со самото уживање во животот да ја победиме смртта.
Зашто на пример некој кога на 55 години ќе му кажат дека има некоја форма на рак и има уште десет години за живот,е понесреќен од човекот кој е здрав и има 55 години?
Што ако овој дупло го надживее првиот,што толку е битна таа временска линија...10 години повеќе живот и не се многу,но нашата перцепција за нив е нереална и извртена.Што ќе направи вториот толку повеќе,па првиот е толку депримиран?
Два пати повеќе ќе оди во Мекдоналдс,два пати повеќе ќе изглеа фудбал утакмици,два пати повеќе ќе гледа како полека старее?
Не,ние како човечки суштества го прифаќаме тоа што ни е дадено како непроменливо и се адаптираме на тоа без некој поголем проблем.
Не ме сфаќајте погрешно,тоа е една прекрасна карактеристика,но сепак зашто не сме тажни што просечниот животен век ни е 80 години?!
Па што е тоа наспроти 4 милиони (или више) од постоење на човекот?!
Животот можеби да има цел,само што ние сме премногу уплашени да не дојдеме до сознанието дека нема,па се исклучуваме од такви истражувања.
Си поставуваме самите цели,се тешиме со религии и си го живееме животот.На крајот пред смртта пак сме среќни.
Ах, ignorance is a bless