Да се разбериме, и јас сум против полнењето на туѓ џеб (да неречам ова апашиве мамата ни ја ебаа), ама се надевам дека ќе се воведи некој ред тро од тро во центаро на градо. Патем,има некаде да се види кои се тие 1800 и нешто паркинзи кои ќе се плаќаат?
Наоѓам паркинг секогаш, во уличките околу Народна одбрана. Дури и во сабота на пладне, кога е веројатно најголема гужва.
Е јебига, сега ќе се наплаќа и таму...
Инаку, аргументот со имањето и немањето не го бива. Прво, не се 20 денари. Еден саат да речеме за денското слегување, макар што е подолго од тоа, и 2-3 саати за вечерното, ќе се направат 100 наместо 20. Второ, тоа дали имам или немам, не е работа на двојче, сигурно тој не ми ги даде парите за да ми ги зема.
Тука си во право, мада ќе се оди на алтернатива: подалеку оставање колата на неплатен паркинг... и гужвата ќе се префрли на другите делови од градот, мада, ќе има и такви шо ќе размислат дали да излезат со кола или со такси (по 20).
Што реално јас ќе добијам за моите 3000 денари месечно? АПСОЛУТНО НИШТО.
Тоа се вика грабеж, а на грабеж се одговара само со насилство. Да му фрлат на двојче Молотов коктел во дворот, да го видам дали уште еднаш ќе му текне да краде, се да му ебам.
Ова е то шо и мене многу ми смета. Недај боже да ти ја чукнат/оштетат колата на паркинг... си платил за паркинг, а тој шо ти ги зема парите не одговара со ништо. Нешто како мижи асан да ти ги јадам слатките.
Зонско апсолутно нема ништо да ти смени освен што ќе ти ги земат парите ако бидеш среќен да најдеш место, ова ти го кажувам од искуство.
Повели дојди кај мене во среда и сабота и обиди се да најдеш паркинг на друго место освен во катната гаража која што е стално празна од причина што треба да молкниш еден куп работи пешки до втор кат во случај ако нема некој друг со тебе да ја земе колата од горе.
Во делот на градот каде што се наплаќа фиксен билет луѓе ги паркираат колите од утрото и не помислуваат да ги тргнат се додека не испазарат убаво и тоа може да потрае доста време.
Додека во делот каде што се наплаќа од саат, има проблем со малиот капацитет на паркинг места.
Пред да биде зонското паркирање беше слично нешто, само што тогаш не ни земаа пари.
Да, мада тоа со наплаќањето фиксен билет е утка... ако беше по сат и таму, да видиш како ќе се думаа да ги тргнат оти то е, екстра пари за паркинг.
Инаку, се се сведува на немање култура и свест... тро да бевме поинаку воспитани, ќе беа работие поинаку. Мада мислам дека зонското нема да ни го дотера умо. За битолчани нарочито, 100 денари сато паркирање треба да биди в центар, од сат. Исто и седењето на кафе да го напрат така, 100 денари од сат. И пак ќе има гужви, ќе се тепаат кој да плати попрв.