Зошто никој не ја посетува православната црква во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheep
  • Време на започнување Време на започнување
Кога сме биле под турско, Православната црква била нивна продолжена рака. Погледнете ги поговорките и народните приказни. Никаде поповите не се претставни како мудри, учени луѓе кои се на страна на наукиот народ и се трудат да му помогнат на кој било начин. Напротив. Само преваранти кои наплаќаат златници за крштевање, венчавка и погреб.

Ова е вистина. Православните попови, како денес, така и порано, секогаш биле врзани со власта, без разлика дали тоа било наша власт или окупаторска. Монахот Кирил Пејчинович во своето дело "Огледало" јавно кажува дека кога поповите не успевале да си земат пари од народот, тие го викале турскиот аксер за сосила да изнудат пари од бедниот македонец.
 
.

Алал да му е верата на тој монах / Кирил Пејчинович!

На која вера тој и’ припаѓал?

Многу ме интересира неговата вера!

п.с. Навистина, самокритиката е доблест која самобендисаните “верници“ (без разлика на нивната конфесионална припадност) ретко ја имаат!

Нее никакво чудо за таквата вера (посебно во денешно време) да се има се’ помалку интерес, бидејќи истата не го негува индивидуалниот и колективниот егоизам.

.

луѓето полека стануваат атеисти, или се близу до атеисти. сфаќаат дека ништо реално нема да им помогне. сами треба да се потрудиме да го добиеме она што го сакаме. никој не ти дава на тацна.
само од традиција може да се иде во црква, али како верник,.... хм, ......многу мал дел од популацијата

.
Отпадот од верата во Евангелието на Милоста БОЖЈА - Христос (кое што е безкрајно поважно и повеќе од македонската православна црква, бугарската, грчката, српската, руската, ... католичката, протестанската, ... како што е безкрајно поважно и повеќе од нашиот труд, дела, наука, сознание, ...) не е случајно!

Никој да не ве измами на ниеден начин; зашто оној ден нема да настапи додека најнапред не дојде отпаѓање од Вистината и не се открие човекот на гревот, синот на погибелта, кој се противи и се превознесува над се’ што се нарекува Бог или Светост, за да седне како бог во Божјиот храм, претставувајќи се себе самиот како Бог.

(2 Солунјани 2:3+4)

.
 
spiros пред некое време ти кажав дека ме смееш и дека со тебе дискусијата е траги-комедија.
така да, тоа што си ми реплицирал, ... ок, твоја желба, али да навлагам во дискусија со тебе НЕ ФАЛА. терај понатаму како си замислил...... упс, не си замислил ти, него невидливото другарче
 
За сите оние кои што се гордеат со себеси и пред се’ се надеваат на својот труд, а истовремено се слепи за Милоста БОЖЈА чиста - за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа - не е воопшто грешно насмевките да ги претвараат во солзи!
(Јаков 4:9)

Поздрав

п.с. Има една можност (кој се вика игноре листа) со која би можел да се спасиш од мене, како повеќе не би ти сметал, не би те засмејувал или натажувал.
Се разбира, ако твојата желба е јас никогаш повеќе да не реплицирам на твоите постови и јас би го сторил истото.

,
 
Не краде свештенството,тоа се тешки зборови,туку само поштено си зема од неуките луѓе.

Да беееее, ја‘ стално заборавам дека ние верните сме неуки, затуцани, неписмени, со опрани умо‘и, тешки социјални случаи и тако даље и томе слично...:pos:
--- надополнето: 15 септември 2013 во 23:33 ---
Микице бе :)
Немој цркви и кафичи, жити ја.
Црквата треба да е бесплатна, а попојне од милост да живеат.

Или сме ние опасен народ, шо е толку милослив, та на попојне им дарува од љубов џипои (а самиот човек дома крпи за леб, од вчера за денес го јаде, се вози на пешки и тако ми ти даље) или некој нешо мати.

Е шо е, да умрам не ќе знам.:cenzura:

Аххх, пусти џипо‘и...:rolleyes:
Дај брзо кажи кој модел од џип го искаш па да нарачаме еден преку Архиепископот Стефан...
--- надополнето: 15 септември 2013 во 23:38 ---
Еве, на пример, Св Никита црквата на Скопска Црна Гора. Тука самиот поп те застанува на местото кајшто се верува светецот е закопан, те чати и ти кажува желба да кажеш. После, иконата на Црна Богородица во село Калишта во Струга...тука жени неротки обично доаѓаат за да забременат. Имаше уште една во Тетовско, ама ја заборавив.

Almala,

дали разликуваш желба од природна и животна потреба?

Тоа за храмот Св. Никита и исполнувањето желби преку застанување на дотичниот камен, за мене лично е најблаго речено смешна работа, иако можеби некој од свештенстото тоа и го чини во храмот.

А тоа што неродки доаѓаат по манстирските храмови со надеж за свој пород, тоа го има и во бигорскиот манастир, каде иконата на Св. Јован, Крстителот, навистина покажува моќ, според сведоштвата од тамошните монаси.
 
Не е можеби, присутна бев кога се деси тоа во Св Никита.

Без разлика дали е желба или природна потреба (што пак е желба на некој начин). Да родиш дете не е природна потреба. Вода да пиеш е природна потреба. Прашањето беше кои се тоа икони што исполнуваат такви нешта и јас ти одговорив.

Познаваш некоја неротка која родила, ама онака, без никаква медицинска помош, само ради иконата?
Ако нема матка, ниедна икона нема да и помогне.

А оти питаш кога прашање си поставуваш и си одговараш сама? Прашања на кои не ти ни треба одговор. Поента ли мислиш дека ќе направиш?

Тоа се пагански обичаи.

Па нека се. Ниедна нова религија не е чиста без примеси од старата што ја заменила.
 
Тоа не е точно.
Обичаи можеби се провлекле но пагански верувања дека икона може да ти помогне да забремениш и слични предмети,тревки и слично во исламот на пример ги нема. :)
 
Мики1 како може да барам прошка за гревовите оти навистина грешен сум?

- Пости, исповедај ги гревоите и причести се, според редот во Црквата.
- Читај ги потребните молитви пред и по исповест и причест.
- Чини добри дела, угодни на Бога, а спротивни на Твоите гревови.
- Надевај се дека Бог ќе Ти ги пшрости гревовоите.
--- надополнето: 16 септември 2013 во 01:19 ---
Не е можеби, присутна бев кога се деси тоа во Св Никита.
.

Јас не бев присутен, туку таа „пракса„ ми ја пренесе мој колега, кој и самиот веројатно тоа „вртење„ по каменот и изразувањето „желби„, го чул од други...
Како и да е‘, тоа не е црковна пракса и начин на служење на Бога.
--- надополнето: 16 септември 2013 во 01:20 ---
Да родиш дете не е природна потреба.
Не е?...
Ами каква е? Вештачка? Измислена?...
--- надополнето: 16 септември 2013 во 01:21 ---
Вода да пиеш е природна потреба.

Највероватно...
--- надополнето: 16 септември 2013 во 01:22 ---
Прашањето беше кои се тоа икони што исполнуваат такви нешта и јас ти одговорив.

А моето прашање се однесуваше на желбите а не на потребите...
Патем, и јас Ти посочив точна икона и нејзнина точна локација.
 
Тоа не е точно.
Обичаи можеби се провлекле но пагански верувања дека икона може да ти помогне да забремениш и слични предмети,тревки и слично во исламот на пример ги нема. :)

Тотално небитно кои пагански влијанија останале. Фактот е дека секоја денешна религија има примеси од претходните.

Пошто ме мрзи да преведувам, еве примери за паганските примеси во Исламот:

http://freethoughtblogs.com/taslima/2012/07/21/ramadan-was-a-pagan-arab-festival-2/

- Пости, исповедај ги гревоите и причести се, според редот во Црквата.
- Читај ги потребните молитви пред и по исповест и причест.
- Чини добри дела, угодни на Бога, а спротивни на Твоите гревови.
- Надевај се дека Бог ќе Ти ги пшрости гревовоите.
--- надополнето: 16 септември 2013 во 01:19 ---

Јас не бев присутен, туку таа „пракса„ ми ја пренесе мој колега, кој и самиот веројатно тоа „вртење„ по каменот и изразувањето „желби„, го чул од други...
Како и да е‘, тоа не е црковна пракса и начин на служење на Бога.
--- надополнето: 16 септември 2013 во 01:20 ---

Не е?...
Ами каква е? Вештачка? Измислена?...
--- надополнето: 16 септември 2013 во 01:21 ---

Највероватно...
--- надополнето: 16 септември 2013 во 01:22 ---

А моето прашање се однесуваше на желбите а не на потребите...
Патем, и јас Ти посочив точна икона и нејзнина точна локација.

Раѓање деца не е потреба за таа единка да преживее. Затоа и не ја нареков онака како ти. Како и да е, не ми се цепидлачи за глупости. Фала за посочувањето на иконата во Бигорски.
 
очигледно е дека мешаш баби и жаби. „Кафичите„ ни оддалеку не се место за социјализирање, туку за сосема друга намена, а Црквата не е место за барањето решение за личните проблеми, ниту пак поповите наплаќаат за понудените решенија по прашањата од духовната природа од верниците во Црквата.
Кафичите се место за социјализирање, затоа кога ти ќе испаднеш се однесуваш многу примерно (седиш во ќош со скрстени раце, како да не ти е ќеиф додека другите се журкаат и зезаат).
Црквите се места за личните проблеми на луѓето, така и се создадени црквите како решение затоа што некои работи што не можеле да си ги објаснат (како зошто било суша оваа година или нека се смилува богот на плодноста за жена ми да роди) и со текот на времето еволуирале од цркви со повеќе богови во црква со еден бог.

Тарифникот во црковните храмови се однесува на требите кои ги врши свештенството, а не на советите кои свештенството го дава до верниците.
Кои се тие требите на свештенството, да изрецитира молитва или било што и за тоа да наплати ? Немој да ме јебеш
И зошто до пред да го воведат тарифникот беа на донации т.е верникот (изманипулираниот) дава колку што има т.е колку осеќа дека е потребно?
Одговорот на овие две прашања е едноставен свештенството станало лакомо, една од работите што ја проповедаат дека не треба да се прави.
 
Кафичите се место за социјализирање, затоа кога ти ќе испаднеш се однесуваш многу примерно (седиш во ќош со скрстени раце, како да не ти е ќеиф додека другите се журкаат и зезаат).

„Кафичите„ не се место за социјалириање, туку за сосема друга намена, која нема благе везе со социјализацијата на единките.
--- надополнето: 16 септември 2013 во 09:25 ---
Црквите се места за личните проблеми на луѓето, така и се создадени црквите како решение затоа што некои работи што не можеле да си ги објаснат (како зошто било суша оваа година или нека се смилува богот на плодноста за жена ми да роди) и со текот на времето еволуирале од цркви со повеќе богови во црква со еден бог.

Еве, јас не можам да си објаснам зашто не ми паѓа „седумка„ на лото, ама овој проблем, никој од Црквата нејќе да ми го реши...
--- надополнето: 16 септември 2013 во 09:27 ---
Немој да ме јебеш

„Не прави прељуба!„ - 7-ма Божја.
--- надополнето: 16 септември 2013 во 09:28 ---
И зошто до пред да го воведат тарифникот беа на донации т.е верникот (изманипулираниот) дава колку што има т.е колку осеќа дека е потребно?

Тарифникот си постои барем откога сум јас дел од Црквата...а и претходно.
--- надополнето: 16 септември 2013 во 09:29 ---
К
Одговорот на овие две прашања е едноставен свештенството станало лакомо, една од работите што ја проповедаат дека не треба да се прави.

Коментарот е едноставен: неверниците секогаш наоѓаат начин за да го оправдаат своето неверие и да си ја затапат совеста со тоа оправдување.
 
Прашањето е зошто „Зошто никој не ја посетува православната црква во Македонија?“, а не дали и колку крадат поповите. За второво мислам дека имаше и посебна тема. Така да убаво би било модераторот да си ја заврши работата и да ја расчисти темата од офтопици.
Прво прашањето не е јасно поставено, бидејќи никој значи црквите да бидат со катанци и никогаш да не се отвораат. Што не е точно, во ниеден случај. А искрено кога го прочитав прв пат си помислив дека е во однос на непосетувањето на клирици од другите помесни цркви. Јас ќе се обидам да одговорам на прашањето: „Зошто православните Христијани ретко ги посетуваат богослужбите?“
1. Немањето на култура за одење в црква. Да бидеме искрени, долги векови нашиот народ живеел по селата и селските средини во кои ретко имало храмови во кои многу ретко се служело. Што од негрижата на свештенството, што од јаремот на отоманските поробувачи. Да не заборавиме дека дури негде по 1835 година (со доаѓањето на тронот во Константинопол на великиот и свет Патријарх Григориј 6. Фуртунијадис, кој претходно бил битолски и серски митрополит; па затоа првата црква е св. Благовештение Прилепско) Православните имаат дозвола да си градат цркви каде што сакаат. Претходно сето тоа било забрането. Но и во подоцнежните години, па и по ослободувањето од Турците, по сите села нема доволно цркви и квалитетни попови(се знаело во тоа време, тој што знае да чита - поп, кој знаел и да чита и да пишува даскал).
2. Атеистичката пропаганда. Уште додека бил под турско ропство, нашиот народ (повторно по селските средини) почнал да паѓа под влијание на атеизмот, повеќето наши револуционери биле лево ориентирани и атеисти. Подоцна со доаѓањето на социјализмот и големата преселба на народот од селата во градовите повторно доаѓаме до дополнително обезбожување. Кутриот полуписмен селанец за да се докаже дека е паметен, напреден, образован, а и за да дојде до некоја повисока функција (ко можел еден бравар да биде претседател, оти да не може еден неграмотен овчар да дотера барем до шеф или до доброплатен службеник?), се декларирал за безбожник. Ден денеска 90% од каталитургиските верници потекнуваат од градските средини или од напредните селски фамилии. (Пишувам за Македонија)
3. Мрзливоста, несериозноста и неморалноста на свештениците. Денеска реално се соочуваме со голем број на попови па и владици кои на својата професија гледаат само како на начин за лесна заработка а просечна плата(далеку дека сите попови имаат џипови и што ти уште не, тоа го имаат поповите кои се на повисоки функции: професори, секретари, намесници, старешни на богати цркви итн.) . Па реално постојат и попови - атеисти, кои и директно ги одвраќаат луѓето од Црквата. Оној кој нема ни ронка вера, има планина гордост и многу лесно се соблазнува. Многумина се соблазниле и затоа што клисарот им ги изгаснал свеќите пред да изгорат, па не да се соблазнат од разни баханалии кои реално ги прават поповите.
4. Народната мрзливост и неморалност. Е што барам јас в црква кога таму ќе ме учат да не блудодејствувам? Што барам в црква кога не можам да станам оти вечерта сум шетал по ноќните клубови дури почнало да разорува? Е што барам в црква кога таму ме учат да постам? Е што барам в црква кога таму ме учат да живеам во мир со брат ми и сестра ми, кои се никакви и сакат дел од наследството на моите родители?

Можеби и ќе бидам офтопик, но сакам да напишам зошто јас одам в црква? В црква одам:
- За да се сретнам со Христа и со сите ангели и христијани(живи и упокоени).
- За кога ќе се подготвувам со засилни подвизи да се соединам со Телото и Крвта Хрстови, кои не се наоѓаат на ниедно друго место освен во путирот.
- За да Го прославам Бога, да Му се заблагодарам или пак да Го помолам за некоја мака што ме мачи.
 
Ти си медиум пријателе изгледа:eek:
 
Ова е вистина.

Ма секако дека е вистина: се‘ што е во функција против православието, аутоматски станува вистина.
--- надополнето: 16 септември 2013 во 12:37 ---
Православните попови, како денес, така и порано, секогаш биле врзани со власта, без разлика дали тоа било наша власт или окупаторска

Еве уште една од многуте „вистини„.

Но, имаме и друга вистина, а таа е дека баптизмот секаде е минимално малцинство, кое ради својата малубројност е обична општествена маргина и небитен општествен фактор, на кого никој не му придава внимание па оттаму и баптистичака желба да се биде далеку-далеку од власта а демек многу блиску до „христа„.

А како би било доколку батпизмот би бил близок до власта/државата: дали и тогаш баптистите би биле критички настроени кон власта или пак би и‘ се додворувале на истата, за да извлечат некоја корист?...
 
Прашањето е зошто „Зошто никој не ја посетува православната црква во Македонија?“, а не дали и колку крадат поповите.
Па една од причините за првото е постоењето на второво.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom