Зошто постоиме? Која е нашата цел на живеење?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lil-Krist**
  • Време на започнување Време на започнување
Целта на живеење е талемата....
Сега гледам дека мојот живот е промашен...
Никад није касно....Секогаш има спас
Мислиш Телема?
 
Целта на живеење е талемата....
Сега гледам дека мојот живот е промашен...
Никад није касно....Секогаш има спас
Taka samo ke bidesh dopolnuvanje na tugo iskustvo, za zal nikogash sopstveno.

Vo drug rechnik,nikogash koren,samo nakalemena granka.
 
Сепак отидовме надвор од тема.. ќе бидам краток :)
Не знам јас физика,се бавам со музика цел живот,и знам за мене што е убаво,а не гледам никакви шумови во музиката бидејќи секоја музика е убава која опишува некој настан,некое чуство,болка на композиторот.Слушај тоа што ти се допаѓа немам ништо против,треба да си изнаслушан па за да правиме муабет за ваква тема.
BtW.Фала за песната,добар избор (y)
Дај некој линк од нешто што си направил тогаш :)
A дека секоја музика била убава....немој :confused:
Тоа ти е како да кажеш дека делата од сите сликари имаат иста вредност и квалитет.
 
Дај некој линк од нешто што си направил тогаш :)
A дека секоја музика била убава....немој :confused:
Тоа ти е како да кажеш дека делата од сите сликари имаат иста вредност и квалитет.
Имаш лични пораки,пиши и ќе ти пратам јас што сум направил...ќе видиме ти шо имаш напраено,па да кажвиш ок ?
Не реков дека твоите Замислени "Слики" Имаат исти квалитет,тебе ти се допаѓаат едни слики мене други.
Ама сега праеме муабет за музика.Јас лично многу слушам класика,џез,рок многу ретко турбофолк,ама сепак сум наслушан бидејќи морам,од други причини.Не реков дека сите се брилијантни,секако дека има песни кој се на мајтап праени,но турбофолк е широк поим,за кои повеќе имаш слушано од други луѓе одколку шо имаш самиот слушано.Сигурно ме сваќаш?
 
Постоиме зa дa умреме еден ден. Тоa е целтa нa нaшето постоење, смрттa. Секој ден сме поблиску до тaa цел.
 
Постоиме зa дa умреме еден ден. Тоa е целтa нa нaшето постоење, смрттa. Секој ден сме поблиску до тaa цел.
Kако може смртта цел да биде,доколку е тоа цел сите би ја исполниле,Албанците продаваат пиштоли и за 50 евра,со кои лесно би извршиле самоубиство.

Има ли некој нихилист на темава,многу би сакал од таков човек да слушнам мислење на темава.

:)
 
Па ќе ја исполниме еден ден сите таа цел. Сите ќе умреме. Никому не му се брза, секако никаде не ни бега.
 
Па ќе ја исполниме еден ден сите таа цел. Сите ќе умреме. Никому не му се брза, секако никаде не ни бега.
Не е цел тоа,разбери,неможе смртта цел да биде.

Цел е да достигнеш нешто во животот што си го имал зацртано,што треба да го оствариш,смртта не е достигнување.

:)
 
Целта е измислена од религиите пошто нели тие ветуваат рајови, 32 девици и сл измишљотини за одреден временски период во кој треба да се почитуваат некои правила. Тоа му доаѓа као работодавец и вработен. Тој ти вика сработи го ова и добиваш плата. Во овој случај од нас религијата како работодавец ни задава задача да бидеме послушни и да веруваме во невидлив дедо на небото, и ако тоа го сработиме правилно ке добиеме рај (плата, награда) ако не ке не прати во пеколот (казна).
^^^СРАЊЕ ВО БОЈА!!!!
-Целта е човекот да зивее среќно. Кога ке си среќен тогаш си ја постигнал целта.
 
Која е целта на дрвата,камењата,животните?Нема цел.Ние во главата си имаме свои цели,да работиме да оформиме семејство...Но тоа се "наши" цели создадени од мозокот,а немаме цел на постоење.Ова не се разбира,ова се спознава преку доживување,нашиот разум неможе да го сфати тоа.
 
Нема цел постоењето, барем не таква поетска цел каква што некои би сакале да има.
Ние сме жив организам со најголемо ниво на развиена свест затоа што се перцепираме себе и својата реалност.

Ако веќе треба да се даде одговор тоа би било дека постоми за да го тераме човештвото напред или да успееме да преживееме.
 
Никогаш не сум разбирал зошто некои луѓе се толку опседнати со "причини за постоење". Не ли можете едноставно да го живеете животот за неговите убави страни и да ги насочите енергиите кон целите кои сами сте ги зацртале за вас бидејќи верувате дека ќе ве направат среќни? Толку сте очајни за преодредени цели и причини што посегнувате по сто пати препишувани митологии, или манијакални објаснувања и теоретизирања, и ги користите како водилки во животот, притоа жртвувајќи си го брзоминливото, ограничено, скапоцено време кое сте имале неверојатно многу среќа да го имате со банални ограничувања. Ајде да речеме дека тоа ви дава некаква сигурност. Ве прави ли среќни? Доколку одговорот е да, тогаш само напред. Само немојте да го декларирате вашето објаснување, како универзално објаснување, доколку не е поткрепено со каква-таква логика и рационалност. Мое мислење е (само мислење), дека животот е како добитно ливче. Вие одлучувате што ќе правите со него. Не треба, и не смеете да дозволите ничија друга идеологија (што де факто ја вклучува и мојава :)), да ви го испере мозокот, туку само да биде една од работите која сами ќе ја проследите и расудите дали е за вас или не. За мене лично животот претставува ограничен простор за среќа и уживање. Нема причини за нашето постоење (да бидам поконкретен - нема некоја "Хоули Мишн" или предодреденост) или цели кои ни се претходно зацртани - освен оние кои си ги даваме самите на себе за да се направиме среќни (не би требало да има...).
 
јас сум во онаа група,што постои заради
плаќање на казни,
а има и група,за одење и гласање на избори
но има и таква створена за копање и орање,
и уште една за ударање потписи и шетање,
по светот ,но и тоа привремено на веков
е тука се сите еднакви во постоењето
 
Никогаш не сум разбирал зошто некои луѓе се толку опседнати со "причини за постоење". Не ли можете едноставно да го живеете животот за неговите убави страни и да ги насочите енергиите кон целите кои сами сте ги зацртале за вас бидејќи верувате дека ќе ве направат среќни? Толку сте очајни за преодредени цели и причини што посегнувате по сто пати препишувани митологии, или манијакални објаснувања и теоретизирања, и ги користите како водилки во животот, притоа жртвувајќи си го брзоминливото, ограничено, скапоцено време кое сте имале неверојатно многу среќа да го имате со банални ограничувања. Ајде да речеме дека тоа ви дава некаква сигурност. Ве прави ли среќни? Доколку одговорот е да, тогаш само напред. Само немојте да го декларирате вашето објаснување, како универзално објаснување, доколку не е поткрепено со каква-таква логика и рационалност. Мое мислење е (само мислење), дека животот е како добитно ливче. Вие одлучувате што ќе правите со него. Не треба, и не смеете да дозволите ничија друга идеологија (што де факто ја вклучува и мојава :)), да ви го испере мозокот, туку само да биде една од работите која сами ќе ја проследите и расудите дали е за вас или не. За мене лично животот претставува ограничен простор за среќа и уживање. Нема причини за нашето постоење (да бидам поконкретен - нема некоја "Хоули Мишн" или предодреденост) или цели кои ни се претходно зацртани - освен оние кои си ги даваме самите на себе за да се направиме среќни (не би требало да има...).

Секоја чест.Како и самиот што напиша дека твојот живот е ОГРАНИЧЕН простор на среќа и уживање(за некои трагедија,немир,болка)но нема врска и тој е живот.
Ама знаеш шо е добро за размислување.Колку и да си бил среќен,тажен,здрав,болен,заљубен,осамен се ќе го памтиш дури не остариш и да фатиш склероза,или дајбоже никогаш да не се деси,некоја болест,Све ќе потоне во вода.Секако дека не е добро да се замараме со акви работи,ама сепак кога ќе помислиш дека немаме цел,и дека сме ограничени како некој се повеќе и повеќе да не турка кон некоја голема јама од која нема излез.
Тоа е реалноста зарем не?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom