Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Договор за јавно приватно партнерство за воведување на зонски систем на паркирање беше потпишан денеска во Битола. Договорот го потпишаа градоначалникот на општина Битола Владимир Талески и управителот на фирмата „Стентон – градба“, Благој Крстевски.

zonsko-3-500.jpg

- Денеска започнува реализацијата на уште еден од ветените проекти во нашата програма – зонско паркирање во Битола. Значи навистина долг период ова го подготвувавме. Беше максимално транспарентно. Посебно градовите кои што имаат стари градски јадра, посебно заштитени објекти, улици итн, навистина имаат проблем со паркинг просторот за возилата. Досега во Битола тој начин на паркирање не беше регулиран, а убедени сме дека денеска правиме една многу важна значајна работа со што максимално ги канализираме условите за паркирање на возилата низ општина Битола. Тоа што е особено интересно е што 15 минути во било која зона е бесплатно паркирањето, изјави Талески.
Во рамки на зонскиот систем предвидени се 1951 паркинг места распоредени во три зони. Јавното приватно партнерство се склучува на 6 години, а во првите 90 дена потребно е да се направи вовед во работа и паркинг местата да бидат ставени во функција. После рокот од 90 дена, следат 60 дена за промотивно и едукативно организирање на паркирање без надомест во сите зони. По првите 60 дена се воведува наплата во прва зона, по истекот на 6 месеци наплата во втора зона, а по истекот на 12 месеци наплата и во трета зона.
zonsko-4-500.jpg

- Со потпишувањето на договорот помеѓу општина Битола и „Стентон градба“, денеска и формално се почнува програмата за паркинзите во Битола. Во рок од 90 дена треба да стартуваат со наплата паркинзите во Битола. Имаме обврска да вработиме 70 луѓе во текот на годината и бруто износ кон општина Битола кој треба да го платиме за една година изнесува 1.734 410,00. На овој начин ќе се регулира паркирањето, има автомобили кои со години стојат на истото место, а граѓаните – станарите неможат да ги користат паркинзите, изјави Благој Крстевски, управител и сопственик на „Стентон градба“.
Начинот и периодот на наплата се според следниот ценовник: првите 15 минути се бесплатни, прва зона 30 денари /2 часа (од 07-17) и прва зона 20 денари /2 часа од 17 до 22 часот, секој нареден час е за 10 денари поскап од претходниот. Во втора зона 2 часа од 07 до 17 часот се 20 денари, 10 денари два часа од 17 – 22 часот и трета зона 20 денари/3 часа од 07 до 17 часот. Станарите од колективните станбени згради ќе плаќаат 200 денари месечно за едно возило/300 денари за второ возило. Паркирањето во недела и неработни денови прогласени со закон е бесплатно.

Извор: http://kurir.mk/republika/opstini/120816-Zonsko-parkiranje-i-vo-Bitola-prvite-15-minuti-se-besplatni

1.734.410,00 денари = 28000 евра годишно = 2400 евра месечно. Алал да ти е бе Двојче бе, ја наполна градската каса, не ќе знајме парите кај да ги трошиме, дали на затворен базен или на обнова на спортската сала! Тој морково во еден ден ќе прај 3000 евра море љоко еден! Напрај ги прво улиците, напрај салам места за паркирање, после пари да земаш, сите толкај сте за крадење, аир и бериќет да не видите!
 
Лелеле, ова е вооружен грабеж.Да се земе најлошиот естимејт едно паркинг место да прави по 1 евро на ден тоа ти е околу 600.000 евра годишно.Убо си ја наредиле, браос.
 
Лелеле, ова е вооружен грабеж.Да се земе најлошиот естимејт едно паркинг место да прави по 1 евро на ден тоа ти е околу 600.000 евра годишно.Убо си ја наредиле, браос.

Мислиш дека ова е грабеж?
Види го ова!

Темава како за @Смрт за зони и пајак воз.
 
Каков грабеж бе што ви е на вас, не ли читате дека било ветено во предизборна програма.
чим го гласале значи гласале и за платени паркинзи, туку не го гледам жереновски дека ја укина наплатата низ центар.
 
Лелеле, ова е вооружен грабеж.Да се земе најлошиот естимејт едно паркинг место да прави по 1 евро на ден тоа ти е околу 600.000 евра годишно.Убо си ја наредиле, браос.
На онкологија да ги дадат.
 
Мислиш дека ова е грабеж?
Види го ова!

Темава како за @Смрт за зони и пајак воз.

И твоето е грабеж, ама барем парите одат во Јавно Претпријатие под капата на општината. Овде парите не се знај кај одат! За 2400 евра месечно и мене да ми ги дат паркинзите ќе ги стопанисувам, ќе кренам кредит ќе се позајмам пичка му материна... 2400 евра месечно бе еееееј абе дали е нормален овај глумецо бе!
 
Каков грабеж бе што ви е на вас, не ли читате дека било ветено во предизборна програма.
чим го гласале значи гласале и за платени паркинзи, туку не го гледам жереновски дека ја укина наплатата низ центар.

Беше ветено прекинување на моменталниот договор со една локална такси компанија и ветено беше паркингот во централното подрачје да е бесплатен.

Во меѓувреме дури не стана ова официјално се наплаќаше на периоди дури не се збркаа со цајкани.Тежок башибозук.Ама глуп народ јака општина.

Нема бесплатен паркинг во Охрид

Иако локалните власти се заложија во центарот на Охрид да не се наплаќа за паркирање, сепак лица облечени во зелени униформи наплаќаат по 50 денари од час.

И твоето е грабеж, ама барем парите одат во Јавно Претпријатие под капата на општината. Овде парите не се знај кај одат! За 2400 евра месечно и мене да ми ги дат паркинзите ќе ги стопанисувам, ќе кренам кредит ќе се позајмам пичка му материна... 2400 евра месечно бе еееееј абе дали е нормален овај глумецо бе!
И сега кај е доброто ако оделе парите во општина?Демек толку се поштени, мислиш до лани в пошта работеле.Ако одат во општина исто како да одат во буџетот на една партија.Претходно ќаруваа други.Јас и ти немаме никаква корист од ова.
 
И твоето е грабеж, ама барем парите одат во Јавно Претпријатие под капата на општината. Овде парите не се знај кај одат! За 2400 евра месечно и мене да ми ги дат паркинзите ќе ги стопанисувам, ќе кренам кредит ќе се позајмам пичка му материна... 2400 евра месечно бе еееееј абе дали е нормален овај глумецо бе!

Како бе не се знае? Парите одат кај тој дебелио в џеб и одреден процент кај глумецо в џеб. Поштен грабеж, согласно законот.
 
Ма удри по џебот на народот шо ти е гајле, не удираш по својот.
 
Ако! Убо прај! Уште 4 години ќе го прчи сега, после нека му ја поништат одлуката, ќаро му е изваен него... Нека му ја мислат оние шо го гласаја, изгледа мед и млеко му течеше... пак нека собират по 15 души на списоци, нека се јавуват по телефони да прашват дали излегле на гласање... чим му е убо нека терат! Не се за жалење!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom