Претпоставувам дека пишуваш конкретно за македонскиот народ иако истово е случај насекаде,на едно глобално ниво како резултат на декаденцијата на човештвото.
Па јас не би се согласил дека одненадеж нормалното станало ненормално и vice versa.Народот си е тој,истиот е како и пред 20 и 50 и 100 години.Не постои нешто што се вика револуција во колективната свест и затоа немаш право да бидеш изненаден од инертноста на "народот".Веќе е апсолвирано и на форумов и во реалниот живот за менталитетот на народот.Научен секогаш на готово некој друг да се бори наместо него во име на било каков идеал,пасивен и крајно сервилен,генерално земено прост и ограничен,со краткорочни погледи и без никаква визија и надеж за истата,завидлив со паролата "да им умре козата на сите комшии".Самите форумџии го направивме тоа кога се спуштивме на ниво на гомна и почнавме да го исмејуваме Стеф,ете ви најблизок пример за тоа каков всушност е народот.Премногу си ласкаме кога се работи за народот,се лажеме и тешиме себеси на некаков начин барајќи оправдувања во политиките на сите влади за овие 20 години притоа заборавајќи ја "каков народ,таква власт"(што е многу точно),менталитет осакатен уште толку во времето на комунизмот.Тука,дури да се заложиш за нешто,да пробаш да се бунтуваш и тоа со причина,барајќи си ги своите права ќе те жигосаат како недозреан,како глупав(демек ќути и трпи можат да те казнат-како да не го знаеш тоа па требаше некој комунистички метузалем да ти го каже тоа и да ја закопаш својата младост и амбиција да промениш нешто).Да пробаш да успееш ќе те исмејат,девалвираат,наместо да ти помогнат или во најмала рака да си ја гледаат својата работа доколку не се кадарни да ти пружат помош.Мислам,веќе и глупо ми е да пишувам на вакви теми кои милион пати се преџвакани.
Се работи за генетски код креиран и наследен со текот на тажната историја на македонскиот народ кој не верувам дека е воопшто возможно да биде променет во позитивна насока.