Зошто користам Windows?

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување
јас незнам зошто е најдобар ама види во светов повеќето луѓе што користат

Значи... твојот аргумент за што е подобро е тоа што “комшо вика така“
Значи... ти не си Македонец! :tapp: (комшо вика така)
Значи... никогаш не си пробал нешто друго, па да оформиш свое мислење, нели? А... си се обидел било кога за било што да оформиш свое милсење??? Еве, ја како твој комшија (во постови) ти кажувам... МНОГУ Е ДОБРО кога ќе успееш да оформиш свое мислење за нешто. Обиди се!
 
онака сум користел и MAC и LINUX ама едноставно не ми се по мерак како WINDOWSот, ете, сеа за другите незнам јас си зборам за мене:helou:
 
Многумина сеутше мислат дека нема ништо подобро од Windows, а и нема да има. Можеби тоа е точно за оние кои не мислат на нешто ново и се задоволни со старото (или не пробале ништо друго освен тоа што го имаат). Сепак еве 10 причини зошто Ubuntu е подобар од Windows:
  1. Нема вируси - Тоа е точно! Linux не ги препознава Win32 фајловите, па можноста да имате вирус на вашиот компјутер е 0%.
  2. Слободен софтвер - За разлика од Window, Linux дистрибуциите се слободен софтвер, и кодот може да биде едитиран и преправен.
  3. Подобро учење - Додека Windows ве учи како да инсталирате и стартувате програм, Linux ви помага да го направите тоа користејќи го терминалот. Па доколку некогаш се најдете во положба каде нема GUI(Graphical user interface) вие сепак ќе можете да се снајдете.
  4. Бесплатни програми - Сите програми за Linux се слободен софтвер, па не мора да се грижите за лиценци повеке, но сепак ќе можете да најдете соодветна замена за некоја Windows програма.
  5. Едноставен за употреба - Можеби ова ви звучи иронично но е вистина. Ubuntu Linux е еден од надобрите оперативни системи кој е лесен за употреба, дури полесен и од Windows XP и Windows Vista.
  6. Ubuntu помош - Ubuntu има многу активна заедница за подршка и помош каде можете да добиете одговор на вашето прашање или проблем за минута.
  7. Неверојатни десктоп ефекти - За оние кои мислат дека Aero во Vista има неверојатни десктоп ефекти почекајте додека не го доживеете Compiz на Ubuntu кој нуди многу подобри ефекти за помалку искористена меморија.
  8. Лесна надоградба - Можете да го надоградите Ubuntu со помош на package manager и сите апликаци/надоградувања можат да бидат инсталирани преку него.
  9. Доживеј го живо - Ubuntu Linux CD-њата доагаат со преинсталирана OS околина која ви дозволува да го стартувате OS и без да го инсталирате. Ubuntu Live CD-то можете да го носите секаде и да го користите на било кој компјутер насекаде низ светот.
  10. Ubuntu Brainstorm - Можност да ја кажете вашата идеја за тоа што би требало да се промени, или пак да се додаде во новата верзија на Ubuntu.
Можеби ова не е се, и има уште по моќни предности кои кажуваа каков би можел да биде Ubuntu. Сепак има и грешки кои од верзија во верзија се се помалубројни. И за крај за неполни 10 дена излегува новата верзија од Ubuntu, Ubuntu 8.04 Hardy Heron.

Извор
 
Ова ми е најсмешно...
Луѓе коишто немаат појма дека и постојат други оперативни системи... недај Боже пробале нешто различно од Windows-от што им го инсталирал локалниот “хакер“ тврдат дека е најдобар!

А... Ece... ЗОШТО Е НАЈДОБАР? (и те молам, не го викај хакерчето што го спомнав прееска да одговори на прашањето)
:pos:
 
Е па 70 % од корисниците се нубови, така да линксот им изгледа прекомплициран, се додека не се направи некој линукс спакован среден за почетници нема да се користи.
А секој кој што се разбира повеќе си користи линукс,и плус со то мангуп се прај јас сум хакер на линукс работам . :pos:
 
Е да треба да има една верзија со повеќе plugin-и и некои работи колку да се види што и како е, а не да се симнува од интернет да се бара ....
Прв пат кога инсталирав ми беше малце чудно, врзано е за работа ама не е лошо. Во windows е поедноставно за работа, а ако нема GUI парите назад, ништо од програмата.... користам Fedora 1 недела, сменив и Ubuntu и openSuSe ама па се вратив на Fedora оти ми изгледа како најдобар (според мене)... и другите имаат некоја предност.. ама вака ми е ОК. Сега кога ќе пуштам Windows ме фаќа страв и имам чувство како да не знам кој од каде ќе ми удри една :) малце како гол ми изгледа :)
 
  1. Нема вируси - Тоа е точно! Linux не ги препознава Win32 фајловите, па можноста да имате вирус на вашиот компјутер е 0%.
  2. Слободен софтвер - За разлика од Window, Linux дистрибуциите се слободен софтвер, и кодот може да биде едитиран и преправен.
  3. Подобро учење - Додека Windows ве учи како да инсталирате и стартувате програм, Linux ви помага да го направите тоа користејќи го терминалот. Па доколку некогаш се најдете во положба каде нема GUI(Graphical user interface) вие сепак ќе можете да се снајдете.
  4. Бесплатни програми - Сите програми за Linux се слободен софтвер, па не мора да се грижите за лиценци повеке, но сепак ќе можете да најдете соодветна замена за некоја Windows програма.
  5. Едноставен за употреба - Можеби ова ви звучи иронично но е вистина. Ubuntu Linux е еден од надобрите оперативни системи кој е лесен за употреба, дури полесен и од Windows XP и Windows Vista.
  6. Ubuntu помош - Ubuntu има многу активна заедница за подршка и помош каде можете да добиете одговор на вашето прашање или проблем за минута.
  7. Неверојатни десктоп ефекти - За оние кои мислат дека Aero во Vista има неверојатни десктоп ефекти почекајте додека не го доживеете Compiz на Ubuntu кој нуди многу подобри ефекти за помалку искористена меморија.
  8. Лесна надоградба - Можете да го надоградите Ubuntu со помош на package manager и сите апликаци/надоградувања можат да бидат инсталирани преку него.
  9. Доживеј го живо - Ubuntu Linux CD-њата доагаат со преинсталирана OS околина која ви дозволува да го стартувате OS и без да го инсталирате. Ubuntu Live CD-то можете да го носите секаде и да го користите на било кој компјутер насекаде низ светот.
  10. Ubuntu Brainstorm - Можност да ја кажете вашата идеја за тоа што би требало да се промени, или пак да се додаде во новата верзија на Ubuntu.
Еден професор на факултет ги наброја сиве овие причини, им ги наполни срцата на линуксашите.... и на крај заврши...

Заборавете се што кажав... сепак, Windows си е Windows :pos2:
 
И јас викам така :)

Барем додека Windows и се што е за Windows е бесплатно за секое македонче :) ќе си го користам главно него. А ако некогаш (али неможе на балканче) ни забранат пиратерија некако со закон или што ги знам, тогаш фала богу би идел на исклучиво на линукс. До тогаш, WINDOWS :)
 
Не знам дали ќе приметиш... си пишал дека си инсталирал Windows за DX9 не за Assassin's Creed... :tapp:

Ај сврзи си ги работите, DX е компилација на библиотеки кои меѓу другото се потребни за 70-80% од PC игрите. Во превод, немаш Windows = немаш игри, остај ти Wine, добар е за постари игри, од 2003та па наназад. Да не беше DX сопственост на Мајкрософт, и Линуксот ке имаше поддршка за игри и ке се ратисавме сите од Windows.
 
Друже.. не го тупи сеа... кажа глупост, проба да се напраиш фраер, па кажа уште поголема глупост.
Моментално играм DX9 игрица под Wine... ако мислиш дека е невозможно... think again... И пушти си Assassin's Creed, се надевам повеќе ќе се снајдеш таму... :tapp:
 
Е јбг, ја утна работата, си има и линуксот свои библиотеки за 3д и подршка за игрите. Не е проблемот во отсуството на DX, за да се играат игрите,проблемот е поради тоа што повеќето од игрите не се конвертирани (напишани) за линукс па мора да се служиме со емулатори како што се вине.... А зошто не се конвертирани, не е софтверски проблем, чисто комерцијален е.
 
Не кажав глупост, не пробав да се направам фраер, па не кажав поголема глупост. Не мислам дека е невозможно да се игра игрица под Wine, туку затоа што се работи за емулатор, перформансите ке бидат значително помали ако се работи за игра која цица многу ресурси. Затоа и реков дека постари DX9 игри идат супер, а поновите тешко дека ке бидат игриви. И Assassins Creed е глупа игра, ја земав чисто колку за пример, бидејќи ми ги цица апсолутно сите ресурси на процесорот, рамот и графичката, и пак не ја играм со све до даска, и тоа под XP, а компјутерот не ми е баш евтин. Со Wine резултатите би биле уште полоши:tapp: И чисто колку за информација, ги охрабрувам сите мои другари да се пребацат на Линукс, зборејки им колку е топ. Двајца беќе се префрлија и им се свиѓа. Ова го кажав да не мислиш случајно дека го мразам Линуксот, туку баш го мразам Билчо Портата.

Е јбг, ја утна работата, си има и линуксот свои библиотеки за 3д и подршка за игрите. Не е проблемот во отсуството на DX, за да се играат игрите,проблемот е поради тоа што повеќето од игрите не се конвертирани (напишани) за линукс па мора да се служиме со емулатори како што се вине.... А зошто не се конвертирани, не е софтверски проблем, чисто комерцијален е.

Незнаев дека е комерцијален проблемот, мислев дека е софтверски. My bad.
 
лесен,компатибилен со скоро сите игри и приграми,едноставен, I LOVE WINDOWS XP
 
Е јбг, ја утна работата, си има и линуксот свои библиотеки за 3д и подршка за игрите. Не е проблемот во отсуството на DX, за да се играат игрите,проблемот е поради тоа што повеќето од игрите не се конвертирани (напишани) за линукс па мора да се служиме со емулатори како што се вине.... А зошто не се конвертирани, не е софтверски проблем, чисто комерцијален е.
wine=wine is not an emulator
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom