Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Па Андреј си кажа дека касата му е празна, оние ѓубрињата претходно му ја испразниле. Имајте разбирање дека мора од нешто и он да живее.
 
Овој е градски паркинг не е на општина центар не е под надлежност на Жерновски
 
Вечер донесува коментар:
Жерновски ги извози центарци, ништо од бесплатното паркирање

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=BD024AA165F8B844A47C937212AAE7DC
Вест донесува:
Центарци не можат да паркираат кај сакаат

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=8E2821CA5CE3C74D92934639D8D1EA19
Повелете коментирајте... Јас не знам што да кажам
 
Жерновски ја објави веста која долго ја чекавме еве и видео изјава.
http://a1on.mk/wordpress/archives/163980


Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски на денешната прес конференција ја соопшти веста која ја чекаа граѓаните на нашата општина.
„Мнозинството советници изгласаа одлука со која жителите на Центар конечно ќе имаат неограничено бесплатно зонско паркирање на територијата на општината. Со ова се исполни едно од основните изборни ветувања“, рече Жерновски.

 
Во Вечер и во Дневник има написи за изјавата на Жерновски за бесплатно паркирање.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=62DE724422310448B1BA403FF3BD59DF
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=78C28D9FC55B264883346FF704D91DB1
Во Вечер е објавен и мој коментар кој гласи:

Смрт за зони и пајак возила, 12.06.2013 23:30:47

За сите граѓани треба да буде слободно и бесплатно паркирање низ цела Македонија. Јавните паркиралишта се добро во општа употреба и припаѓаат на сите граѓани. Постоењето на двете Јавни претпријатија е срамно и тие треба да се укинат. А директорите нека „ стопанисуваат и поштено заработуваат “ во своите дворови.
12.06.2013 23:30 | (3) | Like
[
 
Во Плусинфо е објавен напис во кој директорот на општинските зонаши вели: „ Ќе ги искористиме сите правни мерки и можности заедно со Општина Центар, да ги задржиме но и да ги прошириме паркизните со што ќе им овозможиме повеќе паркинг места на нашите жители - вели Богдановиќ.
Прочитајте сами што друго вели, но очигледно не му паѓа на ум престане со „ стопанисување и поштено заработување “.
Наводно се карат општинските и градските зонаши и како последица на тоа зоните се шират.
http://www.plusinfo.mk/vest/96222/V...-besplatno-kje-si-doplakjaat-samo-bogatashite
 
Во право беа тие што се сомневаа во искрените намери на новите општинските лешинари од Охрид. Победија на изборите ветувајќи укинување на зонско, организираа протести, се колнеа....., а сега повторно го воведуваат.
Работава е „ симни се мурта, да седне курта “
Еве како за тоа извести Охрид прес:
http://ohridpress.com/ohrid/8387-од-понеделник-ќе-се-наплаќа-паркирањето-во-центарот-на-охрид
 
Конечно, следната среда на 26. 06. 2013 Уставниот суд ќе ја разгледа мојата иницијатива за незаконската злоупотреба на блокатори на тркала (лисици ) и пајак возила.
Да се надеваме дека овој пат Уставниот суд ќе не спаси.
Инаку оваа иницијатива е поднесена во јуни 2011, што значи цели две години чекаше на разгледување.
Ако сакате можам да ја постирам, но голема е има 17 страни
Еве што е објавено на страницата на Уставниот суд

6. Членовите 45 до 56 од Одлуката за комунален ред во Градот Скопје („Службен гласник на Град Скопје“ бр.6/1998, 16/2001 и 5/2003) донесена од Советот на Град Скопје
Реферат У.бр.136/2011
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom