Договор за јавно приватно партнерство за воведување на зонски систем на паркирање беше потпишан денеска во Битола. Договорот го потпишаа градоначалникот на општина Битола Владимир Талески и управителот на фирмата „Стентон – градба“, Благој Крстевски.
- Денеска започнува реализацијата на уште еден од ветените проекти во нашата програма – зонско паркирање во Битола. Значи навистина долг период ова го подготвувавме. Беше максимално транспарентно. Посебно градовите кои што имаат стари градски јадра, посебно заштитени објекти, улици итн, навистина имаат проблем со паркинг просторот за возилата. Досега во Битола тој начин на паркирање не беше регулиран, а убедени сме дека денеска правиме една многу важна значајна работа со што максимално ги канализираме условите за паркирање на возилата низ општина Битола. Тоа што е особено интересно е што 15 минути во било која зона е бесплатно паркирањето, изјави Талески.
Во рамки на зонскиот систем предвидени се 1951 паркинг места распоредени во три зони. Јавното приватно партнерство се склучува на 6 години, а во првите 90 дена потребно е да се направи вовед во работа и паркинг местата да бидат ставени во функција. После рокот од 90 дена, следат 60 дена за промотивно и едукативно организирање на паркирање без надомест во сите зони. По првите 60 дена се воведува наплата во прва зона, по истекот на 6 месеци наплата во втора зона, а по истекот на 12 месеци наплата и во трета зона.
- Со потпишувањето на договорот помеѓу општина Битола и „Стентон градба“, денеска и формално се почнува програмата за паркинзите во Битола. Во рок од 90 дена треба да стартуваат со наплата паркинзите во Битола. Имаме обврска да вработиме 70 луѓе во текот на годината и бруто износ кон општина Битола кој треба да го платиме за една година изнесува
1.734 410,00. На овој начин ќе се регулира паркирањето, има автомобили кои со години стојат на истото место, а граѓаните – станарите неможат да ги користат паркинзите, изјави Благој Крстевски, управител и сопственик на „Стентон градба“.
Начинот и периодот на наплата се според следниот ценовник: првите 15 минути се бесплатни, прва зона 30 денари /2 часа (од 07-17) и прва зона 20 денари /2 часа од 17 до 22 часот, секој нареден час е за 10 денари поскап од претходниот. Во втора зона 2 часа од 07 до 17 часот се 20 денари, 10 денари два часа од 17 – 22 часот и трета зона 20 денари/3 часа од 07 до 17 часот. Станарите од колективните станбени згради ќе плаќаат 200 денари месечно за едно возило/300 денари за второ возило. Паркирањето во недела и неработни денови прогласени со закон е бесплатно.
Извор:
http://kurir.mk/republika/opstini/120816-Zonsko-parkiranje-i-vo-Bitola-prvite-15-minuti-se-besplatni
1.734.410,00 денари = 28000 евра годишно = 2400 евра месечно. Алал да ти е бе Двојче бе, ја наполна градската каса, не ќе знајме парите кај да ги трошиме, дали на затворен базен или на обнова на спортската сала! Тој морково во еден ден ќе прај 3000 евра море љоко еден! Напрај ги прво улиците, напрај салам места за паркирање, после пари да земаш, сите толкај сте за крадење, аир и бериќет да не видите!