Зошто децата се крштеваат (во православието) на својата 1 година?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ag0rA
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате тоа што друг им ја одбира религијата?!?


  • Вкупно гласачи
    179
Како „изгледаат„ добрите луѓе? По што можам да ги препознаам во однос на „останатите„? Што се тоа „добри„ луѓе?
 
Maran Ata, ние за жал го немаме зачувано учењето на Дионисиј, туку се што имаме е некоја православна наштимана верзија од "неговото" "учење". Да постоеше некакво боговдахновено учење на Дионисиј, тогаш тоа ќе влезеше во канонот на Новиот Завет и ќе гласеше нешто како "Послание од Дионисиј до...", но такво нешто, за жал или за среќа, немаме.

За среќа, брате, го имеме и те како зачувано. Знаеш, исто како што се имаат зачувано списите на Платон, Сократ и други далеку пред апостолското време, така го имаме зачувано и делото на св.Дионисиј Ареопагит. Ама тебе изгледа не ти одговара тоа да го признаеш, па се правиш со сила мутав... како беше она - целта го оправдува средствата? И бај д веј, тоа не е негово учење (аман, читај се што пишуваш) туку е учење на апостол Павле кое тој го пренел на св.Дионисиј Ареопагит. А за жал, вие не го признавате, со што индиректно не го признават ни она што го пишал св.ап.Павле, а со тоа ја порекнувате цела Библија. Треба ова да ти го цртам или јасно ти е?

Но затоа пак имаме една канонизирана и боговдахновена книга во Новиот Завет која се вика "Дела на Апостолите"

Е слава Му на Бога што со помош на Светите Отци го имаме тоа Свето Писмо. И замисли, баш со помош на тие Свети Отци кои ти ги порекнуваш. Токму тие Свети Отци го имаат канонизирано Светото Писмо. Учи малку историја...

Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ме спречува да се крстам?”
А Филип му рече: „Ако веруваш од сè срце - можеш."
(Дела 8:36-37, Библијата)

Значи во оваа боговдахновена и канонизирана книга се вели дека верата е клучен предослов за некој да може да се крсти.

А за овој дел, дај да не се правиме со сила тапи... Јасно е дека Етиопјанинот бил паган, друговерец, самиот стих ти го кажува тоа. Затоа св.ап.Филип го прашува дали верува во тоа што му го проповедал. Дај бе веќе научи се да ги гледаш околностите под кои се случило нешто, а не ко слепец за стап...

Бај д веј, кажавме веќе дека затоа пости кумство... за некој што не може да ги искаже своите верски ставови.

Оттука непосредно следи дека бебенцата, кои немаат вера, не можат да се крстат (што пак не значи дека доколку некое бебенце ненадејно почине, тоа не може да влезе во Божјото Царство).

А што, според тебе, ќе се случи со бебе што ненадејно починало? Или, ете, со ментално болен човек, или со некој кој е глув и слеп, или некој кој е во кома?
 
Мараната, зошто секогаш кога ќе се најдеш во ќорсокак, во недостаток на аргументи веднаш почнуваш да хистеришеш? :pos2:
Ти можеш да филозофираш до 101 и назад, но џабе ти е, Светото Писмо во корен ги сече твоите тралалајќи.
Факт е дека во Библијата не е спомнат ниту еден пример за крстено бебе, а згора на тоа јасно е кажано дека на крштевањето му предходни проповедање на словото, покајание и вера во Исус Христос - работи кои едно бебенце не може, ниту пак има капацитет да ги направи.

"И така се крстија оние кои го прифатија неговото слово." (Дела 2:41)

Дали бебињата го прифатиле неговото слово (евангелието)? :) Не? Епа значи тие не се крстиле.

А што, според тебе, ќе се случи со бебе што ненадејно починало?

Неговата душа оди дирекно во Божјото Царство.
А според тебе? Ајде сега одговори ти што ќе се случи со душата на едно бебе што ете ненадејно починало при пораѓање?
 
Мараната, зошто секогаш кога ќе се најдеш во ќорсокак, во недостаток на аргументи веднаш почнуваш да хистеришеш? :pos2:
Ти можеш да филозофираш до 101 и назад, но џабе ти е, Светото Писмо во корен ги сече твоите тралалајќи.
Факт е дека во Библијата не е спомнат ниту еден пример за крстено бебе

Ев, не знам кој хистерише. Да не си случајно ти тоа? Некако сакаш да го избегнеш тоа за св.Дионисиј Ареопагит, ама не ти оди. Него и во Библијата го пишува, а тебе никаде, во ниту еден дел на Светото Писмо не те пишува како личност која пости. Е сега, сам заклучи си кој фактор си за да некој ти ги слуша твоите филоЗофии.

...јасно е кажано дека на крштевањето му предходни проповедање на словото, покајание и вера во Исус Христос - работи кои едно бебенце не може, ниту пак има капацитет да ги направи.

"И така се крстија оние кои го прифатија неговото слово." (Дела 2:41)

Дали бебињата го прифатиле неговото слово (евангелието)? :) Не? Епа значи тие не се крстиле.

Неговата душа оди дирекно во Божјото Царство.

Еххх, Ев, пак нема логика тоа што го зборуваш. Ајде сега да видиме како ќе го разјасниш твојот погорен коментар со овие Библијски цитати.

Јован.35:6 Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во Царството Божјо; Зашто, роденото од тело, тело е, а роденото од Дух, дух е.

Матеј 16:16
*Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден.
 
За првиот стих веќе ти објаснив дека не се однесува на крштевањето и сувишно е да се повторувам.
А околу вториот библиски стих, може да се осврнеме малку подлабоко...

Матеј 16:16
*Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден.

Интересно е што горниот стих не вели:
"Кој ќе се крсти и поверува, ќе биде спасен.",
туку вели:
"Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен."
Приметуваш нешто во редоследот на поверувањето и крштевањето? :)

Исто така интересно е што горниот стих не вели:
"Кој не се крсти ќе биде осуден"
ниту пак вели:
"Кој не поверува и не се крсти, ќе биде осуден."
туку вели:
"Кој не поверува, ќе биде осуден".

Ова е кажано од Христос во контекст на проповедање на евангелието. Значи според Христос, осудени се оние на кои им е проповедано евангелието, а не поверувале во него.
Нормално е тука не спаѓаат бебенцата и умно болните луѓе кои немаат капацитет да го разберат евангелието за да потоа одбиат да поверуваат во него нели.

Во спротивно, согласно твојата логика, испаѓа дека него невино бебенце кои не го преживеало пораѓајот (рецимо се задушило при пораѓање), бидејќи не било избањато од попот, тоа ќе гори во пеколот? Зарем во таков Бог веруваш ти? Во Бог кој ги фрла невините бебенца во огнениот пекол само затоа што не усепале да бидат избањати од некој чичко со црна мантија?
Најјннн :nenene: можеби тоа е православниот Бог, но не и Христијанскиот Бог. Христијанскиот Бог е Праведен Бог, Бог полн со љубов, милост, свет Бог! Христијанскиот Бог се смилува и над најголеми грешници кога искрено се каат и ги прима во Своето Царство, а камо ли некое невино бебенце кое ненадејно починало при пораѓај. А такви бебенца има многу, дури и денес, а камо ли порано кога мајќите се пораѓале во штали и сл.
 
Јас чисто од љубопитност ќе поставам едно прашање:
-Што се случува со душите на починатите некрстени деца(во случај да новороденчето починало пред да биде крстено)?

-Каде одат нивните души,според Христијанството?
 
А околу вториот библиски стих, може да се осврнеме малку подлабоко...

:pos2:од кога ти тоа подлабоко се осврнуваш на Библијата, буквалисту? хахаха подлабоко само каде што ти одговара, ама кога се работа за подлабокото осврнување во однос на причеста, на Богородица, на моштите...тогаш не ти одговара, а? Ех, ама си патетичен.

Интересно е што горниот стих не вели:
"Кој ќе се крсти и поверува, ќе биде спасен.",
туку вели:
"Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен."
Приметуваш нешто во редоследот на поверувањето и крштевањето? :)

Исто така интересно е што горниот стих не вели:
"Кој не се крсти ќе биде осуден"
ниту пак вели:
"Кој не поверува и не се крсти, ќе биде осуден."
туку вели:
"Кој не поверува, ќе биде осуден".

Ова е кажано од Христос во контекст на проповедање на евангелието. Значи според Христос, осудени се оние на кои им е проповедано евангелието, а не поверувале во него.
Нормално е тука не спаѓаат бебенцата и умно болните луѓе кои немаат капацитет да го разберат евангелието за да потоа одбиат да поверуваат во него нели.

Во спротивно, согласно твојата логика, испаѓа дека него невино бебенце кои не го преживеало пораѓајот (рецимо се задушило при пораѓање), бидејќи не било избањато од попот, тоа ќе гори во пеколот? Зарем во таков Бог веруваш ти? Во Бог кој ги фрла невините бебенца во огнениот пекол само затоа што не усепале да бидат избањати од некој чичко со црна мантија?

Не, тоа би било според твојата логика, не го врти сега накај мене. Ти тврдеше дека некој што не поверува не може да биде спасен, а дека децата со оглед на тоа што сеуште немаат развиена свест не можат да поверуваат, а на тоа следува дека не можат да бидат ниту спасени. Самиот си контрадицираш на себе.

Така што, според тебе, тоа би било така. А според Бог - јок.

Јас јасно кажав зошто постои кумството, а убаво тоа ти го опишува и св.Дионисиј Ареопагит.

И бај д веј, може вие се бањате само, како што го направил тоа вашиот основач Смит, кој по сто пати се бањал, но православните христијани се крштеваат во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин! еднаш и засекогаш!

А што велиш да ни кажеш како вие се крштевате? Каков ви е ритуалот? Оти вашиот основач се крстил неколку пати, а меѓу другото и сам?
 
Јас чисто од љубопитност ќе поставам едно прашање:
-Што се случува со душите на починатите некрстени деца(во случај да новороденчето починало пред да биде крстено)?

-Каде одат нивните души,според Христијанството?

- Душата од така упокоеното бебе, оди кај Оној Кој ја дал таа душа. А ако мислиш на тоа дали ќе оди во Рајот или пеколот, тоа зависи од милоста Божја, а не од мислењето и расудувањето од некој смртник. Милоста Божја, која е колку од Земјата до Небото, одредува за привременото „место„ од така упокоените/некрстените бебиња. А за нивното некрпштевање, одговрност повеќе ќе сносат оние кои тие бебиња ги родиле и навремено некрстиле, отколку што е одговорноста од самото бебе.
 
Мараната, се прашувам зошто кога ти поставуваат едноставни прашања, наместо одговор, коментираш за оној кој ти ги поставува тие прашања? :)
Нема потреба да пишуваш што мислам јас, бидејќи јас мојот став јасно го објаснив во моите постови, но изгледа занеме пред отрезнувачките прашања и за да не ти се виде срамот, пишуваш се освен она што треба.
Нејсе, не ти е прв пат, впрочем не знам и кога си направила исклучок хаха.
Бидејќи не го одговори он-топик прашањето, еве ќе го поставам уште еднаш за сите да знаат како да ги матираат "православните" во однос на крштевањето.

Каде ќе оди душата на некрстеното бебенце кое ненадејно починало при самиот пораѓај?
Спопред догмите на нашата Маранатка, тоа бидејќи не се родило од вода (што според неа тоа значи крштевање) следува дека тоа нема да влезе во Божјото Царство, туку ќе гори во пеколот во век и веков?
Верувате ли вие во таков "бог" што ги фрла невините бебенца во вечниот оган само заради тоа што не биле попрскани од чичкото со црна мантија?
Јас не! Јас верувам во Христијанскиот Бог, Кој е Праведен и Свет Бог, полн со љубов и милост.

А што велиш да ни кажеш како вие се крштевате? Каков ви е ритуалот? Оти вашиот основач се крстил неколку пати, а меѓу другото и сам?

Господ да те покара (не да те казни!) за хулите кои ги изнесе против Неговиот возљубен Син. Исус Христос не бил крстен во вода неколкупати, туку само ЕДНАШ и тоа не Сам, туку Јован Крстителот го крстил! Но се надевам дека ова го кажа од немарност, дека не го мислеше тоа и дека Бог ќе ти прости за оваа хула.

Ние христијаните се крстиме само еднаш, доволно возрасни за свесно да донесеме лична одлука за тој чин, со предходно покајание и вера, со целосно потопување во вода, во Името на Таткото, Синот и Светиот Дух! Или со други зборови - исто онака како што крштевале апостолите на Исус Христос!
 
Не спамирајте по темите..ако имате нешто да кажете во ред ако не..гит
 
Kako sto kazal gospod Taka...

Господ кажал "ако веруваш, тогаш можеш да се крстиш" и прејасно е дека бебињата, бидејќи не веруваат, не можат да се крстат. Но тука не е темата што кажал Господ, бидејќи на сите просечни познавачи на Библијата тоа им е јасно. Тука темата е зошто, и покрај тоа што го вели Библијата, православните ги крстат бебенцата на својата 1ва година?
Јас сметам дека станува збор за класичен црковен бизнис. А ти?
 
Дали некрстеното (починато) бебе оди во пеколот? Молам одговор од сите „страни“ во спорот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom