Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Maran Ata, ние за жал го немаме зачувано учењето на Дионисиј, туку се што имаме е некоја православна наштимана верзија од "неговото" "учење". Да постоеше некакво боговдахновено учење на Дионисиј, тогаш тоа ќе влезеше во канонот на Новиот Завет и ќе гласеше нешто како "Послание од Дионисиј до...", но такво нешто, за жал или за среќа, немаме.
Но затоа пак имаме една канонизирана и боговдахновена книга во Новиот Завет која се вика "Дела на Апостолите"
Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ме спречува да се крстам?”
А Филип му рече: „Ако веруваш од сè срце - можеш."
(Дела 8:36-37, Библијата)
Значи во оваа боговдахновена и канонизирана книга се вели дека верата е клучен предослов за некој да може да се крсти.
Оттука непосредно следи дека бебенцата, кои немаат вера, не можат да се крстат (што пак не значи дека доколку некое бебенце ненадејно почине, тоа не може да влезе во Божјото Царство).
А што, според тебе, ќе се случи со бебе што ненадејно починало?
Мараната, зошто секогаш кога ќе се најдеш во ќорсокак, во недостаток на аргументи веднаш почнуваш да хистеришеш? :pos2:
Ти можеш да филозофираш до 101 и назад, но џабе ти е, Светото Писмо во корен ги сече твоите тралалајќи.
Факт е дека во Библијата не е спомнат ниту еден пример за крстено бебе
...јасно е кажано дека на крштевањето му предходни проповедање на словото, покајание и вера во Исус Христос - работи кои едно бебенце не може, ниту пак има капацитет да ги направи.
"И така се крстија оние кои го прифатија неговото слово." (Дела 2:41)
Дали бебињата го прифатиле неговото слово (евангелието)?Не? Епа значи тие не се крстиле.
Неговата душа оди дирекно во Божјото Царство.
Матеј 16:16
*Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден.
А околу вториот библиски стих, може да се осврнеме малку подлабоко...
Интересно е што горниот стих не вели:
"Кој ќе се крсти и поверува, ќе биде спасен.",
туку вели:
"Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен."
Приметуваш нешто во редоследот на поверувањето и крштевањето?
Исто така интересно е што горниот стих не вели:
"Кој не се крсти ќе биде осуден"
ниту пак вели:
"Кој не поверува и не се крсти, ќе биде осуден."
туку вели:
"Кој не поверува, ќе биде осуден".
Ова е кажано од Христос во контекст на проповедање на евангелието. Значи според Христос, осудени се оние на кои им е проповедано евангелието, а не поверувале во него.
Нормално е тука не спаѓаат бебенцата и умно болните луѓе кои немаат капацитет да го разберат евангелието за да потоа одбиат да поверуваат во него нели.
Во спротивно, согласно твојата логика, испаѓа дека него невино бебенце кои не го преживеало пораѓајот (рецимо се задушило при пораѓање), бидејќи не било избањато од попот, тоа ќе гори во пеколот? Зарем во таков Бог веруваш ти? Во Бог кој ги фрла невините бебенца во огнениот пекол само затоа што не усепале да бидат избањати од некој чичко со црна мантија?
Јас чисто од љубопитност ќе поставам едно прашање:
-Што се случува со душите на починатите некрстени деца(во случај да новороденчето починало пред да биде крстено)?
-Каде одат нивните души,според Христијанството?
А што велиш да ни кажеш како вие се крштевате? Каков ви е ритуалот? Оти вашиот основач се крстил неколку пати, а меѓу другото и сам?
Kako sto kazal gospod Taka...
Kako sto kazal gospod Taka...